КАКО ДА МРДНЕМЕ?
Има само два начини за подобрување на конкурентноста. И излез од оваа губитничка позиција на македонските компании!?
Првиот начин е девалвација на курсот на денарот! Малку е веројатно дека политичките елити ќе го прифатат ова оти на овој начин директно им се поткопува политичката позиција во Владата! Ќе го прифатат ако мора – ако има шпекулативен напад врз денарот и нагли одлив на капитал од земјата!?
За девалвација секогаш се заинтересирани големите извозници и академската елита! Против се јавноста (која не разбира многу), дел од академската заедница, како и НБМ (чиј гувернер едноставно не сака да го боли главата)! Секогаш е добро платен... Да молчи!
И сега, ако девалвација не доаѓа предвид, тогаш за зголемување на конкурентноста, секако, останува само внатрешна (интерна) девалвација на денарот!? Што е сега тоа?
Тоа е кратење на трошоците на работење на сите нивоа - и во компаниите и во Владата (кратење на државните трошоци)!? Намалување на Буџетот...!!! Намалениот дел да оди за стимулации – за зголемување на продуктивноста, квалитетот на производите и за поддршка на извозните стратегии на добрите компании (ќе пишуваме пошироко за ова во наредните денови).
Но, внатрешната девалвација секогаш е зависна од подготвеноста за структурни реформи на една влада. Во македонскиот случај структурни реформи, Владата никогаш во двете децении независност не ги спроведе... Кои се тие реформи:
Прво, реструктурирање на јавната потрошувачка (намалување на јавната администрација и другите големи непродуктивни трошоци преку Буџетот). Големи заштеди се во прашање!?
Второ, реформа на судството (борба со корупцијата) (Овде сме катастрофално слаби).
Трето, средување на регистрите (овде сме одлични во последните години).
Четврто, искрени реформи во јавните претпријатија кои освен што се големи трошаџии, се и потенцијално дувло на државен криминал (Во овој дел имаме огромни трошоци и многу криминал)!!!
Петто, реформа на локалната самоуправа.
Шесто, декартелизација и демонополизација на општеството (мора да се спроведе).
Седмо, производна и извозна ориентација на компаниите и економијата, воопшто, со голема помош на државата (Владата)! (Државата мора да се освести и да покаже подготвеност да влезе во балканската битка за освојување пазари од страна на силни македонски компании и холдинзи – кои ќе бидат создадени, ако треба и со јавно-приватно партнерство!!!
Извор:
КАПИТАЛ