Ќе се вклучам кога нема да гледам околу фаци кои константно работат против интересите на мојата земја и мојот народ. Секаде каде се они вклучени не гледам искрен пристап и искрена намера за правење на подобро утре. Не е проблем црквата, не е проблем локацијата, проблем е тајмингот кој беше намерно одбран за да се исценира инцидент. Верувам дека во следните денови ќе има слични активности кои ќе кулминираат за време на изборите на 5 Април. Те прашувам, Кој има интерес за вакви инциденти во овој момент во Македонија КОИ ЌЕ КУЛМИНИРААТ ЗА ВРЕМЕ НА ИЗБОРНИОТ ДЕН???
Сфаќам, разбирам.
Само, дали може да се нарече исцениран инцидент тепање за време на одржување на мирен протест? Толку ли анимален народ сме? Замисли, протестот да минеше без ќотек...идејата беше да одиме на локација, 3 минути со плакатите, изјава за медиуми и повик за вклучување на младите архитекти, факултетот и архитектите воопшто во една поширока дискусија за клучните градежни интервенции на просторот од јавен карактер и од јавен интерес, би формулирал, каков шот е најголемиот и најрепрезентативниот плоштад во Македонија.
Едноставно, сметам дека полицијата со поголема бројност - доколку твојата презумција на нашиот менталитет е апсолутно неменлива и константна - ќе спречеше било какво излегување на работите од контрола.
И не ми замерувај мене што реагирам на тепачите, бидејќи вака го бранам и твоето право да го кажеш јавно твоето мислење.
И јас сакам мирни избори и сакам да не ја категоризираат Македонија како некоја земја од племенски карактер и да не условуваат со најразлични бенчмаркови и чуда - но мора и ние да сфатиме дека кога ќе речеме за некоја земја дека е, на пример, како Уганда, што би требало да симболизира нешто налик на ептен раштиман оркестар - дека можеби светот гледа на нас како една иста таква земја, а ние можеби сме прегорди и суетни за да го прифатиме тоа како реалност. Или полошо, вооптшо како можност.
Нема оправдување за задушување на уставно право. А вчера кој ги изваде работите од контрола, јас незнам. Интерес од граѓанска криза во Македонија би имале опозиционерите кои ко хиени очекуваат да се вратат на власт, тоа е моето мислење. Ама па и позиционерите ко да им помагаат, мајкуму. И тоа е дневната политика.
Жал ми е што се дефокусира архитектонскиот проглас од основната цел и тотално се става во политичка конотација, и против тоа ќе спорам секогаш бидејќи како што кажав пар пати бев вклучен во организацијата. И да се одвиваше како што треба, ние ќе бевме задоволни бидејќи сме го кажале нашето и ќе ја продолжевме иницјативата по други основи и на секакви места - а Македонија немаше да личи на џунгла, барем вчера, барем на плоштад.
Веројатно, многу треба да тренираме слушање на едни со други, ние, обичниот народ - и политичарите нема да можат толку лесно да не мачкаат со вазелин, кога ќе им се приебе. Повторувам, не сметам дека некој вчера го направил истото т.е. не го направил со иницирањето на термин за вчера.
Првичниот план ни беше да чекаме за после избори, а во случај на информација за почнување на градежни работи да одиме „под багери“ за да го одложиме процесот, бидејќи откако поп ќе ја освети локацијата, никако јас не би се осмелил да мрднам со прст, иако сум споменал дека емоцијата е емоција, а професијата професија. Но почнаа да фрчат лопати. И алармот се дигна.
Едноставно, тврдо верувам дека со градбата на било каков објект на таа локација, макар и рудник за злато, на Скопје ќе му се направи трајна штета.
А околу градбата на црква, како може да сум против?! Православен христијанин сум од мојата прва година живот. Сметам дека на една онаква локација, прво што нема да се вклопи во контекстот, друго црквата ќе го нема сјајот кој би го имала доколку е на посоодветно, пошироко место каде ќе може да се истакне нејзината грандиозност.
Има теми во подфорумот Архитектура, читни и дознај нешто повеќе.