- Член од
- 17 февруари 2009
- Мислења
- 728
- Поени од реакции
- 60
Немојте да верувате во секоја изјава и на Манчестер и на Партизан. Ова го велам затоа што изговорот дека сме во финансиска криза, не држи место, а исто и со работната дозвола. Единсвено има логика муабетот дека ако дојде, ќе нема на чие место да игра извсно време. Навистина моментално во Манчестер има голема конкуренција за клупата, а да не дискутираме за првиот состав. Сепак не значи дека е се завршено со Љајиќ. Таквите изјави можат да бидат дел од некоја тактика во реализацијата на одреден трансфер. Никој не гарантира дека утре нема некоја друга изјава да прочитаме и да се случи обратното. Денес медумите служат за шпекулација и реализација на одредени цели. Сите војни во светот денес се водат со медиумски кампањи. Па кога е така, зошто да не се употребат медиумите како тактички фактор во реализацијата на еден трансфер. Земајќи ја во предвид мудроста, знаењето и искуството на Ферги во вакви работи, ништо не ми е чудно. Времето ќе покаже дали ова е нешто за да ги збуни сите особено конкурентите, или навистина се се случува онака како што се запознавме досега. Едно е сигурно, во Манчестер Јунајтед нема никаква финансиска криза за десеина милиони.