Како Македонија економски да закрепне? Ваши мислења и предлози

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
„Најтешките денови за македонската економија допрва доаѓаат, заклучија учесниците на дебатата „Пазарните економии под притисок“. Ја повикаа Владата под итно да преземе мерки за поттикнување на извозот, за намалување на рекордно високиот трговски дефицит.“

Сигурно ја мразат власта експертиве,они ќе му кажуваат на Славески и Грујо како да се раководи економијата во земјата,мочковци едни низаедни:)
 
R

RAYTHEON23

Гостин
slaveski e ekspert a gvujo ne nosi KON IZLEZOT...gosev zapocna vojna kakva sto ne mozeme da zamislime ni vo STAR WARS za da go odrzi denarot....kombinacija smrti-vo ekonomskiot domen...mada gwujo ne e tolku:toe:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Не навлегувам во политичките одлуки,мислења и ставови на набројаните личности.Но можам да ги оценам економските потези на набројаниве,бидејќи кај нас економијата е исполитизирана и тешко можеш да критикуваш економија без носител.
Гошев ги има сите варијанти во игра.Од една страна му тежи очекуваната девалвација,од друга страна неможе да се разбере со финансиеров и каматните стапки,а од трета страна шпекулативните напади врз нашата валута се зголемија,четврто знае дека ги осиромашува граѓаните уште толку,петто сака да ја смени стратегијата а незнае која да ја одбере и шесто си бира јамка за на врат дилемата му е во која боја:)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Буџетот на Република Македонија за 2009 година се состои од:
во илјади денари
I Вкупни приходи, 153.215.000
и тоа:
- изворни приходи 147.630.000
- капитални приходи 2.537.000
- донации 3.048.000
II Вкупни расходи, 164.797.000
и тоа:
- утврдени намени 164.497.000
- резерви 300.000
III Дефицит 11.582.000
од тоа:
Приливи 19.689.000
-домашни приливи 8.550.000
-странски кредити 7.155.000
- депозит 3.984.000
Одливи 8.107.000
-отплата на главнина 8.107.000
--------------------------------------
БУЏЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА 2009 ГОДИНА
Фискалната политика во наредната година рефлектирана преку Буџетот на Република Македонија за 2009 година во основа ќе биде насочена кон интензивирање на продуктивните инвестирања во стратешки капитални проекти, како единствен начин во справувањето со можните последици од глобалната економска криза и рецесија.
Вака дефинираната фискална политика ќе дејствува генерално на два
фронта и тоа:
-преку конзистентно и координирано дејствување со монетарната политика
во обезбедување на стабилноста на фиксниот курс на денарот и

-преку интензивирање на јавните инвестиции особено во патната железничката инфраструктура, како и изградба на приоритетни проекти во енергетскиот сектор за кои државата ќе издава гаранции, кои ќе го интензивираат економскиот развој и ќе обезбедат апсорпција на работната сила отпуштена од последиците на рецесјиата.


Во вакви услови фискалната политика ќе се остварува во рамките на
планирани расходи во Буџетот на Република Македонија во износ од 164.797 мил. денари, кои ќе се финансираат од оценети приходи во износ од 153.215 милиони денари. При тоа буџетскиот дефицит е планиран на повисоко ниво во однос на минатата година во износ од 2,8% во однос на планираниот БДП, во рамките на кој околу 1% од планираниот БДП, односно 80 милиони евра ќе бидат наменети за започнување, подготовка на проектна и техничка документација,
експропријациони активности и изградба на патната и железничка инфраструктура.

---------------------------------
Владина програма за распределба на буџет:

A Децентрализација 12.341.851
B Мерки за намалување на сиромаштијата 633.000
V Одбрана и безбедност 649.782
G Јакнење на правото 193.249
D Економски развој 2.135.087
Y Образование 689.858
I Здраство 18.000 0 500 70.000 88.500
K Реформа на јавна администарција 330.660
R Катастр 49.800
М Интеграција во ЕУ 311.490
N Информациски техонологии 1.674.500
Вкупно 19.027.277

----------------
http://www.finance.gov.mk/files/budget_2009_final.pdf

МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
ВКУПЕН БУЏЕТ: 10.651.500 илјади денари
МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА
ВКУПЕН БУЏЕТ: 511.821 илјади денари
УПРАВА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА САНКЦИИ
ВКУПЕН БУЏЕТ: 876.218 илјади денари
МИНИСТЕРСТВО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ
ВКУПЕН БУЏЕТ: 2.155.533 илјади денари (Број на семинари курсеви и друг вид на обуки: 16)
МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ
ВКУПЕН БУЏЕТ: 2.671.012 илјади денари (Број на вработени:600)
ЦАРИНСКА УПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ВКУПЕН БУЏЕТ: 1.299.846 илјади денари
АГЕНЦИЈА ЗА СТОКОВНИ РЕЗЕРВИ
ВКУПЕН БУЏЕТ: 1.883.425 илјади денари
УПРАВА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ
ВКУПЕН БУЏЕТ: 1.625.252 илјади денари

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА
ВКУПЕН БУЏЕТ: 1.491.802 илјади денари
АГЕНЦИЈА ЗА СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ
ВКУПЕН БУЏЕТ: 267.768 илјади денари
МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ
ВКУПЕН БУЏЕТ: 4.054.121 илјади денари
МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА


Еве како изгледа во кратки црти буџетот и која е основната цел на буџетот (болдот).Очигледно некој не се држи до целта и до она што сам го напишал.Иако секој буџет е копи пасте на претходниот со модни додатоци,сепак има твој потпис и треба да го почитуваш.
За 2009 година е проектиран на 2,7 милијарди и е најголем во историјата на постоење.При тоа се имаше во предвид дека оваа година ќе има последици од светската криза(во намалување и на така малиот извоз).Значи во самиот старт се погреши.Приходите од даноци се намалија (тоа мораше да се предвиди!),затоа дефицитот е рекорден,а беше предвиден според проектираниот на 11.582.000.
Најголемиот дел на расходи е предвиден за плати,пензии и социјални трансфери,а само 8,5% за инфраструктурни проекти.Според најавеното во овој момент не се очекува да се намалат платите и пензиите,но овие 8,5% не се доволни да се надмине оваа година.Бидејќи во овие средства влегуваат,изработка на документација,тендерска постапка,тужби, жалби,поплаки, дневници, ручеци,теренски набљудувања...
Негде ќе треба да се крати (ребаланс).Според ова што го имаме,мое мислење е дека има вишоци во потенцираниве министерства,освен во болдираното управа за јавни приходи,кое со проектот бруто плата неможе да постигне да изврши се на време (ќе требаат нови вработувања ).
-Министерство за внатрешни работи треба да воведе систем на санкции и награди.Оние што грешат ќе го наполнат буџетот,ако правилно се казнуваат.Нема од што да се плашиме за толку издвоени средства,очигледно имаат вишок вработени,не би требало да влегуваме во систем на полициска држава и на секој чекор да има униформирано лице.
-Министерство за правда откога почнавме да се подготвуваме за ипа фондовите работи со полна пареа.Во самото министерство има недостаток на вработени,но главниот проблем се подрачните единици кои ги цицаат парите,а се појавуваат само на избори.Не се потребни,кат во секоја подрачна единица.Оние над 55 на 70% (ќе се намалат фиксните трошоци),нови вработување нема!
-Управа за извршување на санкции во склоп на министерството,незнам дали и воопшто работат.Многу им се тие плати,криза е,нека се почне од оние кој намјалку работат.
-Министерство за надворешни работи,во овие години ја исцица државата.Само да се пресметаат дневниците ќе ни се сврти паметот.Овде треба да се направат најголеми сечења за време на криза,бидејќи никој несака да те слуша како му попуваш на страна.Второ,споров не е мрднат ни чекор,треба казна за оние кои го водат,кратење на плати.Амбасадорите ги чуваме како кукли,ниту еден инвеститор не донеле.Кога ќе го удриш по џебот,ќе се освести.Овде има и тоа како вишок.
-Министерство за финансии со 600 вработени.Браво,од толку луѓе вакви резултати.
-Царинска управа,очигледно нема што да регулира,нема извоз,нема увоз.Кат.
-Министерство за економија со агенцијата за странски инвестиции.Од прва рака информации,луѓето во агенцијава незнаеле маил официјален да пуштат,а кога ќе побараат странците одговор,не ни одговарале,бидејќи немале поим што да одговорат за нашето стопанство.Вака добро звучи,неефикасно е 100%.Јас не гледам инвестиции на терен,а немам потреба да ги плаќам по земјиве за шетање.Затоа сите дома и по една клоца.
-Ми се укочи ком пред министерство за култура:)Затоа нема средства.Дефинитивно не е приоритетно во ова време,затоа сечење.

Позајмувања од странски банки не!Од една страна го зголемува јавниот долг,од друга повторно го притиска девизниот курс.Кога ќе видат дека земјата позајмува странски средства,очекувањата за девалвација ќе се зголемат до оној степен,што ќе ни го удрат курсот преку ноќ.А кога сите ќе очекуваат (како сега ) девалвација,таа нема да има никаква корист.ЦБ ќе функционира додека има девизни резерви.Кога ќе се задолжи државата на страна,а приходите се тие,немаме средства за камати.Принт,принт на нови пари ќе донесе и инфлација и поевтинување на гробни места:)Затоа пушти си ја чергата колку што ти се долги нозете.
Од кога ова ќе се среди,единствени вложувања мора да има во инфраструктура,за да ги држиме градежните фирми во форма.Се друго под контрола,сите трошоци на мин.Монетарната ќе олабави од притисокот на фискалната.Полека ќе почне да ги спушта каматите,за четири до пет месеци.Кога она ќе ги спушти,ќе почнат и бнаките да спуштаат.Стопанството ќе добие дозвола да зема кредити.Сите очекувања ќе се вклакулираат.Очекувања дека ќе се надмине кризата.Кога стопанството ќе рипне,ќе рипне и берзата.
Тука е веќе моментот на менување на стратегијата за фиксен девизен курс.треба да се пушти до +,-5 .Денарот ќе депрецира,ќе им даде воздух на извозниците.За две години,светската криза ќе заврши,а ние со стабилна политика ќе добиеме напредок.
Мора да тргнеме од себе за да преживееме.Настрана политички поени,настрана обоеност и историја.Колку помалку трошиме,толку повеќе ќе имаме.

Веќе ми се спие,може и глуспоти да треснам,утре второ продолжение:)Знам дека е напорно за читање.
 

CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
е како де кога и тоа што го произведуваме нема на кој да го продадеме цената на железото ,бакарот,фероникелот и другите метали постојано пагјаат ,исто се случува и со земјделските производи сетете се лани колку чинеа колограм патлиџани колку се сега разликата е двојна ,сточарсвото исто така лани кило јагнешко стигна и до 500 д а годинава дали ке стигне 300 д млекото, текстилната индустрија сеуште е на нозе но на нозете се на стакло и кога ке видиш ситуачијава не е лесна , ние сме мала држава со мала економија и ние не можеме да влијаеме на случуванјата единсвено што ни останува е да чекаме промена на ситуацијата во светот ,тогаш ке има и промена на нашата економска состојба .
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Министерство за образование - (сум го пропуштила)проект „компјутер за секое дете“ не треба да го коментирам колку милиони изеде.Прекфалификацијата донесе само украдени компјутери и искршени делови.Неможеш 50 годишен да го учиш компјутери.Убав проект,лошо предвиден.Вториот дел каде треба да се крати е високообразовните институции.Да се донесе ограничување за проф. да не може да работат сто работи,додека 50% од населението седи дома.Не се најпаметни,еве видете по министеров кој е проф на економски.Не смее да се дозволи еден човек да работи во 5 факултети,4 управни одбори и советник во НБРМ!Неможе еден да зема 5 илјади евра месечно,а друг да нема за леб.Социјалниот елемент е покосен.Треба да им се скратат рацете,по една плата за секого,за една недела буџетот ќе прими повеќе од 100 илјади евра.И да се скрати непотизмот,вакви проф на никого добро не му носат,метлата и во двор,секогаш се почнува од 0 па се докажуваш,зарем не не учеа така.
-Фиксни трошоци (телефони,принтери,кертриџи) се под црвена линија.Нема спиење со домашните на тел.Еве заштеда.
- Пазарно стопанство е,секој вработен мора да знае,дека ако не работи ќе лета,нема заштитени мечки,едно спиење и надвор,има деца млади кои немаат работа,ќе ги заменат.Еве да не биде политички удар со бркање на 40% администрација.Полека и тивко истребување.

Од кога ќе се скрати она за кое џабе фрламе пари,треба да се направи стратегија за стопанството.На една страна се запишуваат гранките кои мора да ги стимулираме,иако стимулациите не се пазарен инструмент кој треба да се форсира.
1.Земјоделие - 5 луѓе добро да седнат на гзот и да ги организиираат сите пријавени земјоделци.И така спијат од земјоделие.Стимулација за квалитет на оние производи кои достигнуваат високи цени ( вишни, јаболка,јагоди,малини и слично).Направи организиран откуп и планирано производство,обучи тројца претставници,избркај ги надвор од граница без резултати дома да не си идат.Некој ќе рече не смее една гранка да се подржува,но ние живееме од неа,мора да се грижиме.
2.Текстилците вработуваат најмногу луѓе.Од една страна земаат материјали,ги обработуваат ,па ги извезуваат.Фактички од нас користат странците бесплатна работна рака.Реорганизација на цела индустрија.Свилената буба порано беше одгледувана кај нас,цели капацитети како свилара работеа,ранеа по 1000 семејства.Таму треба да се стимулира,да се создаде материјал,па да се извезе готов производ.Сите ќе имаат ќар.
3.Металургија-движечка сила за БДП.Неможеш да извезуваш по ниска цена,но и тоа ќе помине.Цинк и олово рудниците да се активираат,Топилницата да не се препродава од еден на друг,туку да се реши проблемот.Го има ХИВ,нека се активира.Има многу машинци и елктро инжињери кои ќе дадат совет во оваа област,моите знаења се скромни.
4.Истражувачки центри за секоја област.Ако во рок од една година,не се донесат заклучоци од секоја тема,надвор од капија.
5.Бунарџик - две фабрики кои не се ни отворени,резултат нула.Неможе со такви поволности,каде не плаќаат даноци,каде имаат евтина работна рака,никој да не сака да инвестира.Матно е нешто.Сите административни проблеми да се решат во неполни два месеци,они го кочат развојот.Нема потреба од чекање.Додека е криза,домашната задача да се напише.Потоа вистински луѓе на вистинско место,неможеш да пратиш медицинар да носи инвеститори.Интернет понуда до сите големи капацитети со потпис од влада како гаранција дека нема да им го изедеме капиталот.Сите поволности и предности,убаво спакувани.
6.Проект за само вработување - добра замисла,но нема идеи.Еве ги гранките кои носат приход,извади од буџетот кој најмногу успева да плаѓа даноци,напиши ги на еден хамер и залепи ги на ѕид.Под него млади луѓе по една точка секој ден да наведат,каде мислат дека може да се инвестира.
7.Да се зголеми бројот на инспектори во секоја област.Оние што земаат колбаси по продавници (а ги знаат сите трговци) веднаш да летаат.Сите останати,секој ден да си го вадат лебот.Не смее затајување на данок,не смее да се работи на 60 степени без клима,не смее да не се пријавува вработен.Ако секој ден има некој што ќе помине,сите ќе се научат на ред.
8.Од екологија,добро почнаа така и нека продолжат.
9.Здраство - не се разбирам од областа,но мислам дека убаво работат.
10.Трет пензиски столб касни 1 година,заглавен по фиоки,веднаш да се реши.
11.Пазар на пари и пазар на капитал.Мора да се развиваат,во спротивно кога банките ќе покачуваат кредити стопанството ќе ни умира.Мора алтернативно решение за капитал да се најде.НБРМ повеќе активна во развој на овој сектор.
12.Банките убаво си работат по традиционален начин,колку депозити,толку резерва.Има три банки кои постојани имаат ликвидносни проблеми,додека е време да се смени менаџментот да не ни се случи некој банкрот.Иначе контролата од НБРМ е одлична.Стопанска банка да се реорганизира кадровски,зошто создава мотив за убиство.

втор дел.

Досега главен заклучок:предвидувањата се очајни!!!
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Како што бевме сведоци на којзнае колку ептен многу досадни владини реклами-кампањи за се и сешто потребна ни е нова кампања...
...т.е. да се влијае на свеста на граѓаните дека партиите не треба да бидат биро за вработување во државните институции односно дека државата не смее да биде најголем, во нашиот случај и единствен, работодавач.

Се додека ова не се промени само се самозалажуваме дека сме го напуштиле предходниот систем (за воља на вистината тогаш немаше толку административци).
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Како што бевме сведоци на којзнае колку ептен многу досадни владини реклами-кампањи за се и сешто потребна ни е нова кампања...
...т.е. да се влијае на свеста на граѓаните дека партиите не треба да бидат биро за вработување во државните институции односно дека државата не смее да биде најголем, во нашиот случај и единствен, работодавач.

Се додека ова не се промени само се самозалажуваме дека сме го напуштиле предходниот систем (за воља на вистината тогаш немаше толку административци).
Јас мислам дека е потребно да им се тргне крзното на мечките.Кога ќе знаеш дека можеш да леташ во секое време од работа (ако спиеш) нема да се понашаш како гроф,туку ќе го испотиш газот за платата.Кога би се вовел таков систем нема да има политички удар,а добар дел ќе добијат отказ поради неспособност.Нема конкуренција во администрација,се е тмурно,полека а сите пари ни ги зема како држава.
Додека не се роди политичар кој ќе има топки да го изведе ова,ќе пропаѓаме засекогаш.И од свети вмро да е,со толку вработени кои ти спијат на тел,ти пијат кафе,ти се топлат и ти одат на ручеци и монте карло ќе пропадне.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Јас мислам дека е потребно да им се тргне крзното на мечките.Кога ќе знаеш дека можеш да леташ во секое време од работа (ако спиеш) нема да се понашаш како гроф,туку ќе го испотиш газот за платата.Кога би се вовел таков систем нема да има политички удар,а добар дел ќе добијат отказ поради неспособност.Нема конкуренција во администрација,се е тмурно,полека а сите пари ни ги зема како држава.
Додека не се роди политичар кој ќе има топки да го изведе ова,ќе пропаѓаме засекогаш.И од свети вмро да е,со толку вработени кои ти спијат на тел,ти пијат кафе,ти се топлат и ти одат на ручеци и монте карло ќе пропадне.
Ова сега засега е мнооогу тешко изводливо, овде си функционира еден систем кој во биологијата е познат како симбиоза, односно заедница на два различни организма кои самостојно еден без друг не би преживеале.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Неколко стапки:
1.Спиране на буджетниот дефицит сека година и одене ком буджетен излишок от 2% от БВП.
2.Обезбеденост на валутата на поне 120%.
3.Влизане во НАТО.
4.Влегуване на големи банки на териториjaта на РМ
5.Привличане на чужди инвестиции
6.Реформиране на државната администрациja и замразнуване на нивните заплати за 1-2 години.
7.Воведуване на максимална пензиja.
8.Воведуване на минимална заплата.
9.Стимолиране на хората,които получават социални помошти да работат за гражданството,като се грижат за чистотата,зелените плошти,парковете во градовете.
10.Единна стапка за данок от 10%

Като начало мислам дека е добре.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Македонија е финансијски закрепната бе,не треба повеќе да закрепнува.Ни еден вистински економист не може никако да разбере зошто викаме дека сме економски слаби кога 40% од официјално вработените во државава се всушност администрација.Такво нешто не можат да си дозволат ниту најразвиените земји во светот.Јас пак се чудам зошто досега не не повикуваат на состанокот од групата Г-8 кога ни една од тие земји нема развиено вака силна економија како Македонската.Во нивните земји администрацијата сочинува 10-15% а кај нас 40% со што избиваме на прво место според приходите на нашата силна економија која може да си дозволи ваков луксуз.:toe:
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Македонија е финансијски закрепната бе,не треба повеќе да закрепнува.Ни еден вистински економист не може никако да разбере зошто викаме дека сме економски слаби кога 40% од официјално вработените во државава се всушност администрација.Такво нешто не можат да си дозволат ниту најразвиените земји во светот.Јас пак се чудам зошто досега не не повикуваат на состанокот од групата Г-8 кога ни една од тие земји нема развиено вака силна економија како Македонската.Во нивните земји администрацијата сочинува 10-15% а кај нас 40% со што избиваме на прво место според приходите на нашата силна економија која може да си дозволи ваков луксуз.:toe:
Знаеш ли што ќе се деси ако се осмелат со рестриктивна мерка наречена „кратење на администрацијата“?
Тек тогаш ќе има спиење пред Собрание, Влада и сите институции...
Не сакаат на свој грб таков товар; тоа би значело и повикувања на интерпелација на ресорните министри и паѓање на рејтингот и не дај Боже, пред/предвремени избори..:nesum:
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
leandra за премиер, па уште, ако за разлика од ова говедава кои само мукаат, знае да собере тим по знаење и способност , а не по партиска боја......топ не ја бие..., а Македонија ќе спаси дупе...нормално, ако при тоа и она дувлото на екс министерското синче успешно го прати да мириса тревки..... :)
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Знаеш ли што ќе се деси ако се осмелат со рестриктивна мерка наречена „кратење на администрацијата“?
Тек тогаш ќе има спиење пред Собрание, Влада и сите институции...
Не сакаат на свој грб таков товар; тоа би значело и повикувања на интерпелација на ресорните министри и паѓање на рејтингот и не дај Боже, пред/предвремени избори..:nesum:
Велиш ќе има спиење,јас не би рекол дека ќе биде баш спиење.Само вака ни се иба мамата,ни се иба.Ако 40% од вработените ни се администрација,тоа за Германците на пример,би било барем 30 милиони административни работници,рамно на самоубиство од заседа.:toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom