Како Македонија економски да закрепне? Ваши мислења и предлози

Член од
7 декември 2008
Мислења
81
Поени од реакции
3
Не сум експерт за економија , ама мислам дека економски развој може само со јака даночна и фискална контрола (ама буквално за сите, да не се исклучуваат мои, твои и блиски фирми на власта) , каматна политика з кредити на банките, пр.:
за производство - 3%
за трговија - 6%
за услужни дејности - 12%
Па да се преориентираат сите на призводство, а не на купи продај систем...
Потоа данок од добивка по истата шема, пример, во Канада има скала на оданочување , според висината на приходот.Тој што заработува минимална плата не плаќа данок од добивка, како оди повисоко платата, така и поголем данок се плаќа на државата. А данок на имот , минимален за производен објект, а максимален за недвижен имот
(пресметан по квадратура на имот)
А сега, денес отварам фирма, за месец дена градам куќа, луксузна кола се подразбира, а данок?
А кога ова би се средило, ќе има и работни места, сите би оделе на производство, а ќе има и солидна помош за невработените, кои би биле во многу мал број...
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193

Треба обратно со бројките бе,како може со само 3% камати за производителите да преживее оваа Административна држава.Каде е тука ќарот за банкарите?Зошто да се отвараат нови работни места кога може да си поуживаме вака без работа?Ем ќе ни биде подолговечна и поздрава нацијава,нека работат другите за нас,а ние ќе си пиеме кафе и тутун па азното само ќе ни дојде,оти од работа само грпка се печалело.:smir:
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270

Треба равни камати за се.
 
sickjoce

Ненормален
Член од
30 јуни 2007
Мислења
1.231
Поени од реакции
337
Дури и да се превземат сите мерки кои се потребни за економскиот развој на нашата држава ќе и треба повеќе од 5 години за да закрепне..
 
Член од
7 март 2009
Мислења
247
Поени од реакции
32
Дури и да се превземат сите мерки кои се потребни за економскиот развој на нашата држава ќе и треба повеќе од 5 години за да закрепне..
5? :vozbud: И после ке кажат немало оптимисти во Македонија.

А за да се подобри ситуацијата:

1. Рез во администрација( сите кога сме биле во Болница сме виделе колку работи нашата администрација)
2. Подобро образование. Ако немаме добро образование тука, тогаш државата нека ги финансира најталентираните да се образуваат во странство. И нормално да ги привлече да работат во Македонија иначе какво фајде од тоа.
3. Владеење на правна држава. Без тоа никој нема ни да помисли да инвестира( освен инвестиции како Сведмилк чија намера е да УКРАДАТ и да ИЗБЕГААТ)
 
Член од
18 февруари 2009
Мислења
56
Поени од реакции
2
Оп оп сте ја утнале малку работава
Јас сум на фах. и студирам економија па ке ви објаснам на кратко како се води добра економска политика.
Како прво не треба да се чека од владата и државата за градење на фабрики
Како второ треба да се води добра фискална и монетарна политика во зависност од условите во општеството
И како трето треба да се направи простор и терен за приватниот сектор бидекќи тој е двигателот во економијата но во мк е познат (crowding out) ефектот што значи државата го истиснува приватниот сектор и го става на страна.
Заклучок превентива во државата треба да бидат доколку приватниот сектор не е развиен да се помогне во инвестирање во енергетскиот сектор,комуникацискиот и инфракструктурата а другото кога ке се има вишак на пари.
Има мн работи но кој сака определено објаснување нека пише ке добие одговор за 24 часа.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Па за почеток не ќе биде лошо експертиве наши да ја прочитаат се повеќе и повеќе бараната книга во светот
Не ќе биде лошо за почеток и оние кој што студираат економски (а според подфорумот образование ги има многу) да отворат еднаш барем економија форум:smir:
Освен томасо,друго дете немам прочитано.Како може да не ги интересира областа која ја студираат?Па да постават проблем,па да дискутираат,да проверат до каде се и слично.Вложуваме во млади кадри,за да бараат бизнис планови готови,прашања од професори,а ниту еден не се заинтересирал за економијава во земјава.Навистина чудно.
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Не ќе биде лошо за почеток и оние кој што студираат економски (а според подфорумот образование ги има многу) да отворат еднаш барем економија форум:smir:
Освен томасо,друго дете немам прочитано.Како може да не ги интересира областа која ја студираат?Па да постават проблем,па да дискутираат,да проверат до каде се и слично.Вложуваме во млади кадри,за да бараат бизнис планови готови,прашања од професори,а ниту еден не се заинтересирал за економијава во земјава.Навистина чудно.
Они се премногу напредни за тоа, па затоа дискутијата за економијата им ја оставаат на другите ескперти како средношколци со партиски книшки, студенти по архитектура, новокомпонирани разно разни патриоти и после ќе жалиме што ни тоне економијата.
Сакам да кажам дека не смеат и да помислат да напишат нешто особено ако не е во согласност со партиските мислења инаку веднаш се напаѓани им се лепи етикета СДС, Сорос, антимакедонец, славомакедонец и што уште не.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Они се премногу напредни за тоа, па затоа дискутијата за економијата им ја оставаат на другите ескперти како средношколци со партиски книшки, студенти по архитектура, новокомпонирани разно разни патриоти и после ќе жалиме што ни тоне економијата.
Сакам да кажам дека не смеат и да помислат да напишат нешто особено ако не е во согласност со партиските мислења инаку веднаш се напаѓани им се лепи етикета СДС, Сорос, антимакедонец, славомакедонец и што уште не.

И мене секогаш ми лепеле етикета.Кога беа сдсм на власт бев тврдокорна вмровка,денес сум забегана комуњарка.Но тоа не ме спречи да пишувам,нити да изградам свој став за нештата.
Тоа се кадри кои утре треба да ја водат економијата,да даваат експертиза и совети.со оваа незаинтересираност се плашам дека тврдењата за трулото образование се вистинити.
 
H

^HITMAN^

Гостин
1.Кастрење на администрацијата(на змејот мора да му се исече главата) - прво и основно,

2.Вистинска и решителна борба со корупцијата.

3.Стимулирање на домашните компании со поволни кредити наспроти трчање по странски инвестиции кои никаде ги нема поготово во време на глобална криза.

4.Поголеми субвенции за компаниите кои се даватели на вработување и поттикнување при имплементација на светски стандарди во процесот на работењето,за земјоделците(загарантиран откуп преку лиценцирани трговски компании како би се избегнал хаосот и би се заштитиле земјоделците од самоволието на трговците).

5.Намалување на даноците, и на бирократските процедури за основање и работење со фирма, конечно да профункционира едношалтерскиот систем и ажурна а не трома администрација.
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Воведување на социјализам а не склупутрализам !
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Ревизија на приватизацијата и поновно прераспределба на ресурсите, односно тоа што го приватизираа малкумина сега да се префрли кај мнозинството, можи тоа да се направи преку ваучери со одреден критериум.
Комплетна реформа на судството, ако некаде има блиски роднини како пример татко обвинител син судија на двајцата да им се удрат клоците од таму. Па да видиме стечајните управници кој како работел кој треба да си лежи затвор да си лежи конфискација на имот итн.....
 
Тоа би ја направило Македонија во најблага форма - Венецуела. Тоа просто значи национализација па препродавање на компаниите. И јас би сакал да се врати времето, но неможе. Тоа што ти го зборуваш би довело до целосна изолација на Македонија од светот и ниту една странска компанија не би инвестирала овде а нити пак домашна, т.е. БИ УМРЕЛЕ ЗА ЛЕБ СИТЕ НИЕ ОВДЕ!!! Тоа е гадна порака што би се пратила во светот дека сме несериозна држава, дека утре ако ни текне пак ке ги национализираме фирмите и пак ке ги избркаме компаниите.:pos2: Не оди тоа така.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom