Насилство и повредени на протестот во Скопје

Статус
Затворена за нови мислења.
F

FilipMacedon

Гостин
Ај, ја ќе ти дадам и 3/4 шанси дете.
Само немој да си го мачиш главчето со глупости, земи седни учи нешто.



Поентата на бенчмаркот е дека сме достигнале ниво на свест да ги почитуваме ставовите на другата страна и да дискутираме(не подразбира тепање,вреѓање,убивање), што по се искажано на форумот и во некој медиуми не е случај.
Јас да сум на нивно место не би не примил во ЕУ уште долго,долго време.
Сакаш со навреди да продолжиме???Да почнам да те пцујам на кумановски веднаш ке го изгасиш компјутерот веруј ми.
Поентата на бенчмаркот е секогаш политички затскриена,на ЕУ и другиве им чуе дали ние тука ке се колеме,убиваме и др.
И во Лондон чув имало тепачки на протести.
Значи ли тоа и дека и Велика Британија не е демократска ,и дека не заслужува да е во ЕУ.?
Се надевам имаш мозок,па размисли
 
Член од
24 мај 2007
Мислења
5.124
Поени од реакции
35
Сакаш со навреди да продолжиме???Да почнам да те пцујам на кумановски веднаш ке го изгасиш компјутерот веруј ми.
Поентата на бенчмаркот е секогаш политички затскриена,на ЕУ и другиве им чуе дали ние тука ке се колеме,убиваме и др.
И во Лондон чув имало тепачки на протести.
Значи ли тоа и дека и Велика Британија не е демократска ,и дека не заслужува да е во ЕУ.?
Се надевам имаш мозок,па размисли
Без кумановско пцуење, молам ..:|


 
Член од
2 април 2007
Мислења
394
Поени од реакции
13
Сакаш со навреди да продолжиме???Да почнам да те пцујам на кумановски веднаш ке го изгасиш компјутерот веруј ми.
Поентата на бенчмаркот е секогаш политички затскриена,на ЕУ и другиве им чуе дали ние тука ке се колеме,убиваме и др.
И во Лондон чув имало тепачки на протести.
Значи ли тоа и дека и Велика Британија не е демократска ,и дека не заслужува да е во ЕУ.?
Се надевам имаш мозок,па размисли
Кој прв почна?

Него во Лондон не се колат како што мислиш, имаш едно место (Хајд парк) и таму на 10 метра (10 метра) имаш луѓе кој застапуваат комплетно различни ставови и не колат.
Ови судири на кој алудираш се во случај кога масата почнува да беснее - е тогаш таму полиција реагира и тепа.
Имаш случај во Северна Ирска(нешто ко Косово) кога протестанти шетаат низ католичко маало.Полиција се става меѓу нив и дечките проаѓаат.
Кај нас полиција не реагира!
Мене ми е гајле дал се убиваме или не.

Не негирам дека ако имавме нафта ќе влезевме побргу- но немаме.
А друг избор освен ЕУ и Нато не гледам.
Поентата ми е - заеби партии, државава има закони и тие се оче наш ако сакаме државава да опстои.
Се друго не носи кон распад.
 

NafuraN

Infinity is my Limit!!!
Член од
5 јануари 2008
Мислења
286
Поени од реакции
24
ВО МОМЕНТОВ НА А1 ИМА ДЕБАТА ЗА ПРОТЕСТОТ ВО САБОТАТА.
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174

keln germanija antiislamisti vs levica

da se iskluci germanija od eu odma
 
S

smart ass

Гостин
чекај бе ги имаш гледано снимките ?
ти трипаш на нешто ?вака да ми кажеш што имаш земено за да јас го зеам и се да ми биде розово може?

Алоооооооооооооооооооооо
полицајците седеа на страна додека овие им се сснаа и на крај ги тргаа на страна не идиотите кои тепааа туку студентите.
Па ок е де тоа и јас го велам :vozbud:

токму тоа е и моја забелешка до МВР
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Почнува да ме фаќа страв дека ова ќе има импакт врз тоа кој ќе стане претседател на Македонија. Гледам Фуере на емисијава, сератори, гледам проста маса која се појави на подтемава на форумов како избезумени бладаат дека ќе гласале за злото антимакедонско, како пцујат по најдобрата Влада што и се случила на Македонија ever, без чувство за споредба со минатото. Тешко нам ако се случи тоа што не треба да се случи. После ќе се чукаат со глава во ѕид.
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
ЈАНКУЛОСКА
ПРИВЕДЕНИ 23 ЛИЦА - УЧЕСНИЦИ ВО ПРОТЕСТНИОТ СОБИР НА ПЛОШТАДОТ „МАКЕДОНИЈА“
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска тврди дека полицијата ги презела сите мерки за обезбедување, без употреба на сила на протестниот собир, што се одржа во саботата против изградба на црква на плоштадот „Македонија, при кој дојде до тепачка меѓу противниците на изградбата со поддржувачи на проектот.

- Врз основа на полициски снимки досега се идентификивани 23 лица на возраст од 20 до 52 години, кои биле учесници на протестниот собир, против кои ќе бидат поднесени прекршочни пријави, две за физички напад, а 21 за нарушување на јавниот ред и мир, информира денеска на прес-конференција министерката Јанкулоска.

Таа додеде дека во полициската станица Центар е во тек идентификација на други учесници во собирот и оти ќе следуваат санкции против нив доколку се утврди одговорност.

- Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди утврди дека од страна на полициските службеници биле преземени потребните мерки за обезбедување на протетот без да се употреби сила. Притоа е констатирано дека треба да се има предвид оти организаторот спротивно на законот собирот не го пријавил благовремено, не организирал редарска служба, не го прекинал или одложил во моментот кога постоела опасност за безбедноста, рече Јанкулоска и додаде дека најкарактеристично за настанот е што без никаква најава непредвидено дошло до промена на планот за протестот што довело до неможност да се постапува според првичниот план.

Јанкулоска нагласи дека правото на јавен протест е демократско и уставно, но тоа мора да се користи исклучиво во согласност со законите бидејќи во спротивност секогаш постои опасност да дојде до несакани настани. - За разлика од немилите сцени од минатото кои останаа во колективната меморија на македонските граѓани кога полицијата брутално тепаше студенти и граѓани на јавни собири, овојпат беа спречени инциденти и никој не се здоби со сериозни повреди, рече Јанкулоска.

Тоа, додаде таа, можеби некому не му се допаѓа и не му оди во прилог на политичката агенда, но за нас е најважно дека тие кои не се согласуваат со тоа останаа без материјал за обвинување за прекумерна употреба на сила.

Според Јанкулоска, до МВР е доставено само едно известување за протест против изградба на верски објект.

Министерката за внатрешни работи изнесе детално обајснување на ставовите на лицата кои се приведени од двете групи кои учествуваа во тепачката. - Во текот на разговорот повиканите лица од протестниот собир појасниле дека во моментот кога се обиделе да формираат круг на средината на Плоштадот кон нив наишла поголема група на граѓани која била собрана за да даде поддршка на изградба на црквата и притоа започнал вербален дуел со разни навреди, но имало и обид за физички да ги нападнат. Според нивното кажување тие возовратиле на навредите настанала гужва и тие заминале кон кејот на реката Вардар, рече Јанкулоска.

Според неа, повиканите лица на разговори од втората група кои ја поддржувале изградбата на црквата појасниле дека им се приближила групата која протестирала со кренати транспарентни што било разбрано како провокација на која револтирано реагирале. - Се упатиле кон нив и почнале вербален дуел со разни навреди, пцовки, закани и притоа неколку лица од истата група се приближиле до нив и почнале да ги туркаат. Во тие моменти присутните униформирани полициски службеници интервенирале и успеале да ги раздвојат и е сперечно поголемо нарушување на јавниот ред и мир, посочи Јанкулоска.

Таа го презентира детално и освртот што го направил секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди. - Утврдено е дека веднаш откако е пријавен пртстетот бил изготвен план за постапување за да може полицијата соодветно да се постави и да реагира, а организаторот не побарал обезбедувањето да го врши полицијата. Од исказите на служените лица е констатирано дека учесниците на протестот, кога пристигнале на плоштадот виделе дека таму е собрана далеку побројна група, но организаторот одлучил и покрај тоа да не го прекине протестот по што му било укажано да не провоцираат и да не дозволат да бидат испровоцирани. Во тој момент двете групи биле раздвоени на поголемо растојание, а полициските службеници соодветно распоредени на местото каде првично бил најавен протстот. Околу 12 часот еден од учесниците на протестот му се обратил на одговорниот полициски службеник, прашувајќи го дали сме подготвени со намера да тргнат кон централниот дел на плоштадот. Полицискиот службеник му рекол да причекаат неколку минути по што повторно ќе бидат известени од негова страна, за да бидат извршени консултации и прегрупирања на силите согласно новонастаната состојба. Непочитувајќи го укажувањето, во текот на прегрупирањето и распоредувањето на полициските сили групата се приближила на околу 20 метри до другата страна по што меѓу нив првин дошло до навреди и довикувања, а полициските службеници кои биле најблсику веднаш се поставиле меѓу нив за да спречат да не дојде до физички напади и насилство. По кратко време сите полициски сили биле распоредени и дошло до стабилизирање на состојбата, појасни Јанкулоска.

izvor sitel
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
Ogledalo, сакаш да кажеш дека е нормално тоа што се случи?
normalno deka ne e, jas navedov deka slicno se slucuva i niz evropa...ene pogore kolize kazuvase kako na 10 metra razdalecenost na raat si protestirale.
 

delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
normalno deka ne e, jas navedov deka slicno se slucuva i niz evropa...ene pogore kolize kazuvase kako na 10 metra razdalecenost na raat si protestirale.

Нормално е во европа и да си кажеш што мислиш ,без да се плашиш дека некој ќе те нарече предавник или политички полтрон,ама не ние секогаш земаме негативен пример кога тоа ни е во корист:salut:
 
Член од
2 април 2007
Мислења
394
Поени од реакции
13
Нормално е во европа и да си кажеш што мислиш ,без да се плашиш дека некој ќе те нарече предавник или политички полтрон,ама не ние секогаш земаме негативен пример кога тоа ни е во корист:salut:
Убаво кажано.
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
Нормално е во европа и да си кажеш што мислиш ,без да се плашиш дека некој ќе те нарече предавник или политички полтрон,ама не ние секогаш земаме негативен пример кога тоа ни е во корист:salut:
.......кај со има чад и оган има.........

Убаво кажано.
шо бе ти убаво кажано )))))), нели во европа се демонстрирало на 10 метри одалечено и биле цивилизирани..ене ти келн, го виде клипот, а тек да побарам левица со неонаци низ германија.......

демократија шо мислиш секогаш е во целуфан чиста...не бе некогаш и дирекна е на улица....тоа е ``придобивката``
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom