Buterfly
*Just Fabulous*
- Член од
- 4 јули 2006
- Мислења
- 4.616
- Поени од реакции
- 114
Прво зашто да бегам? Како што сегашноста е моја, така и минатото си е мое, какво такво. Ако бегам значи не сум доволно силна за да се соочам со нешто или едноставно се срамам од тоа што сум била. Зашто да се срамам? Луѓе сме, грешни сме и што? Учиме од минатото, создаваме сегашност врз основа на тоа минато, вака или онака. Никогаш неможеш да избегаш од нешто што си ти, или што си бил. Зашто да бегам? Не сум толк силна да се соочам со тоа што сум правела или тоа што сум била? Зашто да бегам од нешто што ми се случило, кога од тоа нешто можеби ми се сменил животот? Не сакам.
Да, точно, има такви реченици, но според мене тие искажувања се резултат на повреденост и разочараност, не на нешто што си бил и што не сакаш да бидеш. Многу пати го имам кажано ова, да, сакам да избришам нешто, едноставно извесен период да не мислам на одреден дел од минатото. Ама по никоја цена да бегам од тоа.Не знам точно, но често сум налетувала на мислења од типот : сакам нов почеток, сакам да заборавам на минатото, сакам да заборавам што се случувало...