Насилство и повредени на протестот во Скопје

Статус
Затворена за нови мислења.

Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
Хехе.. некој се сомневал во желбите на Бранко.. ма не.. полека се' си доаѓа на место.
Ќе видиме ситуација на “Не е фашизам доколку го спроведуваме НИЕ“ , така е тоа.. двојни стандарди, битно на власт да си.


Иначе иначе.. си читкарам по блогерајов и го гледам Бранко.. ама оној убавиот - Героски:

Бранко Героски said :
11:08 PM

Протест и акција, сега! Кој мисли дека ќе куртули, дека нема да му дојде редот за тепање и понижување, горко се лаже. Кој мисли дека треба да се бунтуваме после, а не сега (после избори?), е наивен - а зошто не почекаа да тепаат после избори, туку мораа сега?!
Свестете се, луѓе, работата е многу, многу сериозна!Ова нема да запре. Затоа, сега не е време за мудрување, туку за јавна демонстрација на нашата непомирливост со ова насилство кое се заканува од оваа земја да направи фашистичка зандана. http://jasnesumjas.blogspot.com/2009/03/blog-post_28.html


И така... јасно е дека Геро и Милчин се двајца, па имаат потреба од Топовско Месо на кое ќе ги оправдаат инвестираните пари во нив.
Мене оваа реченица искрено највеќе ме заинтригира....
Дали на типов и сличните на него им одговараше оваков настан?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.414
Па прави си ја бе џонтра...
ама у твојата држава!

Со кинтите што ги м`снавте од Македонија купете си некое острово у Тихи Океан и таму правете си диктаторско-педерски режим и обвинуејте ги другите дека ви се криви.
Башка... крадете од вашите државни резерви,не и од тие што се и мои.

А Македонија...
Македонија никогаш не била ниту пак може да биде дом на фашисти и на диктатори.
Ти бе чоек, не се ни трудиш да сватиш што читаш.
Ај малце тргни ги очилата за детектирање на партиски муабети, па после после пак препрочитај и кажи ми. Кај мене нема нашите вашите, тоа кај тебе го има, гледам. Не ни пробувај да ми импутираш мене делби.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Од чиви муабети повеќе да плачам од на Латас или на Јанко вечерва? Се собраа врвните новинари во Македонијава . :nesvest:
 
N

n/a

Гостин
А бе дур не си заминат ова тупиве, не праштам на никого.
:toe:
И тоа ти е.
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Латас изнервиран, зборува премолчени работи, а Јанко посра гаќи.:pos2:
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
Фемгерила е блог за феминизам и други теми од интерес на неговата авторка. Освен како лично изразно средство, блогот служи и како неформален гласноговорник, кој на своите читатели им овозможува најави/потсетувања за интересни јавни настани во културниот центар „Точка“ во Скопје.
----------------------------------------------------------------------

ОВА ТОЧКА!
Културниот центар Точка во изминатите три успешни години на постоење сериозно ги помести параметрите на урбаната култура и живеење на територијата на Скопје, но и во Македонија. За новата Точка, потребата од нови контексти и, воопшто, за превреднувањето на нештата, разговаравме со Искра Гешоска
Разговарала: Соња ИСМАИЛ.......................

------------------------------------------------------------------

Контрапункт се: Никола Гелевски, Роберт Алаѓозовски, Искра Гешоска, Александра Бубевска, Бојан Ивановиќ, Небојша Гелевски, Марјонка Велјановска, Мерита Кули, Џабир Ахмети, Сенка Наумовска, Никола Ефтимов, Елена Велјановска, Владимир Јанковски, Маја Чанкуловска, Бранко Прља, Зоран Поповски, Димитар Самарџиев, Душан Велјановски, Тамара Буштреска, Перо Георгиев...
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Граѓани за Европска Македонија“,иницијаторите на движењето (Бранко Героски, Мерсел Биљали, Никола Гелевски, Владимир Милчин, Жарко Трајаноски и Роберто Беличанец)
-------------------------------------------------------------------

Плоштадот на главниот град е јавен простор и тој подеднакво им припаѓа на сите граѓани. Тој не е простор во кој поединци, за сметка на своите мегаломански апетити, имаат право да ги реализираат своите популистички идеи, уште помалку со пари на граѓаните - изјави Соња Исмаил.
- Демократските процедури се жестоко загрозени во моментов и затоа прифатив да одлучувам за ова и да се побунам против насилството - рече Никола Гелевски.
--------------------------------------------------------------------



Dvizhenje za socijalna pravda - Lenka
-------------------------------------------------------------------

нова искра, вака се прдставуваат самите

за нас

Нова искра е списание за марксистичка критика и за анализа низ призмата на класната борба и противречностите во капиталистичкиот систем. Имајќи предвид дека во постсоцијалистичкиот период во Македонија марксизмот е потценета наука, протерана од речникот и темите на јавните дебати, мисијата на Нова искра е најпрво да ги постави прашањата, а потоа и да понуди одговори за секојдневието онака безмилосно и безкомпромисно, како што тоа го умееше самиот Маркс.
Редакцијата на Нова искра е мала и флуктуирачка, отворена за секој што мисли дека со мисла и дело може да придонесе кон револуционерната задача да се смени светот во кој живееме. Ниту може, ниту се надеваме ова да биде лесна задача. Историјата безброј пати покажала дека освојувањето на слободата и човечкиот напредок се тешки задачи кои бараат макотрпна работа, жар во срцето, жртвување на времето и личниот живот.
Луѓето што придонесуваат кон постоењето на Нова искра тоа го прават со мислата дека дури и најмалиот чекор нè доведува поблиску до исполнувањето на сонот да се воспостави бескласно општество базирано на солидарност и рамноправност. Тоа се луѓе кои сметаат дека е потребен подобар свет и кои знаат дека подобар свет е можен!
---------------------------------------------------------------------






и сега овие ке прават анти нато..магичен круг,се врти околу исти имиња...случајно?


Редакцијата на Нова искра заедно со повеќе антиНАТО активисти во сабота на 21 март во 14 часот во културниот центар Точка, ќе одржи отворена трибина насловена „60 години НАТО се доста!“. За воената алијанса ќе зборуваат како воведничари професорката Билјана Ванковска од институтот за мировни студии во Скопје, пензионираниот потполковник и поранешен портпарол на АРМ Благоја Марковски, како и еден од подвижниците на Нова искра, Ивица Антески.
Трибината е отворена за дискусии за сите кои ќе дојдат и ќе сакаат да го кажат своето мислење за воениот сојуз НАТО.
Трибината е дел од серијата активности што ги организира коалицијата „НАТО доста е!“ во која покрај Нова искра, се и невладината организација Мировна акција, движењето за социјална правда - Ленка, организацијата Магма карта и други поединци и групи.
Покрај саботната трибина, планирана е уште една дебата која ќе се одржи на 2 април, а на 4 април, за време на одржувањето на самитот на НАТО во Стразбур е планиран протест во центарот на Скопје, а потоа и музички хепенинг.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.414
А поентата од контекстот на твојот патриотски говор е...?
Епа извини, во заблуда сум бил кога мислев дека ќе можеш да ни објасниш некоја поента од твоите говори :)
Ај да не бидеш во заблуда, пошто ми пукна филмов иако си ветив дека овие избори, нема да гледам кампањи, дуели и слични глупости ниту да учествувам во форумов често.

Поентата е што кој кур морате очи да си вадите, заради партиски интереси. Тука сите твои постови, и без изклучок на сите се едно те исто, курела думела у 100 варијанти. Понекоја псовка, понекоја закана. Вашите, нашите. Јас не видов никој да смени мислење од силните партиски аргументи што беа изнесени. Башка на крај бев обвинет дека сум партиски комесар, сељак, фашист, диктатор.

Епа ако ја земам како аргумент на бесконечното наше слепило, оваа тема, тогаш тој што ни ги извадил очите заслужува една бесилка на плоштад.

А бе дур не си заминат ова тупиве, не праштам на никого.
:toe:
И тоа ти е.
„Прозор ночас мора пасти, гласила је наредба“
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.564
Поени од реакции
286
За ректорот тепаните студенти не се студенти


30.03.2009 17:26
Тепаните студенти не добија поддршка од ректорот



Тепаните студенти не се студенти за ректорот на универзитетот. На денешната седница на сенатот некои професори го поставија прашањето, но не добија поддршка од ректорот. Прашањето предизвика жестоки дебати.

„Универзитетот не може да остане надвор, и покрај испитувањата, политички и било какви. Тие се наши студенти пред се“, рече Ванчо Мускатов, професор на ПМФ.

„Студенти не се, бидејќи имаме писмен допис, јас дискутирам само за писмени дописи. Деканот на Архитектонскиот факултет не известува дека не се организатори, ниту тие, ниту Сојузот на студентите“, возврати Велимир Стојковски, ректор на Универзитет Св. Кирил и Методиј.

Се огласи и првиот меѓу студентите, но тој наместо да ги заштити нивните права, нуди филозофски фрази.


Ванчо Мускатов: Универзитетот не може да остане надвор


„Група на граѓани меѓу кои можеби и имало студенти, имаат право да протестираат. Замислете кога едни би протестирале зашто Месечината кружи околу Земјата, а други зошто САД по територија се поголеми од Македонија“, изјави Самоил Малчески, претседател на СПУКМ.

За разлика од ректорот, се огласија други универзитетски професори кои го осудија тепањето на своите студенти.

„Жално е што тие што се прикажаа како христијани да маваат и да го употребуваат крстот како предмет за тепање кон други, бидејќи во изворното христијанство крстот секојпат е симбол на страдание, на самоодрекување“, изјави Иван Гроздановски, универзитетски професор.

Насилството го осудија и Фрчкоски и Иванов и самите професори на Правниот факултет. Фрчкоски ја обвини полицијата дека не го спречила насилството.


Инцидентите ги осудија и Иванов и Фрчкоски


„Ова кршење флагрантно треба да реагираат, сите ние треба да реагираме, граѓаните да реагираат на ова, МВР мора да одговара, полицаецот кој ни беше свртен со грб, кој ја тресеше девојката или дечкото што беше, не видовме, од дрво, тој полицаец треба да одговара“, изјави Фрчкоски.

„Ги осудија сите, и јас ги осудувам, такво нешто не е дозволиво во Македонија. Навистина не ни треба, посебно после сите оние оценки што ги добивме после првиот круг на изборите“, изјави Иванов.

Министерството за внатрешни ги отфрли обвинувањата, велат Фрчкоски инцидентот го користел во предизборната кампања.

Се огласија и повеќе невладини организации кои го осудија насилството врз студентите и побараа реакција од надлежните институции, а по два дена се огласи и МПЦ која го осуди насилството, но повтори дека го поддржува градењето на црква на плоштадот.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.414
Еве го пак овој :)
Барем зимаш некој денар, или те тапшаат по раме ?
 

CIL

Член од
21 август 2008
Мислења
750
Поени од реакции
55
Абе ќе се среди се, еве гледам Латас сите ќе ги истепа и ќе се извинат:toe:
Шала на страна во право е човекот што е изнервиран, не може вака да се постапува со студенти, на ваков начин да се злоупотребат.
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Поентата е што кој кур морате очи да си вадите, заради партиски интереси. Тука сите твои постови, и без изклучок на сите се едно те исто, курела думела у 100 варијанти.
Моите постови се во одбрана на демократијата, правото на сопствено мислење, антиегоцентристички и анти-апсолутистички.
Башка на крај бев обвинет дека сум партиски комесар, сељак, фашист, диктатор.
Ха. Тоа ти е како добро утро овде :)
Епа ако ја земам како аргумент на бесконечното наше слепило, оваа тема, тогаш тој што ни ги извадил очите заслужува една бесилка на плоштад.
Ова е и најголемата мистерија околу која дискутираме. Кој ?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.414
Ќе дојде време, ќе се наплати....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom