Дали човек може да побегне од сопственото минато?

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Прво зашто да бегам? Како што сегашноста е моја, така и минатото си е мое, какво такво. Ако бегам значи не сум доволно силна за да се соочам со нешто или едноставно се срамам од тоа што сум била. Зашто да се срамам? Луѓе сме, грешни сме и што? Учиме од минатото, создаваме сегашност врз основа на тоа минато, вака или онака. Никогаш неможеш да избегаш од нешто што си ти, или што си бил. Зашто да бегам? Не сум толк силна да се соочам со тоа што сум правела или тоа што сум била? Зашто да бегам од нешто што ми се случило, кога од тоа нешто можеби ми се сменил животот? Не сакам.

Не знам точно, но често сум налетувала на мислења од типот : сакам нов почеток, сакам да заборавам на минатото, сакам да заборавам што се случувало...
Да, точно, има такви реченици, но според мене тие искажувања се резултат на повреденост и разочараност, не на нешто што си бил и што не сакаш да бидеш. Многу пати го имам кажано ова, да, сакам да избришам нешто, едноставно извесен период да не мислам на одреден дел од минатото. Ама по никоја цена да бегам од тоа.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
205
Поени од реакции
13
Да проба човека да избега од своето минато е исто што и безуспешен обид да избега од својата сенка.. колку и да се труди секогаш ќе биде чекор позади него...
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
Не може, за среќа/жал не може... Сето она што ни се случило, независно дали тоа е добро или лошо, не' прави нас она што сме денес, и како такво, не може да НЕ Е составен дел од нас.
 

Neporazen

Time Lord
Член од
25 јануари 2009
Мислења
545
Поени од реакции
22
Onie koi ne sakaat da begaat od minatoto navistina nemaat doziveano vistinska stresna situacija.Moe mislejne(ve molam bez navreda)
eve sto mislam jas za minatoto i spomenite.

Седам во мојата соба и го гледам часовникот.Го гледам големиот ѕиден часовник кој стои на ѕидот веднаш до мојот кревет.Седам така и гледам како сонцето кое доаѓа ноз малото прозорче ја лепи неговата сенка по ѕидот.Таа сенка прави фигури кои ме потсеќаат на моето минато.Ме носи тој часовник назад во времето.Но тоа е релативно.Јас сеуште седам во собата ,10 часот наутро.Сепак со милсите сум некаде далеку во моето минато.Се расдувам на убавите спомени ми останале во сеќавање.Таа сенка ги образува лицата од минатото.Сите стари пријатели ко судбината не разделила.Сега таа ми прикажува и некаква претстава.Таму сум и јас.Се гледам кога бев мал.Знам.Тоа е моето детство.Така се вика таа претстава.Ги гледам насмеаните лица кои го прават тоа време совршено.Тој часовник на спомените е посебен.Ми го даде мојата баба и ми рече дека тој секогаш ке ме потсетува не нешто.Еве, сега покажува една девојка.Која беше таа девојка немаше ни да се сетам ако го немав тој часовник.Ги гледам нејзините љубопитни очи како ми кажуваат дека ме сакаат.Тој часовник кај мене пробудува длабоко чувство на тага.тага која се обидувам да ја скријам во моето срце.Почнувам да се лутам на него затоа што сака да ме испровоцира.Не може реално да ме врати назад.Посакував да можеше да го врати животот за неколку години и да ги поправам сите грешки што сум ги направил.Му го кажувам тоа во мислите и тој со мисла ми одговара дека не може така,бидејќи божем ако не сум правел грешки во минатото ќе сум тагувал уште повеќе по него.
уфффффффффф.Гледам во сказалките кои сеуште стојат в место не с епомрднуваат.Се чудам што се случува.Го прашувам часовникот,тој не одогвара.И сенката се изгуби.А сонцето го замени месечината.Тоа си замина.Времто запре.Сега немам време, го немам часовникот на спомените а ако го немам него немам ни спомени.Сега станувам и избезумено го барам времето дасе врати.Го нема.Го барам времето за кое порано мислев дека е залудно.Го барам мојот живот назад кој порано го бракав да си оди.Дури сега почнувам да мислам дека каков таков животот не постои ако нема спомени.Часовникот на спомените сакаше само да ми каже да продолжам со мојот живот и да го заборавам минатото затоа што тоа е само илузија тоа не постои, а иднината ќе постои.Тој часовник ме научи да не си играм со времето и да ја живеам сегашноста онаква каква што е.Но сепак сеуште тагувам по мојот часовник на спомените затоа што без него не се сеќавам на ниеден спомен,
на ниту еден убав спомен.
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
One who doesn't understand history, is doomed to repeat it.
Минатото ни служи како потсетник и на доброто и на лошото, и како учителка истовремено треба да учиме од сопствените грешки во минатото за да бидеме подобри во иднината.
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Дали човек може да побегне и да го избрише сопственото минато?

Без разлика на спомените добри или лоши, дали човек може да направи присилна амнезија, да избрише се и да почне од некој нов почеток каде нема да се сеќава и ќе заборави на она што го правел порано и да биде друг човек?

Дали може да се побегне од минатото или тоа е нешто што вечно ќе го прогонува човекот?
може.. ама многу е тешко.. јас успеав... ама делумно.. неможам да заборавам шо сум правел и шо се дешавало.. ама сепак сум друг човек.. едноставно тоа минато не допира сега до мене го преболев се помирив си продолжив.. сменив целосно карактер и друштво.. буквално успеав се да променам освен ликот во огледало.. тоа е тоа.. сеа е боље.. ке видиме како ке иде понатака..
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
ti si drug covek poradi tvoeto minato, ako stvarno si go zaboravil(bukvalno) ke si ostanel istiot samo bez odreden period od tvoeto minato.
 

PokerFace

I'll never be the same..
Член од
30 март 2009
Мислења
1.212
Поени од реакции
623
Да го заборавиме минатото не можеме .. можеме да го потиснеме(или кога-тогаш тоа ќе не потисне нас), да се соочиме со него, но да го заборавиме не можеме.
Можеме да заборавиме некоја случка на одредено/кратко време, но сепак секогаш ќе има нешто што ќе не потсети на тоа нешто.

Без минатото човекот ќе ги повторува истите грешки поради кои тој ќе сака да го заборави минатото ...
без минатото т.е без да го има кој да го потцети тој ќе страда повторно ..
затоа човекот не може без своето минато!

може.. ама многу е тешко.. јас успеав... ама делумно.. неможам да заборавам шо сум правел и шо се дешавало.. ама сепак сум друг човек.. едноставно тоа минато не допира сега до мене го преболев се помирив си продолжив.. сменив целосно карактер и друштво.. буквално успеав се да променам освен ликот во огледало.. тоа е тоа.. сеа е боље.. ке видиме како ке иде понатака..



Ти своето минато не си го заборавил ... ти си се соочил со него.
Си сватил дека се што правиш е погрешно и дека сепак треба да почнеш одново и моментално тоа го правиш т.е. вртиш нов лист ... почнуваш од почеток.
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Да го заборавиме минатото не можеме ..


Ти своето минато не си го заборавил ... ти си се соочил со него.
Си сватил дека се што правиш е погрешно и дека сепак треба да почнеш одново и моментално тоа го правиш т.е. вртиш нов лист ... почнуваш од почеток.
прво да се заборави може :).. постои амнезија...
друго се соочив.. ама не сега.. во минатото.. тоа донесе на едно нешто шо се вика свртен лист и лоши спомени кои полека полека се истиснуваат од мојата глава..
 

PokerFace

I'll never be the same..
Член од
30 март 2009
Мислења
1.212
Поени од реакции
623
прво да се заборави може :).. постои амнезија...
друго се соочив.. ама не сега.. во минатото.. тоа донесе на едно нешто шо се вика свртен лист и лоши спомени кои полека полека се истиснуваат од мојата глава..


Абе има и некои си терапии и перење на мозокот и слични срања кои демек ќе те натераат се да заборавиш ...
добро можеби и е точно али не верувам дека ЗАСЕКОГАШ ќе заборавиш СЕ ...
сепак мислам дека некогаш ќе има нешто што ќе те потсети на некоја случка од минатото и можеби тоа нема да ти ја врати меморијата, но сепак ти ќе се присетиш на некој дел.
Тоа што сакав да кажам е дека минатото не може да се заборави колку и да сака некој :smir:
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Абе има и некои си терапии и перење на мозокот и слични срања кои демек ќе те натераат се да заборавиш ...
добро можеби и е точно али не верувам дека ЗАСЕКОГАШ ќе заборавиш СЕ ...
сепак мислам дека некогаш ќе има нешто што ќе те потсети на некоја случка од минатото и можеби тоа нема да ти ја врати меморијата, но сепак ти ќе се присетиш на некој дел.
Тоа што сакав да кажам е дека минатото не може да се заборави колку и да сака некој :smir:
абе буквално да заборавиш не.. ама да заборавиш на болката од одредени бедни случки моеш
 

Малата

Smile..It Confuses People
Член од
2 јуни 2009
Мислења
40
Поени од реакции
3
Не може да се заборави ниту да се врати времето и да се промени
ама треба да сфатиме дека колку побрзо сфатиме дека од минатото не се живее ќе продолжиме напред ,едноставно ставете си нови цели за кои вреди да се будите заборавете на оние луѓе кои што ве повредиле и ве прават тажни започнете нова страна сепак никој не е повреден од вас самите!
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Не може.Може да надмини но не и да заборавиш.Тоа што сме денес е благодарение на тоа наше минато..
Но ако веќе толку сакаме да го заборавиме,без разлика што и да направиме,секогаш другите се тука за да не потсетат што сме биле.
Значит бегање нема...
 

Сталин

Висарионович
Член од
24 декември 2008
Мислења
239
Поени од реакции
11
Не може да се побегне. Човекот во текот на животот се менува не забележително, велам само за карактерот и неговите верувања и гледање на живото. Благодарение на искуството човекот станува таков каков што е. Не може човек да го избрише минатото и воопшто да не се сеќава на него бидејќи има лоши спомени или друго. Секогаш ќе има нешто што ќе го потсетува на некоја случка која ја поминал во неговото минато.
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
105
Поени од реакции
37
Никој не би можел да го заборави своето минато .. Тоа би изгледало како да се обидуваме да заборавиме некој дел од нас ..
Треба да се обидеме на пролжиме напред колку и да ни е изгледа тешко .. и да сме горди на нашето минато без разлика дали е болно или не ..
Сепак тоа ќе остане дел од нас .. како една трага од нашиот живот што го живееме ..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom