ок.
п.с. Соопштение за медиумите:
Ние сме Прва Архи Бригада, спонтано здруженанеформалнагрупа на студенти по Архитектура и други истомисленици , која произлезе од желбата за искажување на нашите ставови, позитивни и негативни по однос на постојните и планираните архитектонско-урбанистички зафати во нашата градска реалност.Се формиравме водени од желбата да земеме поактивно учество кон креирањето на моменталната архитектонска реалност која утре, како идна генерација на архитекти на Македонија ќе стане наше архитектонско наследство.
Како студенти, имаме позитивен став за градителските зафати кои сметаме дека се современи и естетско-концептуално коректни, и го поздравуваме развојот во таа насока. Пред се, ги истакнуваме Драмскиот театар и Филхармонијата како такви. Но не можеме и не сакаме да го занемариме фактот дека во градот на погрешен начин се лоцираат и се градат згради со кои се преоѓа во активно уништувањена центарот на градот. Наместо урбанистичките решенија за локација и градбите кои треба да го оформат центарот да произлезат од јавни, стручни дебати, кои ќе резултираат со најдобрите решенија, се случуваат недоволно транспарентни конкурси и се спроведуваат нестручни решенија, кои се косат со се што досега сме учеле за архитектурата и градоградителството.
Нашиот револт во саботата решивме да го искажеме со мирно собирање во знак на протест на местото на предвидениот објект. Протестот беше јавен и уредно пријавен во полиција, времето и местото беа најавени по медиумите, а повикот за учество беше отворен.
Шокирани сме и навредени од настаните кои се случија во сабота на пладне на плоштадот Македонија.
Наспроти нашиот мирен, еснафски, демократски протест во група од помалку од 150 луѓе, на избраната и најавена локација во најавениот терминзатекнавме огромна толпа на гневни и агресивни луѓе. Иако протестот го поместивме до кејот на реката Вардар, далеку од толпата, за да избегнеме каков било контакт, тие го нападнаа нашиот мирен протестен собир со агресија, закани, пцости и физичко насилство, за само минута го задушија протестот и повредија повеќе негови учесници. Ваквото спроведување на улична демократија од толпата најостро го осудуваме. Спречувањето на студентите да ги остварат своите уставни права и мирно да го искажатсвојотстав, какоултимативноправонаопштественитенивоаконкоисестремиме, посакуваменикогашданесеповтори.
Најостро ги осудуваме насилниците, кои не нападнаа и го оспорија нашето демократско право на мирен протест изатоабарамеиверувамедекасоодвенитеорганиовојпатќејазавршатсвојатаработаекспедитивноипрофесионалносоштопрекршителитеназаконотќеодговараатзанасилствотокоего извршија.
Би сакале да упатиме порака и до нашиот ценет Ректор во врска со неговото толкување на одредени „дописи“ и непризнавањето на нашиот статус како студенти на универзитетот, кои одбрале демократски начин за искажување на своите ставови од сферата на директен професионален интерес: итното корегирање на изјавите во однос на нашата институционална припадност директно ќе ја покаже грижата за студентите и нашите права кои соодветните институции треба континуирано да ја протежираат и практицираат кон сите нас. Каде заглавила коресподенцијата која не „отуѓи“ од универзитетот не знаеме. Ниту е важно, барем не колку корекцијата која ја очекуваме. Истото важи за сите за кои не знаеме дали и зошто се обидоа да не дискредитираат како група на луѓе со оправдан став, стекнат низ повеќегодишното студирање во институцијата која директно е одговорна за нашето академско искуство и изградени ставови.
Првата Архи Бригада исто така ги осудува обидите на некои политички субјекти, кои се обидоа да манипулираат со искрениот пристап кој студентите на Архитектонскиот факултет го имаат кон својата определба за активно учество, и притоа немилиот настан го искористија за дневно-политички пресметки со политичките ривали.
Заради несаканата димензија која настанот ја доби, остана нечуена и несфатена нашата главна порака , поводот за нашиот протест. Ние излеговме да се бориме за скопската архитектура, за Скопје, за подобро утре, и во конкретниот случај воопшто за спречување на уништувањето на најстарите градски плоштади кои треба да ги чуваме и да им ги оставиме на наредните поколенија.Никој од нас немаше за цел да протестира против изградбата на црква. Единствено и официјално, сметаме дека избраната локација за тој објект не соодветствува со архитектонско-урбанистичките услови на просторот.
Ние нема да се откажеме од нашата љубов кон градот и кон архитектурата, ниту ќе се откажеме од државата како бранител на нашите демократски права.Ќе продолжиме со нашите намери да ја кренеме јавната свест кон она што го сметаме за негативно случување на градот од архитектонски и урбанистички аспект и ќе продолжиме и понатаму да се бориме за нашата кауза.
Со почит,
Прва Архи Бригада
Скопје, 31.03.2009