Насилство и повредени на протестот во Скопје

Статус
Затворена за нови мислења.

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
дневник пренесува

Срамен молк на црковните лица за безбожните акти на плоштадот

(Повод: Протестот и антипротестот на плоштадот Македонија)

Средновековна орда, која инквизициски го превоспитува секој што мисли поинаку, и' се случи на Македонија во 21 век. Црковната кореографија и срамниот молк на црковните старешини, зборува или за нивна индиферентност или соучество во безбожните акти на плоштадот Македонија. Кое и да е, симптомите се на опасна духовна заспаност и затапена совест.Во една пригода, Исус Христос им рече на своите слушатели дека „ако тие замолкнат, камењата ќе прозборуваат“. Во глувата тишина од одговорните, се чувствувам повикан да се обратам за ова прашање.

Почитувани студенти што излеговте да го изразите своето незадоволство, ве замолувам од името на сите христијани, да го простите чинот на насилство извршен врз вас, бидејќи навистина тие „не знаат што прават“. Тие најнапред самите не ги прифатиле идеалите на христијанската етика, која учи за највисок степен на меѓусебна љубов и почит, а ниту општочовечките норми на однесување. Без разлика дали во вас ќе има доблест да простите или не, ве молам да не го земате нивното душманско однесување како пример на вистинското христијанство.

Во Новиот завет Исус вели дека две Божји заповеди се најголеми: љубовта кон Бога и љубовта кон ближниот како кон самиот себе. За жал, оние што се накитија со крстови, икони, пцости, вили и стапови, демонстрираа недостиг од љубов кон Бог и кон своите ближни. Со кршењето на двете најголеми заповеди го демонстрираа степенот на (не)познавање на својата вера. Со тие вили и стапови, не удрија само по вас, туку и по името и учењето на Исус Христос.

Затоа, почитувани сограѓани, кои мирно сакавте да ја изразите својата волја, ве замолувам, ако некому забележувате, забележете на нивното незнаење, слабост и заблуденост, но немојте да и' забележете на христијанската вера, која остро ги осудува и отфрла постапките спротивни на нејзините идеали. Се надевам оваа молба ќе биде сфатена како поучно духовно слово упатено со љубов и почит до сите вас, истомисленици и неистомисленици подеднакво.

м-р Марко Грозданов, теолог
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Иначе иначе.. си читкарам по блогерајов и го гледам Бранко.. ама оној убавиот - Героски:

Бранко Героски said :
11:08 PM

Протест и акција, сега! Кој мисли дека ќе куртули, дека нема да му дојде редот за тепање и понижување, горко се лаже. Кој мисли дека треба да се бунтуваме после, а не сега (после избори?), е наивен - а зошто не почекаа да тепаат после избори, туку мораа сега?!
Свестете се, луѓе, работата е многу, многу сериозна!Ова нема да запре. Затоа, сега не е време за мудрување, туку за јавна демонстрација на нашата непомирливост со ова насилство кое се заканува од оваа земја да направи фашистичка зандана. http://jasnesumjas.blogspot.com/2009/03/blog-post_28.html


И така... јасно е дека Геро и Милчин се двајца, па имаат потреба од Топовско Месо на кое ќе ги оправдаат инвестираните пари во нив.
Чисто информативно (не ко портпарол, онака чисто како човек кој ги следи работите низ интернет просторов), сајт на кој пишува Героски е овој.

Едно време некој му направи блог на blog.com.mk и лажно пишуваше во негово име. Ништо чудно и ова да не е негов коментар...

Чисто фор да рекорд...
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Абе уште ли правите муабет за оваа тема? :helou: Абе одморете малку чекајте сега на 5 април да видите што ќе биде :helou: Првиот дел падна снег и ладно беше, сега ќе биде топло и жешко што едноставно те мотивира за кршење кутии и остали дешавки.


п.с. што мислите ќе бидат мирни изборите на 5 април?
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Колку само ми се допаѓа типов....


Погром на плоштадот

Владимир Милчин

„Богохуљ, ти си богохуљ“, хистерично го колнеше една „богољупка“ момчето кое се обидуваше да се одбрани од ударите на двајца хистерични јуришници


Уште две-три насилнички оргии во кои „униформите“ и „цивилките“ ги тепаат граѓаните (битолските фармери), глумат слепило (Струга) или ги советуваат тепаните студенти мирно да се разотидат (во саботата на плоштадот „Македонија“) и победата ќе биде нивна! За век и веков. А, потоа ќе завладее молкот на едноумието. Уште утре, наместо едноумието на левицата, како дожд врз нас ќе се истури едноумието на десницата. Надесно круг, напред марш и право во ново безумие! Така ќе се оствари „пророштвото“ на Влатко Ѓорчев и Ѓорге Иванов за крајот на транзицијата во Македонија. Далеку од демократијата, правната држава и пазарното стопанство. Девет планини и долини подалеку од НАТО и од ЕУ.

Во устоличувањето на лагата за ставањето крај на транзицијата главната улога ќе ја одиграат стаповите. Лопатите ќе им помогнат да освојат власт без граници, а дршките на црковните знамиња ќе им обезбедат гробна тишина во која никој нема да смее ни да праша зошто гладува и во „посттранзицискиот рај“. Зашто, како што видовме во саботата, и со рисјански реквизити (се прашувам, да не биле претходно и благословени?) можело да се тепаат студенти, а богами и жени. Исто како што Чаушеску ги употреби стаповите на рударите врз главите на студентите. Тој ги донесе рударите во Букурешт со возови, а дел од нашите саботни „богољупци“ го напуштија Скопје со гостиварски автобус. Утре, ако затреба, ќе заиграат и палките за безбол. Оние другите палки веќе заиграа кога во глува доба беа растурени блокадите на фармерите.



Залудно е да трошам хартија и да барам оставка од министерката Јанкуловска. Таа педантно го претвори МВР во партиска полиција. Во первертираниот концепт што го спроведува министерката, полицијата не е задолжена да ги брани уставните права и слободи на граѓаните, туку е задолжена да ги штити оние кои го газат Уставот. Затоа не ме зачуди цинизмот на МВР, кое не ги приведе веднаш насилниците (камерите имаат фатено на дело барем десетмина од нив), туку најави дека ќе ги гони организаторите на протестот зашто не си обезбедиле редарска служба!? За разлика од „спонтаниот протест“ кој, видовме сите, имаше доволно падари за чистење на плоштадот. Госпоѓо министерке, на плоштадот и околу него имаше доволно полицајци да се направи кордон кој ќе го спречеше насилството. Но, очигледно, наредбата беше да се спречи протестот, а не насилството. А, обидот да се нашминка грдата реалност со задоцнета осуда на насилството и со најава за приведување на виновните за насилството не може да залаже никого. Премногу личи на санкциите спрема оние кои ни ги приредија најсрамните избори во јуни 2008 година и премногу личи на прекршочните пријави за насилниците кои ја оневозможија трибината на Граѓаните за европска Македонија во Струга. Правдата се движи со брзина на желка. Право во заборав.

Наивно е да апелирам премиерот Груевски да престане да ги охрабрува своите јуришници кои „спонтано“ се одзвале на повикот на Јанко Јади Бурек „против збирштината од геј и атеисти кои ќе се обидат да шират гадости“. Го слушнавме премиерот како истата вечер го обвини Мирослав Грчев за организирање на протестот и како веднаш потоа изјави дека не е сигурен во своето тврдење. Е, па, господине премиер, време е некој да ви ја соопшти непријатната вистина дека не се сите граѓани на Македонија партиски војници и послушници. Се' уште има такви што не маршираат на звуците на „преродбата“. Се разбира, вашите мегафони ќе им ја лепат етикетата „соросоиди“ и ќе го злоупотребуваат моето присуство на плоштадот. Да, бев таму и бев сведок на изливот на бес на оние кои со стапови, тупаници и пцости го бранеа „проектот на Владата“, како што ја нарекувате изградбата на црквата на место кај што никогаш немало црква. Да, бев таму и ќе бидам секаде кај што во Македонија ќе се газат уставните права и слободи, господине Груевски. И немам намера да барам дозвола за тоа од оној Бичиклиски, партиската машина за мелење на вистината. Што си замислува тој, дека Македонија е Кралството Југославија во кое луѓето непријатни за режимот биле осудувани на внатрешна интернација и секој ден морале да се јавуваат во жандармериските станици?



Губење време би било да го прашам кандидатот Иванов каде испари неговиот „демократски капацитет“ кога може да не изусти ни збор осуда за дивеењето на клерофашистите на скопскиот плоштад. Како замислува да биде „татко на нацијата“ без да застане во одбрана на универзалните човекови права и слободи, ако веќе не сака да го брани Уставот? Кој е Ѓорге Иванов? Оној што го знаев кога беше член на Управниот одбор на фондацијата на „соросоидите“? Или оној што се надвиснал над нас од огромниот црвен билборд на „Ибни Пајко“, кој прилега на комунистичката иконографија со која беа создавани култовите на Сталин, Чаушеску, Мао и Ким Ил Сунг? Полоши од комунистите се само новокомпонираните антикомунисти, друже Иванов!

Првото што го слушнав кога дојдов на плоштадот беа извиците „Албанци, Албанци“. Тоа беше дочекот што им го приредија „рисјаните“ на стотината студенти кои беа собрани пред скулптурата „Заљубените“ лево од Камениот мост. А, кога студентите ги отворија транспарентите на кои пишуваше „Не силувајте го Скопје!“, јуришниците нападнаа. Ги уништуваа транспарентите и маваа со клоци и тупаници. Клетви, пцости и навреди се излеваа од устите на овие „богољупци“, крстоносци заталкани во 21 век. „Богохуљ, ти си богохуљ“, хистерично го колнеше една „богољупка“ момчето кое се обидуваше да се одбрани од ударите на двајца не помалку хистерични јуришници. Од кои ли темни длабочини исплива оваа карикатура од збор, украс на нејзиното родољубие и верољубие? Од кои ли темни длабочини исплива оваа „госпоѓа“ со коса во боја на циклама? „Предавници, платеници, педери, курви, курви милчински...“ - зошто го цитирам сиот тој „рисјански“ арсенал испукан како поткрепа на дивеењето? Зар се' уште се надевам дека тоа ќе допре до дебелите уши на нашата елита? Особено до оние кои пцалаат интелектуалистички мантри, мислејќи дека фашистичките демони ќе ги снема доколку на глас не се изговара нивното име?



А, пред Ристиќевата палата, еден разбеснет „богољубец“ со дршката од црковното знаме „покрстуваше“ една жена во години. И не еднаш, не два пати... Бесовите од романот на Достоевски го беа обзеле и беше готов и да ја сакати. Во чие име? Во името на верата или на партијата? Да верував дека се вистински христијани, ќе се прашав каде ќе им одат душите на црностотинашите.

„Силината со која овој помал дел на Македонија се противи на проектот за изградба на православниот храм, кој е во полн ек, говори за тежината на македонското демократско породување, кое исто како и човечкото не може да помине без бол. Меѓутоа, да му благодариме на Бог што ни допушта искушенија онолку колку што можеме да издржиме“, може да се прочита денес на „Фејсбук. Функционерчето што го начкртало ова има проблеми со мајчиниот јазик, но нема проблеми со пуштањето крв во името на она што тој го нарекува демократско породување. Колкава ли болка и' наменило ова фелдфебелче на Македонија? Бездруго голема, зашто тој може да ги издржи искушенијата што му ги испраќа Бог. А, ќе може ли Македонија да ги издржи искушенијата што и' ги испраќаат фелдфебелчето и неговите налогодавци?

П.С. Во понеделникот изутрина, на саботното поприште осамнаа две пораки. Првата е единаесеттата „божја“ заповед: „Сврти го другиот образ, и задави го неверникот“. Втората е закана со крстоносна апокалипса: „Ние сме ВМРО, отпорот е бескорисен, Вие ќе бидете асимилирани“. Сте го читале „Со оган и меч“?
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Едиторијал на Дневник

Наместо правдата, слепа полицијата
Демократијата во Македонија во саботата беше удирана со клоци и тупаници, и тоа не од квазихристијанска разулавена толпа, туку од полицајците чии раце беа ставени зад грб, како да гледаат партија шах на пензионери во паркот „Жена-борец“, а не насилство врз жени, студенти, граѓани... Три дена им требаа на премиерот и на МВР за да почнат да даваат коректни изјави за настанот и да најават казни за тепачите. Тежок процес на вербална еволуција помина владиниот врв за од тезата дека за инцидентот е крив архитектот Грчев да стигнат до вистината - дека згрчена ни е слободата на изразување. Ако нема праведни казни за тие што од име на Бога, а со оружјата на сотоната удираа по оние што мислат поинаку, дефинитивно кај нас нема правда, ниту Божја ниту земска. Ќе има само поттик на насилството, на бруталноста што потоа ништо не ќе може да ја запре. Затоа, правдата мора да биде и брза и слепа кон тие што на земјата и' нанесоа најголем удар во изборите, кои ни се речиси решавачки за евроатлантската иднина.

Она што го прави нашето МВР во најмала рака може да се нарече одбрана на една демократија што претходно дозволиле да биде понижена и турната на колена. Кој ќе им поверува во аргументите на полицијата дека организаторите на протестите се тие што во случајот носат половина одговорност за иницидентот, како што очигледно се планира да се реши случајот? Небаре исто виновни се и двете страни. А што е тогаш со одговорноста на МВР? Кој во ресорот, чија грижа е безбедноста на сите граѓани, треба да одговара зошто односот на полицијата не беше на потребното ниво? Зарем вината сега треба да се бара во тоа што организаторот на протестот не го најавил 48 часа порано, туку „само“ 24. Сето тоа во ситуација кога законот воопшто не прави пречка собирот да се најави 24 часа порано. Или, редарите ли се тие што треба да „скокнат“ во одбрана на тепаните.

Вистинскиот проблем на саботното урнисување на демократијата беше несоодветната акција на полицијата. Исто како што пред повеќе од еден месец истата таа полиција во Струга „не можеше“ да ги спречи оние што не дозволуваа јавна трибина да одржат тие што мислат поинаку. На крајот од краиштата, зошто никој не го поставува прашањето што е со одговорноста на оние што преку ноќ организирале контрамитинг. Од кого тие побарале дозвола за ваков јавен собир. Дали за него беше доволен само амин од архиепископот Стефан, кој таму го испратил својот ѓакон, или мораше да се испочитуваат и земските закони? Каде беа редарите од другата страна, каде се сега пријавите кон тие што практично го прекршиле законот организирајќи контрапротест без дозвола и без контрола? Или, за нив ќе биде доволно проштевањето на гревовите што ќе им го даде поглаварот токму во текот на велигденскиот пост. Кога таквата неправда што ја гледаме на дело ќе се исправи, ќе веруваме дека навистина сакаме да победи и Божјата и земската правда, каква што сакаме да имаме во државата.
Бранко Ѓорѓевски
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.414
Гледам Милчин убаво место си фатил да ги набљудува протестите, видел све...
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Оваква медиумска хајка и дезавуирање на јавноста немало од времето на Кардељ.
Добро е, комуњарите се живи, ги преживееа сите трансформации.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Чисто информативно (не ко портпарол, онака чисто како човек кој ги следи работите низ интернет просторов), сајт на кој пишува Героски е овој.

Едно време некој му направи блог на blog.com.mk и лажно пишуваше во негово име. Ништо чудно и ова да не е негов коментар...

Чисто фор да рекорд...

Да да сигурно, фор да рекорд мај ес.


И точно е дека имало лажен блог, но овој е на Героски, а лажниот веќе е скинат од Трендо.

Истиве копи-пасте повици Героски ги пласираше на повеќе негови блог-истомисленици пријатели од Гем.

Блогот јаснесумјас е на Жарко Трајановски, заедно на трибини лафеа антимакедонски муабети.
 
Член од
18 јули 2008
Мислења
192
Поени од реакции
10
И во иднина нема да видиш реакција на студентите, после вакви случувања. Едноставно, се плашат за својот живот. И јас би се уплашил ако некој чича ми се издере: Дојди да ти заријам нож во срце, како на една моја колешка, пред мои очи.

А ако важноста била како снегот од лани (дај боже да беше така), зошто цел центар денес имаше флаери во секое сандаче? :) Не е некоја си парцела, не греши. Станува збор за крајно чувствителен дел од просторот, како од архитектонски, така и од религиозен аспект откако на тој дел му е доделена класата на намени: религиски објект, со право на изградба на православна црква.
подршка брате! Одамна „јадам бурек“ дека нема вистинско студентско движење во Македонија (и да било политички потикнат протест, сигурен сум дека барем некој вистина стоел зад тоа) и сега кога конечно се случи гледам како старци и багабонти им се закануваат на млади дечки и девојки! Срамота! Политичката опција во која верував силно ме разочарува во последно време! На клиповиве гледам од една страна како пејат песни од Златно Славејче, а од другата страна закани, клоци и тупаници. Со боксови ништо не се решава, па макар било и пред избори и политичи мотивиран протест. Црква не се гради со камен туку со добри дела.

п.с. Датумот за протести дефинитивно е многу лошо избран (можеби и намерно), но сепак со боксови не се убедуваат млади луѓе
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
И јас се разочарав во СДСМ, на таков еден невин и искрен протест со чиста идеја да уфрлат истурени политички личности и силеџии.
А мислев да сменам, да гласам за опозиција.
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Е овој по катил...

Мегафоните од фиреровиот сокак

Никола Гелевски

Секој ден на владеењето на Груевски за Македонија значи тешка и неповратна историска регресија

Јанко Јадибурек е најнепосредниот поттикнувач на новиот фашистички изблик, кога во саботата толпа лажни христијани и вистински тепачи маваа и бркаа педесетина студенти излезени на најавен мирен протест. Само поради тоа мора да се отстрани од јавната сцена таа страшна медиумска фигура која со години шири најсоголена национална, верска и родова омраза. (Еве го неговиот јавен повик на неговиот блог, вечерта пред најавените протести: „Утре во 12 часот, на плоштад во Скопје, најверојатно, збирштина од геј и атеисти ќе се обидат да шират гадости под закрила за грижа на архитектурата на градот, а против изградба на црква“.)

Следниот дел Бичиклиски и Латас продолжија да повикуваат на линч на неистомисленици и со најнавредливи зборови да го кршат елементарниот уставен поредок на земјата. (Ако Фрчкоски, за вистината што ја изрече за поврзаноста на Груевски и „Окта“, доби онолкава финансиска казна од судот, колкаво обесштетување треба да добие Соња Исмаил, затоа што јавно е изложена на линч, само затоа што е ќерка на Ѓунер Исмаил?! И не само што јавно е изложена на линч од официјалната гебелсовска пропагандна машинерија на Груевски туку е изложена на лавина најчудовишни навреди по блоговите. Како реакција на тоа, стотици млади деновиве, обесхрабрено, зборуваат за азил од темниов вилает. Малцинство се, да! Десет пати ги има помалку од опиените грујовисти! И поради тоа треба да бидат затепани како изроди! Неверници, предавници, педери и лезбијки! И иселени не само од сопствениот град туку и од православна античка Македонија!)

Бичиклиски, Јадибурек, Латас, Неделко, Томиќ итн. не се проблем поради својата јасна политичка агенда: земјава да ја претворат во тоталитарна касаба на малиот црни Грујо и неговите гуланфери, гелиптери и автобускиот башибозук што го развезуваат наоколу во проектот „Братимење на г(р)адови“ за дисциплинирање на неистомислениците (тепачи од Гостивар доаѓаат да тепаат 50 студенти собрани на сопствениот градски плоштад за јавно да го изразат своето мислење... Кога следниот пат ќе дојдат автобуските тепачи на ВМРО, скопјани богами ќе се организираат малку подобро, ако ништо друго за да ги заштитат своите деца; а мечката на насилството ќе заигра и пред портите на поттикнувачите од типот на Латас, Бичиклиски и Јадибурек).



Јадибурек и компанијата, велам, не се проблем само зашто новинарството и јавната работа ја сведоа на спин сервис на една политичко-мафијашка дружина во операција на растурање на Република Македонија, туку се проблем затоа што најдиректно и најсоголено го кршат највисокиот и се' уште на власт правен документ на оваа земја: Уставот. Еве што вели Уставот во член 16: СЕ ГАРАНТИРА СЛОБОДАТА НА УВЕРУВАЊЕТО, СОВЕСТА, МИСЛАТА И ЈАВНОТО ИЗРАЗУВАЊЕ НА МИСЛАТА. СЕ ГАРАНТИРА СЛОБОДАТА НА ГОВОРОТ, ЈАВНИОТ НАСТАП, ЈАВНОТО ИНФОРМИРАЊЕ...

Еве што вели член 21: ГРАЃАНИТЕ ИМААТ ПРАВО МИРНО ДА СЕ СОБИРААТ И ДА ИЗРАЗУВААТ ЈАВЕН ПРОТЕСТ БЕЗ ПРЕТХОДНО ПРИЈАВУВАЊЕ И БЕЗ ПОСЕБНА ДОЗВОЛА. КОРИСТЕЊЕТО НА ОВА ПРАВО МОЖЕ ДА БИДЕ ОГРАНИЧЕНО САМО ВО УСЛОВИ НА ВОЕНА И ВОНРЕДНА СОСТОЈБА.

Разочарува и улогата на полицијата. Бев на плоштадот во саботата и сведочам: полицијата ниту им овозможи на малата група студенти да го изразат својот најавен протест, ниту доволно ги заштити кога толпата тргна да се пресметува со нив. Но, најстрашното, екстремно партизирано, однесување на полицијата следуваше потоа, кога низ соопштенијата вината за нередите беше ставена врз жртвите.

Сето ова недвосмислено зборува за фашистичката природа на власта на Никола Груевски и на неговите фаланги за застрашување. И не е прв пат. И, за жал, нема да биде последен пат, зашто фалангите активно работат на разгорувањето на граѓанска војна во Република Македонија. (Истово од саботата лично го доживеав и во Струга, пред околу два месеца: толпа пијани и политички инструирани хулигани не' нападнаа и спречија во обидот да организираме граѓанска трибина.)



Се' помалку се двоумам околу главната констатација на нашиот современ политички миг: единствената реална агенда на Груевски е растурање на нашата земја. Истата агенда што ја имаше и Милошевиќ во однос на Србија и која денес ја признаваат дури и најнапалените десничари во Србија сведувајќи го страшниот историски национален пораз на наивна конспирација: „Милошевиќ беше американски човек“. А речиси цела Србија стоеше зад тој „американски човек“ во војните против сите други народи на бившата СФРЈ, заклучно со војната против САД во 1999 година!

Недвосмислено расистичката и екстремно националистичка политика на Грција во Груевски го има својот идеален сојузник. Нема посоодветен партнер од Груевски за одржување на високата национална температура во Грција. Тоа не значи дека премиерот не произлегува од длабоките слоеви на современата македонска бит и дека не е автентичен политички претставник на сегашниве историски премрежиња. Напротив. Тоа само зборува дека гробот сами си го копаме и дека патот кон пеколот пословично е поплочен со добри намери. Сите оние кои денес безрезервно стојат зад сосема поместениот политички проект на Груевски за десет години ќе велат дека, ах, се зезнавме, тоа беше прекрупна игра за нас, Груевски не' завади, не' растури на верници и неверници, на предавници и на хипермакедонци, на Хунзи и Славјани, на урбани и сељаци...

Несомнено дека Груевски и неговите мрачни фаланги ќе паднат. И несомнено дека тој пад ќе предизвика сериозни, дури тектонски поместувања на нашата јавна сцена. Работата се' уште е во тоа да го спречиме крвавиот расплет, можната граѓанска војна, и да го направиме тоа што побрзо, оти секој ден на владеењето на Груевски за Македонија значи тешка и неповратна историска регресија. Јас не планирам азил.
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Алал му вера на Груевски што е на вистински пат и покрај вакви пијавици!
 
Член од
18 јули 2008
Мислења
192
Поени од реакции
10
И јас се разочарав во СДСМ, на таков еден невин и искрен протест со чиста идеја да уфрлат истурени политички личности и силеџии.
А мислев да сменам, да гласам за опозиција.


А јас пак од кога паметам и се сеќавам никогаш не сум ни помислил да гласам за сегашната опозиција, заради нивните „заслуги“ од минатото нивно владеење и дека не успеаа да го променат нивното труло раководство и најмногу од се заради „виткање кичма“ решението за името. Ама во никој случај не би помислил да удирам девојки ако мислат различно од мене.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Гледам Милчин убаво место си фатил да ги набљудува протестите, видел све...

Што мислиш зошто им беше потребна затскривањето зад студентите и наводно нивната поддршка?

Дали ако Милчин и Героски кажеле дека тие организираат протест против црквата на плоштад воопшто ќе дошол некој?

Нормално секој би се дистанцирал од нив, ама затоа како и трибините нивни така и сега користат простор за политичка агитација и лични интереси.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Пази ги текстовите што излегуваат!
Ете ти ја целта, од неа тргни.

Груевски диктатор, Груевски пиноче итн...
Никој не го оспори протестот, апсолутно никој.
Но некој го намести да има судар.

Влакно на никој не му фали додека ДПМНЕ е на власт.
А дојдат комуњари, атентати, самоубиства...

Зошто судар, да не имаме избори за 5 дена ?
Кој има криза на рејтинг ?

Јасно е како бел ден, таа комуњарска машинерија меле ли меле.

Али ќе гласам за нив, нека дојдат и нека ја сотрат државата.
Деморкатот Црвенковски.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom