Како Македонија економски да закрепне? Ваши мислења и предлози

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Сите на сеир сте ја свртеле,нормално кога зборуваме за Македонија.Ај јас ќе се потрудам да бидам озбилна:smir:
Прво консолидација на редовите.Славевски аут колку што може побргу.Ребаланс на буџетот,исфрлање на стапките за реклами и непотребна култура,ние и така сме културни.Стапките за земјоделците остануваат,остануваат и проектите за изградба на инфраструктура кои заедно со парите што ги чекаме од ИПА ќе завршат работа.Предвидувањето да се качи за 10 степени погоре во врска со полнење и празнење на буџет.Колку пари,толку музика за оваа и наредната година.Монетарната ќе олабави малце,ако фискалната се смири.Ќе паднат и каматните стапки,ќе почнат повторно да се зајмуваат средства од стопанството,бидејќи кај нас нема инвестиции од амортизација туку од кредити.
Странските инвестиции и да ги молиш годинава не идат,никој не влегува на ниту еден пазар.Затоа ќе мораме внатрешно да се собереме.Инфраструктурните проекти на домашни компании,се што се инвестира,макар и шмизли на улица на домашни субјекти,никако на странец.Протекционизмот во глобална криза дава поени и така никој во глобална смисла не е зависен од нас.
Државната администрација која влече милијарди никој нема гз да ја поткине.Епа неможе бе со милиони вработени кој незнаат компјутер да уклучат ниту странски јазик, да буткаш држава напред.
Земјоделството е примарна гранка.Организиран извоз со стимулации,потикнување на гранките кои носат најмногу доход,јаблока,вишни,јаготки и слично.Организиран од страна на самите земјоделци,никако од државата,зошто се ќе искрадат.
Енергетскиот систем да се реши,можеме и сами да си произведуваме енергија.Луѓе кои знаат да напишат проекти треба да седат таму,да аплицираат по финансиски институции,државата како коопартнер.
Стратегија на фиксен девизен курс да се напушти,нека се префрлат на контролиран флексибилен курс.Денарот неможе вака вечно да оди (ова после кризата,дотогаш никако менување).
За иднина:Металургијата да се дигне на нозе.Да се активираат сите капаците за преработувачка.Во останатите сектори да се стимулира готов производ кој ќе се извезува како што е индустријата за конзервирање.Земјоделството организирано.Активно лобирање за инвестиции.За големи корпорации кој ќе вработат над 1000 луѓе поволности (земјиште,комуналии,струја,даноци).И за македонски кој ќе вработат 1000 исти услови.
Туризам:На Струга поголемо внимание,посредени плажи (давање на концесии на прави проекти).Охрид на сите туристички мапи,агитирање,попусти ,пакети,програми,поцврста контрола за плаќање данок за изнајмување.Меѓугранични проекти со Албанија,да се пушти најавената линија по Охридското езеро.
Да се спречи вработувањето на неспособни и политички пациенти.Вистинските луѓе на вистинското место,економист во економска служба,правник во правна служба,доктор во медицинска.
Да се намалат трошоците за избори,на што личи ова секоја година избори.
Да ги оствариме сите критериуми за влез во ЕУ,мастрихт да им биде целосно завршен.Така себеси ќе си помогнеме,макар и не влегле во ЕУ,со тие критериуми ќе направиме вистинска преродба.
И ако ми текне уште нешто ќе допишам.
 
Член од
8 април 2009
Мислења
4
Поени од реакции
0
otkazi takanareceno tehnoloski

deneska vo fabrika za kabli se dodeleni 70 otkazni resenija na ime tehnoloski visok a momentalno taa raboti so polna parea. zakonot za rabotni odnosi mu dozvoluva da se otpusta koj koga saka:nenene:
 
Член од
22 јули 2008
Мислења
819
Поени од реакции
26
Kako prvo vladata da pocne merkite da gi primenuva pocnuvajki od samata sebe i od administracijata koja vo drzavava e preobemna i nedelotvorna zaradi svojata preobemnost.

Znaci prvata merka e koja mora neodlozno da se napravi kratenje na administracijata za najmalku 40% e sea dali ke gi penzioniraat tie lugje ili ke gi prekvalifikuvaat toa treba vladata da go odluci i nejzini ekspertski timovi koi mora da se formiraat.

Potoa treba od vekje skratenata administracija da se skratat i platite za 40% i toa pocnuvajki od platite na premierot pa se do obicniot cistac vo nekoe uciliste.

Znaci kratenje na platite spored visinata na istite na primer 40% da se krati platite koi preminuvaat 30 000 pa 30% da se katat platite koi preminuvaat 20 000 i taka natamu.

Duri kako primer bi trebale site od vladata i parlamentot da si gi skratat platite i troskovite za 50% dokolku bi imale malce svest kako sto ja nemaat i tie pari da gi iskoristat za dobrotvorni i socijalni celi.

Isto taka da se namalat i troskovite na administracijata za 50% za materijali i javni nabavki koi gi imaat instituciite na drzavata.

I sekako da se stopiraat site basnoslovni i kapitalni objekti koi nemaat ekonomska isplativost kako sto se kupolite na sobranieto,muzeite na VMRO,filharmoniite,crkvite, i drugite promaseno proekti koi gi najavi premierot ni Gruevski.

Toa bi bile po moe mislenje najosnovnite i najitnite merki koi bi trebalo ovaa vlada da gi uvede za da se spravi so ovaa kriza koja neminovno i kaj nas si zima svoj danok.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Како прво несогласувањата во државата кои ги прават Албанците да престанат.Да почнат да се градат институции каде ќе се вработат многу луѓе,но под услов да не ги тргнат оние од другата партија како вообичаено се прави.Спорот со името да се реши и да ни се отворат вратитие кон ЕУ а со тоа инвестициите ќе пораснат.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Треба владата да да емитува поголем број на благајнички записи со камати од 10-15% барем за 2-3 милјарди евра,за да можат банките на нашите млади “олигарси“ да ги купат истите и да ќарат некој денар.Зошто да се земаат средства од ММФ со камата од 1-2% кога може со 10% од “домашни извори“?
Како инаку чичко Штерјо,Трифун,Свето,Симон,Камче,Хари или Миле.....ќе можат да печалат дивиденди од златните акции кој ги поседуваат во нашите лихварници ..упс,овај “банки“ де?
Еве овие “будаливе“ Турци ќе земале некои 45 милјарди долари кредит од ММФ и цело време се чудам зошто не послушаат некој од нашиве економски “експерти“ што беа буквално протерани од странство за да седнат во Македонски министерски фотељи?:toe:
http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=49915&mid=1500&tabId=1&tabindex=0
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Tреба да почни државата да печати евра наместо денари.
Така да наместо денар да се воведи евро како валута во Македонија а курсот да се напраи 1:1 така да најниска плата да биди 4000 евра (наместо досегашни 4000 денари) а просечна плата околу 15.000 евра (наместо денари). Така одма ќе се напрајме најјаката земја на свет.
Ни да му бараме на европјаните кредити ни да ги молиме. И да се отпечатат и евра за да им се вратат сите кредити и борчои.
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
Големите банки веќе ги поскапуваат кредити, ги зголемуваат каматите. Промените што ги направија банките се движат до 2%, доволно за да се набилдаат давачките на задолжените граѓани.
Од денеска нови поскапи кредити, најави Стопанска банка. Еве како изгледаат новите каматни стапки. Од 11,9 на 13,9% се зголемуваат каматите за станбен кредит, обезбеден со хипотека.
Зголемување на каматата од 9,9% на 11,9% за станбен кредит обезбеден со залог на обврзници. Граѓаните кои имаат потрошувачки кредит до 300 илјади денари, а кои досега имаа камата од 15%, следната рата за кредит ќе ја отплаќаат со камата од 16,75%.
Се покачија каматите и кај сите кои поседуваат кредитни и дебитни картички.Овде покачувањето достигнува и до 3%.
И останатите две големи банки, Комерцијална банка и НЛБ Тутунска банка, најавија поскапување на кредитите.
Од Комерцијална велат дека новите, повисоки камати ќе стасаат од 01 мај. Покачување на каматите ќе има кај сите видови кредити и тоа ќе изнесува најмногу до 2%. И НЛБ Тутунска банка најавува поскапување на кредитите до 1,5%.
Ова зголемување на каматите кај деловните банки, беше очекувано, откако НБМ ги покачи каматите на благајничките записи, со образложение дека така го брани курсот на денарот. Потег што следуваше откако министерството за финансии и конкурираше на НБМ со повисоки камати за државните записи.


ако кредитирањето на стопанството и почеток на бизнис беше предуслов и за намалување на невработеност, оваа мерка ќе му задеде удар на истото.


тешко време доаѓа.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Како прво несогласувањата во државата кои ги прават Албанците да престанат.Да почнат да се градат институции каде ќе се вработат многу луѓе,но под услов да не ги тргнат оние од другата партија како вообичаено се прави.Спорот со името да се реши и да ни се отворат вратитие кон ЕУ а со тоа инвестициите ќе пораснат.
Вака многу добро звучи,но прашањето е како тоа да го направат тоа?

Огледало,Господ нека ни е на помош.Како ќе ги отплатиме кредитите не ми е јасно.Славески издади уште една серија со 38% камата,бел ден да не видиш да даде горнион.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Ајде чичо Трајче,уште некое емисивче,само немој под 10% камата,нема чар за банкарите ебаго.:pos2::pos2:
 
Член од
22 јули 2008
Мислења
819
Поени од реакции
26
Ајде чичо Трајче,уште некое емисивче,само немој под 10% камата,нема чар за банкарите ебаго.:pos2::pos2:

Ako ne soberat pari za isplata na plati i penzii na administracijata i penzionerite i taa epizoda ke ja gledame.

Ne daj boze da ostaneme bez kredit od MMF ima kamatite cicko Trajko da gi kaci i na 20% samo za da si napolni kasickata.
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
Вака многу добро звучи,но прашањето е како тоа да го направат тоа?

Огледало,Господ нека ни е на помош.Како ќе ги отплатиме кредитите не ми е јасно.Славески издади уште една серија со 38% камата,бел ден да не видиш да даде горнион.
мене од унибанка веке ми стигна писмо каде ми најавија дека од 1 мај кредитот ке ме костал 100 денари повеке по рата, него главниот проблем е што мене ми требаше уште еден кредит ова лето од околу 5000 евра, ќе разгледувале ми рекоја ама според службеничката тешка работа да се добие иако сум бил совесен подмирител на кредитот, нивни редовен муштерија( всушност со таа банка само и работам) и потенцијален исполнител на условите за кредитирање...едноставно не им се даваат кредити.

на крај краишта индиректно можеби и услуга ми прават ))))
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Да се пратат багери да се срамнат со земја сите дискотеки,кафичи и ноќни клубови и да се регрутира пијаната адолсцентска багра во земјоделска задруга.
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
мене од унибанка веке ми стигна писмо каде ми најавија дека од 1 мај кредитот ке ме костал 100 денари повеке по рата, него главниот проблем е што мене ми требаше уште еден кредит ова лето од околу 5000 евра, ќе разгледувале ми рекоја ама според службеничката тешка работа да се добие иако сум бил совесен подмирител на кредитот, нивни редовен муштерија( всушност со таа банка само и работам) и потенцијален исполнител на условите за кредитирање...едноставно не им се даваат кредити.

на крај краишта индиректно можеби и услуга ми прават ))))
neka kreditot ti bide poslednata opcija sekogas
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
мене од унибанка веке ми стигна писмо каде ми најавија дека од 1 мај кредитот ке ме костал 100 денари повеке по рата, него главниот проблем е што мене ми требаше уште еден кредит ова лето од околу 5000 евра, ќе разгледувале ми рекоја ама според службеничката тешка работа да се добие иако сум бил совесен подмирител на кредитот, нивни редовен муштерија( всушност со таа банка само и работам) и потенцијален исполнител на условите за кредитирање...едноставно не им се даваат кредити.

на крај краишта индиректно можеби и услуга ми прават ))))
Ќути несакам ни да размислувам како ќе ни го изгорат газот.На таа наплива од кредити,Трајче дрварчето мамето ни го еба со неговата простоќа и немањ елементарно познавање од економски движења и предвидувања.
За да го одржи денарот стабилен,а тоа значи да го смири трале со забегувањата,Гошев ќе оди и до 200% камата.Самата изјава го говори тоа:нема цена за да го задржам денарот стабилен.Ми текна на еден пример како нашиов, Ирска се најде во ваква ситуација и каматните стапки ги дигна на 200%.Ниту ова не беше доволно да ја одржи стабилна валутата ирската влада.Ќе испоцркаме како кучиња.
 
R

RAYTHEON23

Гостин
Да конечно веќе еднаш владата ги засука ракавите и почне да си ја работи работата за која е избрана и платена:toe:
TOCNO i pritoa da izbere posamokriticni ministri.

isto taka TREBA ednas zasekogas da se resi tromavoto sudstvo i pravoto na sopstvenost.
da se prezemat pozestoki merki protiv mitoto i korupcijata kako i poseriozni kazni...ako inflacijata e kancer za ekonomijata togas korupcijata e tumor za samata ekonomija i opstestvo.

poddrska na izvozno orientiranite kompanii kako i tie koi proizveduvaat napredna tehnologija kako mikrosam hajtek i dr.

i sekako treba da se ima ist arsin za site stranski investitori a ne samo davaj gaz pa secenje lenti pa lopati i slikanje.

i konecno treba stabilna energetska politika koja e preduslov i toa kako vazen...bi bilo dobro na primer gasifikacija na TEC negotino.

Да се пратат багери да се срамнат со земја сите дискотеки,кафичи и ноќни клубови и да се регрутира пијаната адолсцентска багра во земјоделска задруга.
navistina makedonija ima uslovi za zemjodelie...no kaj nas e ekstenzivno seuste a i prerabotuvackite kapaciteti se katastrofa, gubrivata se relativno skapi oti se voglavno uvezeni ili generalno zemeno zemjodelieto e bukvalno zavisno od stimulaciite i pomosta na vladata barem vo uslovi koi gi imame nie denes DA ZASTANE NA NOZE a potoa samo po sebe ke se krene no naseto zname e ventilator pa taka da ne gi gree nasadite tuku gi ladi i zatoa ne go biva:toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom