Не знам дали е баш за овде прашањево ама ај морам негде да го напишам. Значи барам барем еден, а пожелно е двајца цимери за во стан во Аеродром. Ние бевме 4 ама сега после нова година двајца си одат поради немање работа и остануваме двајца, а газдава бара фиксно 200 евра за станот без разлика дали седат двајца или четворица. Станчето е супер, со две соби со по два кревети, дневна со телевизор, кујна со трпезарија со голема маса и купатило. Има парно, кабелска, интернет и се наоѓа одма позади Веро (Аеродром), на 6-ти спрат, има и лифт. Значи за 4-ца иди по 50 евра од човек и плус сметки кои досега за 5 месеци колку што седам не надминаа 1500 ден. по човек. Значи се на се иди по 4500 ден. трошок месечно што верувам е доста поволно. Може и студенти, може и вработени. Разгласете по другари, по пријатели ако бара некој стан ова она. Ако не најдиме барем еден човек ќе мора со сегашниов цимер да бараме помало станче за двајцата.