Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Од досада го почнав Твајлајт серијалот и по 4 пат :toe:
 
How to become a instant millionaire with sports betting ...

Се си бива ..:pipi:
 
Kaрлс Зафон - Играта на ангелот

--- надополнето ---

:oftopic: Мразам што треба да пишувам оф топик, ама не побарав за посоодветна тема од оваа.....
Ме интересира дали има да препорача некој книги слични со ,,Странецот‘‘ - Албер Ками, ,,Процес‘‘ - Франц Кафка, ,,Демјан’’, или ,,Игра во ‘ржта‘‘ - Џ. Селинџер(иако неверувам дека некој може да направи нешто барем малку блиску на делото на Селинџер)! Би ви бил благодарен на секој совет....
 
Pocituvan,
dokolku sakas da citas fantasy, najtoplo ti gi preporacuvam pisatelite Robbin Hobb (The assasin trilogy), i Raymond E. Feist (The rifwar saga). Mozat da se najdat vo Angliski Centar (Do bivso OU Lenin - Skopje), a ima i prevodi na srpski po drugi knizarnici. Knigite na Feist se vrvno literaturno ostvaruvanje vo poleto na epskata fantastika (fantasy), i cinam najbliski po kvalitet do delata na Tolkien. Robin Hobb raskazuva mnogu slikovito, i so malku fantazija ke se najdes na mestoto na nastanite. Pozdrav

--- надополнето ---

Probajte so "The tenth man" od Graham Greene
Kaрлс Зафон - Играта на ангелот

--- надополнето ---

:oftopic: Мразам што треба да пишувам оф топик, ама не побарав за посоодветна тема од оваа.....
Ме интересира дали има да препорача некој книги слични со ,,Странецот‘‘ - Албер Ками, ,,Процес‘‘ - Франц Кафка, ,,Демјан’’, или ,,Игра во ‘ржта‘‘ - Џ. Селинџер(иако неверувам дека некој може да направи нешто барем малку блиску на делото на Селинџер)! Би ви бил благодарен на секој совет....
 
Негде сум помеѓу Фактотум на Буковски, Преобразба и расказите на Кафка и Чистилиштето на Данте.
И крајно време е да се свртам кон Паоло Коелјо и други 'не бој се сине купиче ти тата трактор' автори оти вака не бива.
 
`Македонски јазик и литература за матуранти` од Билјана Богданоска!

Супер е книгата. Многу приказни се вмешуваат некако, многу ликови, секој со своја приказна. Некако и чуствата на ликовите се испреплетуваат, понекогаш се чуствувам како да читам книга пишувана неколку илјади години - почнувајќи од стара Грција, па средовековието, хуманизам и ренесанса, романтизам, модернизам. Се опфатено во книгата.

А воводот е малку така потежот, психолошки во книгата. Треба да се прочита едно добри 3 пати за да се разбере.

Се на се склопено, добра книга. Не ја препорачувам на оние кои не се матуранти.:smir:
 
освен што се спремам за матурските испити кога сум послободен ја читкам наполеон последната песна на заминување од макс гало
 
399 - Фредерик Бегбеде
Сурова несоџвакана, исплукана реалноста за маркетинг - бизнисот, кој не е ништо друго освен бизнис.

„Се викам Октав и се облекувам во АПЦ. Правам реклами: да, јас го загадувам универзумот. Јас сум оној тип што ви продава гомна. Оној што ве тера да сонувате за работите кои никогаш нема да ги имате. Секогаш сино небо, никогаш грди женски, совршена среќа, ретуширана во Фотошоп. Слики над кои човек се лигави, со музика во заднината. А кога со грижливо штедење ќе успеете да си го купите автомобилот од соништата, оној што го снимав во последната кампања, за мене тој веќе ќе биде демодиран. Јас одам три чекори напред и се трудам да ве фрустрирам. Ве дрогирам со новоста, а предноста на новоста е тоа што веќе никогаш не останува нова. Секогаш има некоја нова новост поради која претходната станува стара.

Животот го поминувам лажејќи ве, и богато сум награден за тоа. Хедонизмот не е хуманизам, туку cash flow. Што е неговата девиза? „Трошам, значи постојам“. Но за да се создадат потреби, треба да се поттикнат љубомората болката, незадоволството, тоа е мојата муниција, а вие сте мојата цел. “
 
Последната кашмирска роза од Барбара Клеверли.
До сега имам прочитано само една третина од книгата но до сега ветува.Дејствието се одвива во Индија каде "случајно" умираат сопругите на неколку познати англиски офицери и секоја од нив умира во месец март.
Затоа еден детектив ќе покрене истрага со која сака да докаже дека не станува збор за обична смрт или самоубиство туку за одлично испланирани убиства.
Вреди да се прочита.
 
„Тесла- портрет меѓу маските“- Владимир Пиштало

Навистина извонредна биографија за модерниот Прометеј. Авторот наведува една генијална реченица во која заслужено го величи научникот: „Светот помалку се измени од Платон до раѓањето на Тесла, отколку од раѓањето на Тесла до неговата смрт“.
Имам читано повеќе биографии за Тесла, но оваа ми остави најсилен впечаток бидејќи колку е претставена неговата големина и исклучителна интелигенција толку е претставена и неговата обичност и кревкост. Пиштало како да сака да му покаже на читателот дека Тесла е сепак човек од крв и месо кој знае да заплаче невино и безпомошно како мало дете.
Перфектен контаст на големината и едноставноста проткаена со низа философски мислења и двоумења низ главата на измислителот на 20-от и 21-от век.
 
Neverwhere- Neil Gaiman и Love u to Death- Meg Cabot и двете се фантазија...Во Првата се раскажува за човек кој ке се најде во долен Лондон (тоа нес као алтернативен Лондон), а другата е за некое девојче кое духовите на лугето ги испраќа во рајот или пеколот во зависност од нивните гревови.
 
"Плачат оние планини за мене" од Петар Ширилов. Приказната е за Деспот и Деспа, Македонци протерани од родниот крај, планинското село Северјани, Егејска Македонија во екот на Граѓанската војна во Грција (1946-1949). Тие се населуваат во Војводина, Југославија, каде што се обидуваат да започнат еден нов живот, на една туѓа, а сепак гостопримлива земја.
 
Браќа Карамазови во моментот ја читам по препорака на еден член од форумов. За книгате дафинитивно треба да се одвои доста време не само што има многу страници туку има и многу личности многу заплети многу пораки и не е лесно се да се прогота, но секој што ќе ја прочита сигурно ќе му стане една од топ 5 книги што ги прочитал во животот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom