ФФМ не издаваше фискални, па никој не може да докаже каде ги купил билетите!
Поради тоа што при продажбата на билетите на билетарницата кај арената „Филип Втори“ минатиот петок продавачите не издаваа фискални сметки, ниту еден навивач нема да може да докаже дека неговиот билет е валиден и важечки за замена со новите, нумерирани влезници.
Ова може да биде огромен проблем в понеделник, зашто луѓето кои ќе ги менуваат билетите не можат да ги познаат дали се фалсификати или оригинали, со оглед на тоа што беа печатени со многу низок квалитет. Токму поради ова, утре може да се случи вистинска побуна ако на некој од десетте илјади навивачи кои ќе дојдат на замена, му биде кажано дека билетот не му е оригинал. Исто така, многу лесно може да се случи, некој да смени фалсификат билети (повторно поради истата причина со неквалитетното печатење), за потоа да нема нови, нумерирани влезници за луѓето кои регуларно си купиле билет на билетарницата.