Од она што го читам цел ден по интернетов утре изгледа ќе играме отприлика вака:
На голот изгледа ќе биде Фостер, гледам ВДС не тренирал денеска
Во одбраната најверојатно со истите четворица со кои игравме против Евертон: Евра-Видич-Браун-Рафаел. Поради повредите, други дефанзифци и нема на располагање Фергусон, а гледам и Де Лат го оставил со
резервите кои вечерва го победија Хал со 2-1
Во средниот ред се најавува старт на Обертан, Гибсон и Парк. Андерсон не настапи против Евертон, така да очекувам тој да ја комплетира средината.
Во нападот, Фергусон не исклучува да започнат и Македа и Велбек, меѓутоа и Руни и Овен и Бербатов се фит и спремни за игра, така да, имаме опции во нападот.
П.С. Тошич повторно не е во поширокиот состав за утре, играше вечерва со резервите и со неговите 2 гола победија нашите.