Затвори прозор, чади! (ајвар, зимница...)

  • Креатор на темата Креатор на темата Toreador
  • Време на започнување Време на започнување
ми го зема комшивката ќумбето (Бог да ја прости ) и не ми го врати ... и сеа неам на шо да праам ајвар ,малиџано ,лутеница , кечап и разни домашни специјалитети

Па појди и земи си го назад.Сигурно комшивката не си го понела со неа:pos:
Ааа си немаме со така, ќе го послушаш егзотичниов ми мој колега и ќе одиш да си го земеш, немај мака нема што да ти го бара назад твое си е. :pos:

Ајвар рулз, инаку нема веќе ајвер, си ја зедовме лиценцата и патентот имаме АЈВАР.
 
Мајка ми редовно прави ајвар и лутенка,ама не многу,само по некоја тегла,за нас домашните само се разбира.Имам пробано купечки ајвар и воопшто не се споредува со тој домашниот,кој сам ќе си го направиш.
И баш ми е пријатна миризбата,кога шеташ низ град и насекаде мириса на праење ајвар:helou:
 
Бабите прават зимници, ние дома не, а и немаме услови, ниту имаме кров, ниту тераса, ниту подрум. Јадам ајвар, само од едната баба, од другата некако не ми е по мерак. Останато од зимница не јадам ништо :)
 
Ajvarot i ljutenkata se najbolji baba mi i dedo mi sekoja godina pravat pred zgrada,malce cadi ama e top posle za jadenje!!!!:smir:
 
Неам мерак за правење, уствари поточно кажано ме мрзи. Но кога станува збор за јадење не одолевам. У ајвар се давам, едноставно преслаток ми е ... !!!* :wink:
 
Моите дома се геј, нејќат да ми праат ајвар. :( А ја да се нафатам, боже сачувај. :nesvest:
Онаа баба ми па, едвај чекам да го направи тоа ајварот у село и кога ќе ми донесе 5-6 тегли едвај дочекани и кога ќе го пробам и- лут, филм ми се крши... Педерка е, само еднаш го направи благ, зошто и се заканив дека не и идам на гости више :icon_lol:
А купечкиот е тапа... Со лушпи, и фабрички, не е тоа тоа, неспоредлив е со домашниот.
 
Па дојди кај мене бре женска главо. Знаеш ја домаќинче дете сум, и ајвар и малиџано, се што ти душа сака. Башка на викендица го праев со баба ми, никој не го колнел ради чадење. Само треба да се отвори и да се јаде!:wink:
 
ние правиме секаква зимница и тоа ајвар, малиџано , кечап, лутеница, слатко од сливи од јагоди и секакви сокови
 
iaaa .. nie se si prame Maligano Ajvar Lutica ... ali najdobar e Ajvarot ko kje e topol so topol leb .. i slatko od slivi , smokvi , sok od kajsii
 
Ааа си немаме со така, ќе го послушаш егзотичниов ми мој колега и ќе одиш да си го земеш, немај мака нема што да ти го бара назад твое си е. :pos:

Ајвар рулз, инаку нема веќе ајвер, си ја зедовме лиценцата и патентот имаме АЈВАР.



не го дава ,ме прогонува ,пич мајчин е
 
Ние викендот ке правиме ајвар, или на струмички АЈВЕР :pos2:
 
Ќе чади, ама не секаде: :)

За правење ајвар пред зграда - 50 евра казна!
Со новиот закон за јавна чистота општинските и градските инспектори, но и полицијата ќе можат да ви напишат глоба од 50 евра ако ве затекнат како печете пипер на јавна површина, на паркинг, пред зграда или во некој од блиските паркови

C79A0DC97F109444B0FEF633A09C4FC3.jpg
Сезоната на правење на нашиот национален специјалитет - ајвар, започна, но граѓаните од годинава треба да бидат внимателни каде ќе го постават ќумбето ако не сакаат да заработат казна. Со новиот закон за јавна чистота, кој деновиве стапи во сила, општинските и градските инспектори, но и полицијата ќе можат да ви напишат глоба од 50 евра ако ве затекнат како печете пипер на јавна површина, на паркинг, пред зграда или во некој од блиските паркови. Ако казната не ја платите на самото место, пријавата ќе стаса до Основен суд а, потоа ќе мора да платите 150 евра, или трипати поголема сума за својата несовесност.
- Иако со одлуката на Град Скопје за комунален ред и досега не беше дозволено да се поставуваат предмети од ваков вид на јавна површина без дозвола, ние немавме можност за мандатни казни, туку само ги опоменувавме граѓаните, кои не само што правеа смет и оставаа лушпи насекаде, туку и со палење ќумбиња можеа да предизвикаат опасност од опожарување. Со новиот закон за јавна чистота точно се определени казните за физички лица, како и услови во кои се врши казнување. Иако нема стриктно казна за "печење пипер", се казнува палење, поставување на предмети на јавна површина и оставање на смет, со што се опфатени и вакви примери, а тоа ни овозмножува да ги казниме и граѓаните кои печат пипер и прават ајвар пред зграда, вели Љубе Стојковски, комунален инспектор при Град Скопје.
И законот за комунален отпад кој беше донесен минатата година овозможуваше санкционирање на несовесните граѓани, но според Стојковски, новиот закон е подециден и поригорозен, а ќе овозможи пошироко делување на општинските и на градските инспектори и полицијата. Тие ќе делуваат и по пријава на граѓаните, а со цел да се зголеми ефикасноста на теренот, се предвидува и зголемување на бројот на извршители, односно вработување на комунални редари кои ќе го спроведуваат законот.

Извор: Вечер
 
ние секогаш прајме све од зимница,ама јас само ајвар јадам....ауууф едвај чекам и годинава да го напрајме...потсетете се како е ко ке ви го дает да го пробате,така топол,на свеж леб...:vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom