Насилство и повредени на протестот во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Dardan-ia
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Да биде уште потрагично целава ситуација денска на вести чув дека бандата од илјада агрсивни антиоритестирачи беа оценети како спонтано собрана група и дека за нив нема кривични пријави,а за организаторот ќе има пријави бидјеќи немало редари
Кхм некој рече дека владат не замешала прсти?
khm....

Ќе се вклучам кога нема да гледам околу фаци кои константно работат против интересите на мојата земја и мојот народ. Секаде каде се они вклучени не гледам искрен пристап и искрена намера за правење на подобро утре. Не е проблем црквата, не е проблем локацијата, проблем е тајмингот кој беше намерно одбран за да се исценира инцидент. Верувам дека во следните денови ќе има слични активности кои ќе кулминираат за време на изборите на 5 Април. Те прашувам, Кој има интерес за вакви инциденти во овој момент во Македонија КОИ ЌЕ КУЛМИНИРААТ ЗА ВРЕМЕ НА ИЗБОРНИОТ ДЕН???
инаку ако викаш дека се сдсм зошто ова се случува зошто нема пријави за бандата морони кои тепаа?и зошто таа група била оценета од премиерот и мвр како спонтано собрана група ?
 
За точка 3, би те молел да ми кажеш дали имаш во предвид дека и јас бев дел од организацијата?
de druze gi vide li tamo guner,milcin,branko tozija,boris kondarko i eden vod telohraniteli ....nasednavte svesno ili ko ovie antiprotestantive ne svesno:)
 
khm....

инаку ако викаш дека се сдсм зошто ова се случува зошто нема пријави за бандата морони кои тепаа?и зошто таа група била оценета од премиерот и мвр како спонтано собрана група ?

А ти стварно мислиш дека ,било која влада, би направила таква глупост, дека сега за време на избори и требаат вакви сценарија.Башка си имаат полиција како свој орган , задолжен за такви појави..
 
Те прашувам, Кој има интерес за вакви инциденти во овој момент во Македонија КОИ ЌЕ КУЛМИНИРААТ ЗА ВРЕМЕ НА ИЗБОРНИОТ ДЕН???

Na toa prashanje nema da dobiesh odgovor. Onie koi se del od zagovorot:
a. svesnite ke molchat za da ne go otkrijat narachatelot
b. nesvesnite, tie se ushte "poloshi" za da priznaat-tie vlegle so ideja, a priznanieto ke ja srushi nivnita verba vo vozvishenosta na deloto koe go pravat i najsvetoto po niv samostojnosta, koja navodno ja imale.
ps. Serpiko ti napishav vo predhodnite postovi deka koga ke go dobiesh tvoeto dosie ke prochitas za ovie nastani. Nemoj samo da me obvinuvash deka veruvam vo zaveri, mnogu si mlad i neiskusen vo rabotive vo koi vleguvash. Sekogash imaj na um deka protiv sebe ja imash najmoknata sila vo Makedonija-SLUZBATA.
 
А ти стварно мислиш дека ,било која влада, би направила таква глупост, дека сега за време на избори и требаат вакви сценарија.Башка си имаат полиција како свој орган , задолжен за такви појави..
со оваа влада и начинот кој води политиката посебно економијата -да
инаку ајде објасни зошто мвр не ги бара насилниците а поднесува пријави за организаторите на мирниот протест?
колку што памтам гордана јанкуловска е министер за внатрешни работи и колку што памтам она раководи со мвр и колку што памтам она беше од вмро ...Или и она е предавник?


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=106472
Читај и плачи....

 
А ти стварно мислиш дека ,било која влада, би направила таква глупост, дека сега за време на избори и требаат вакви сценарија.Башка си имаат полиција како свој орган , задолжен за такви појави..

Па тоа не се знае. Од една страна да ама од друга страна поголем дел од непартиската подршка веќе им откажа љубов па сега не остана ништо освен да се покажат заби. Им се кажа убаво на сите што планираат да протестираат дека ем може ќотекот да го изедат и ем они да одат по судови и у затвори.
 
Ќе се вклучам кога нема да гледам околу фаци кои константно работат против интересите на мојата земја и мојот народ. Секаде каде се они вклучени не гледам искрен пристап и искрена намера за правење на подобро утре. Не е проблем црквата, не е проблем локацијата, проблем е тајмингот кој беше намерно одбран за да се исценира инцидент. Верувам дека во следните денови ќе има слични активности кои ќе кулминираат за време на изборите на 5 Април. Те прашувам, Кој има интерес за вакви инциденти во овој момент во Македонија КОИ ЌЕ КУЛМИНИРААТ ЗА ВРЕМЕ НА ИЗБОРНИОТ ДЕН???

Сфаќам, разбирам.
Само, дали може да се нарече исцениран инцидент тепање за време на одржување на мирен протест? Толку ли анимален народ сме? Замисли, протестот да минеше без ќотек...идејата беше да одиме на локација, 3 минути со плакатите, изјава за медиуми и повик за вклучување на младите архитекти, факултетот и архитектите воопшто во една поширока дискусија за клучните градежни интервенции на просторот од јавен карактер и од јавен интерес, би формулирал, каков шот е најголемиот и најрепрезентативниот плоштад во Македонија.

Едноставно, сметам дека полицијата со поголема бројност - доколку твојата презумција на нашиот менталитет е апсолутно неменлива и константна - ќе спречеше било какво излегување на работите од контрола.

И не ми замерувај мене што реагирам на тепачите, бидејќи вака го бранам и твоето право да го кажеш јавно твоето мислење.

И јас сакам мирни избори и сакам да не ја категоризираат Македонија како некоја земја од племенски карактер и да не условуваат со најразлични бенчмаркови и чуда - но мора и ние да сфатиме дека кога ќе речеме за некоја земја дека е, на пример, како Уганда, што би требало да симболизира нешто налик на ептен раштиман оркестар - дека можеби светот гледа на нас како една иста таква земја, а ние можеби сме прегорди и суетни за да го прифатиме тоа како реалност. Или полошо, вооптшо како можност.

Нема оправдување за задушување на уставно право. А вчера кој ги изваде работите од контрола, јас незнам. Интерес од граѓанска криза во Македонија би имале опозиционерите кои ко хиени очекуваат да се вратат на власт, тоа е моето мислење. Ама па и позиционерите ко да им помагаат, мајкуму. И тоа е дневната политика.

Жал ми е што се дефокусира архитектонскиот проглас од основната цел и тотално се става во политичка конотација, и против тоа ќе спорам секогаш бидејќи како што кажав пар пати бев вклучен во организацијата. И да се одвиваше како што треба, ние ќе бевме задоволни бидејќи сме го кажале нашето и ќе ја продолжевме иницјативата по други основи и на секакви места - а Македонија немаше да личи на џунгла, барем вчера, барем на плоштад.

Веројатно, многу треба да тренираме слушање на едни со други, ние, обичниот народ - и политичарите нема да можат толку лесно да не мачкаат со вазелин, кога ќе им се приебе. Повторувам, не сметам дека некој вчера го направил истото т.е. не го направил со иницирањето на термин за вчера.

Првичниот план ни беше да чекаме за после избори, а во случај на информација за почнување на градежни работи да одиме „под багери“ за да го одложиме процесот, бидејќи откако поп ќе ја освети локацијата, никако јас не би се осмелил да мрднам со прст, иако сум споменал дека емоцијата е емоција, а професијата професија. Но почнаа да фрчат лопати. И алармот се дигна.

Едноставно, тврдо верувам дека со градбата на било каков објект на таа локација, макар и рудник за злато, на Скопје ќе му се направи трајна штета.

А околу градбата на црква, како може да сум против?! Православен христијанин сум од мојата прва година живот. Сметам дека на една онаква локација, прво што нема да се вклопи во контекстот, друго црквата ќе го нема сјајот кој би го имала доколку е на посоодветно, пошироко место каде ќе може да се истакне нејзината грандиозност.

Има теми во подфорумот Архитектура, читни и дознај нешто повеќе.
 
А ти стварно мислиш дека ,било која влада, би направила таква глупост, дека сега за време на избори и требаат вакви сценарија.Башка си имаат полиција како свој орган , задолжен за такви појави..
А ти стварно мислиш дека протестот ќе го добиеше овој размер доколку вчера полицијата си ја вршеше работата за која е платена ?

Која ти е поентата.
Дека и полицајците кои биле на протестот се ангажирани од сдсм и "соросоидите" ?

Eдит:

Имам чувство дека тепањето и неажурноста на полицијата ги оправдувате само поради тоа што протестот е во време на изборен период.
 
Па тоа не се знае. Од една страна да ама од друга страна поголем дел од непартиската подршка веќе им откажа љубов па сега не остана ништо освен да се покажат заби. Им се кажа убаво на сите што планираат да протестираат дека ем може ќотекот да го изедат и ем они да одат по судови и у затвори.
Ај тебе да те прашам, вчера поставив прашање ама никој не ми одговори. Вчера кога гледав вести на Канал 5 видов луѓе со маици од Брат Љубе. Бидејќи се декларираше дека си подржувач на него, а гледам од постовиве имаш и други информации, тие луѓето со маици од која страна на барикадите беа? Однапред благодарен.
 
khm....

инаку ако викаш дека се сдсм зошто ова се случува зошто нема пријави за бандата морони кои тепаа?и зошто таа група била оценета од премиерот и мвр како спонтано собрана група ?
Ти гледаш и слушаш вести или чекаш некој друг да ти прераскаже кој што рекол. Топло ти препорачувам, во иднина, само она што самата ќе го видиш и чуеш, сметај го за веродостојно!!!
 
de druze gi vide li tamo guner,milcin,branko tozija,boris kondarko i eden vod telohraniteli ....nasednavte svesno ili ko ovie antiprotestantive ne svesno:)

Ама шо да им правам јас бе радапцигер? Ако не беа избори, немаше да дојдат? Да ги замолам да го напуштат плоштадот и да се тргнат на радиус од 2 километри? Дали мислиш дека ако тие биле некаква „сива еминенција“ позади некаков чин, дека би излегле на сликање за да се знае кој всушност стои „позади“ нешто?

Незнам шо да кажам...
Абе изборот на термин ви е ко да прошеташ во Газа со традиционална еврејска носија. Или во Харлем со качулка од ККК :)

Ко Ивица и Марица, ве однеле во шума да ве изедат волците.
Ама компарација... болно тажна.
Рече си бил на мое место. Ако си осетил тупаница во обид да кажеш еден став на мирен начин, став кој не вади ничии очи туку има за цел да поттикне повеќе опсервација пред правење на некакви трајни проблеми...тогаш знаеш што зборуваш за Ивица и Марица.
Во спротивно, се друго е фактографија (книга).
 
Ти гледаш и слушаш вести или чекаш некој друг да ти прераскаже кој што рекол. Топло ти препорачувам, во иднина, само она што самата ќе го видиш и чуеш, сметај го за веродостојно!!!
ајде цел текст од А1 да ти пастирам тука да сватиш за што зборувам!

Многу политика, ниеден одговор. Полицијата ниту по цел еден ден не излезе со име за некој од тепачите и насилниците.
Затоа пак експресно реагира на Претседателот кој го осуди вчерашниот инцидент. Црвенковски смета дека „Недозволиво е да се случува вакво силеџиство и насилство на однапред најавен протест во присуство на полицијата. Тоа во најмала рака според него говори за неодговорен однос на МВР освен ако и самото не е дел од ова сценарио“.
„Министерството за внатрешни работи, наместо да покренува прекршочни постапки против организаторите на мирниот протест, да ја идентификува одговорноста во сопствените редови, како и насилниците и истите да ги изведе пред суд“, се наведува во изјавата на претседателот.
„Правото на мирен протест е загарантирано со Уставот на Република Македонија и неговото исполнување не може да биде попречено или оневозможено, ниту заради религиозна посветеност, ниту заради партиска послушност“.
Според полицијата веќе биле повикани лица за кои имало индиции дека учествувале во инцидентот. Во тек била и идентификација на сите инволвирани. На Црвенковски му одговораат дека „МВР постапува исклучиво во доменот на своите ингеренции и врз основа на телевизиските снимки и фотографии започна со идентификување на лицата кои учествуваа ва нарушување на јавниот ред и мир“. Камерата на А1 уште вчера ги регистрираше напаѓачите.
„Тепање и инциденти, тоа е недозволиво и против сите што на некој начин учествувале, треба да се преземат мерки и ќе се преземат“, изјави Никола Груевски, претседател на Владата на РМ.
Студентите пак се чудат на полицијата која наместо да ги фати насилниците ги осудува нив дека немале редарска служба. Потврдуваат дека ја имале но и дека биле нападнати. Според нив смешен е ставот и дека групата што ги нападнала спонтано се собрала и реагирала.
„Сега не е прашањето дали сме за или против изградба на црквата. Прашањето сега е дали сме за мирно протестирање или со употреба на насилство за промовирање на сопствените ставови“, рече Здравко Савевски, студент.
Утре студентите ќе бараат факултетот да застане на нивна страна и да ги осуди нападите. Освен кај Народниот правобранител, дел од нив ке ја тужат и полицијата за тоа што само ја посматраше вчерашната агресија.
линк



http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=106472
 
Некој ќари од ова и тоа бајаги.
Се поделија 10ина боксови и по некоја клоца,полицијата си дремеше......чудно ми чудо.
Се дигна прашина како да се случи бог знае е што.
Да им ебам мајката на тие што ќарија од вчерашните случувања.:toe:
Се случи бог знае што.
Со боксови група граѓани беа спречени да направат мирен протест.
Тоа е многу сериозна работа која зборува за државата и граѓаните каде се случило тоа.
 
"ПСМ"(Прогресивен млад синдикат)
кои се овие Серпико?
 
со оваа влада и начинот кој води политиката посебно економијата -да
инаку ајде објасни зошто мвр не ги бара насилниците а поднесува пријави за организаторите на мирниот протест?
колку што памтам гордана јанкуловска е министер за внатрешни работи и колку што памтам она раководи со мвр и колку што памтам она беше од вмро ...Или и она е предавник?


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=106472
Читај и плачи....

Па граѓаните биле испровоцирани од протестантите, кои очигледно , го пренагласиле својот протест... Башка , подобро прост ама морален народ, отколку интелегентни неморални-човеколики створови.
За болдираното, ЊТФ?

Па тоа не се знае. Од една страна да ама од друга страна поголем дел од непартиската подршка веќе им откажа љубов па сега не остана ништо освен да се покажат заби. Им се кажа убаво на сите што планираат да протестираат дека ем може ќотекот да го изедат и ем они да одат по судови и у затвори.

Па досега ништо со љубов не постигнавме, можда подобро е вака ... да му се дотерат умот на народот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom