Повредата на Руни сигурно е голем удар за тимот, ама не треба да се сфати како катастрофа од светски размери, прво зошто ќе се врати за со Фулам викендот и второ што играме дома со одличен резултат од Милано. Сите што барем малку подолго следат фудбал знаат дека формата на клубот во лигата не секогаш се прелева и во ЛШ. Поентата ми е дека Јунајтед сигурно нема да ја повтори играта од вчера и во среда. Огромно влијание ќе има домашниот терен, мотивацијата конечно да им се возврати на Милан и секако важноста на мечот.
Крајниот исход нема да зависи од Милан, туку главно од нас. Ние играме дома и ако уште на почетокот им покажеме кој е газда на Олд Трафорд сигурен сум дека ќе поминеме понатаму, ама ако имаме недисциплина, глупави индивидуални потези (мислам на Нани), грешки на средината ќе направиме од готово вересија. За тимот мислам дека задната линија ќе биде ОК со ВДС на гол, Евра, Рио, Видиќ и евентуално Рафаел (вчера беше на клупа). Е сега за средниот ред факт е дека ќе играме 4-5-1 со евентуалното отсуство на Руни. Мислам дека ќе ги видиме Парк и Валенсија по крило, Флеч, Сколс и Гибсон во средината и Берба осамен во напад.
И да, во среда обавезно кој може да дојде во Шенклис, ќе има 4-5 големи знамиња, шалови и дресови низ целиот паб и најверојатно Анти-Глејзер флаери на масите, како и сакаме да дискутираме за проширување на навивачките реквизити кои верувам дека сите ќе ги интересира кога ќе чујат за што се работи.