Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
''The End of Days'' - Zecharia Sitchin

Зошто овој 21 век е толку сличен со 21 век п.н.е.?Во време кога верскиот фанатизам и судирот помеѓи цивилизациите ја зголемуваат шансата за нуклеарен армагедон многумина се запрашуваат:Дали на историјата и е судено да се повторува?Што ни носи иднината?Дали библиските пророштва ќе се остварат?Ако да,кога?
 
Фашистичка револуција - Бенито Мусолини.

Ова прво издание на Мусолини на македонски јазик претставува своевидна тематска антологија од говори, статии и искажувања на Мусолини. Во неа се дадени основните акценти на политиката, теоријата, практиката и пропагандата на фашизмот. Со својот збор, Мусолини гради митови, ги воодушевува масите, ја облекува конгломератската фашистичка идеологија во убави алишта и ја аргументира фашистичката практика.
 
Само што ја завршив „Долина на куклите“ од Жаклин Сузан.
Иако на прв поглед делува како чик-лит, приказната е добро склопена, има интересен сплет на околности и е сконцентирана во временски период 1945-1960 во Њујорк и Холивуд, се раскажуваат животните случувања на три жени, секоја од нив со свој пат и врв и дно за достигнување/паѓање.
Животите им се сретнуваат низ целата книга, а допирните точки им се протегаат од пријателство до Секонал апчиња.
Стилот е задоволителен, лесен и разбирлив, содржината е примамлива, има недостаток на метафори, но крај краева ова не е книга на Кундера. :)
 
''The End of Days'' - Zecharia Sitchin

Зошто овој 21 век е толку сличен со 21 век п.н.е.?Во време кога верскиот фанатизам и судирот помеѓи цивилизациите ја зголемуваат шансата за нуклеарен армагедон многумина се запрашуваат:Дали на историјата и е судено да се повторува?Што ни носи иднината?Дали библиските пророштва ќе се остварат?Ако да,кога?

најс ...за что се зборува во оваа книга ако можеш да објасниш :smir:

За сега ја читам "Мрачна Кула" Стивен Кинг
 
Затоа што те љубам - Гијам Мусо/Мисо. По препорака на Бебуш, книгава од вчера ја започнав, досега на средина, што можам друго да кажам... Стил кој не замара, убаво разработена тематика... Препорачливо за оние кои го пратат стилот на Тони Парсонс, Марк Леви, Фабио Воло. За мене една солидна 8ца.

BTW намерно не кажувам што се работи... Вреди за тие што сакаат љубовни романи.
 
најс ...за что се зборува во оваа книга ако можеш да објасниш :smir:

За сега ја читам "Мрачна Кула" Стивен Кинг
Зекараја тврди дека открил на сумерските глинени таблички докази дека Земјата во далечното минато била посетена од вонземна цивилизација AN.UN.NAKI која ги основала првите градови во Месопотамија.Во книгава се раскажува за нуклеарната војна помеѓу овие “богови“ во 21 век.п.н.е. во која што е уништена Сумерија,градовите Содом и Гомор и др.,за нетрпеливоста и желбата на Мардук да дојде на власт и за тоа како тој 21 век,век на политички и религиозни несогласувања,е сличен со сегашниов 21 век.
Ако неможеш да ја најдеш,ја имам на ПДФ на хрватски,ќе ти ја пратам.
 
Уште неколку глави ми останаа и ке ја завршам „Сен - Мар“ од Алфред Де Вињи. Еден од најдобрите историски романи, прво дело на Де Вињи. Дело во кое тој ги внесол своите мисли за државата и општеството.
Романот е понесен од брановите на политички идеи кои во тоа време го заплиснувале француското општество.
 
Господарот на Прстените
Сакам по милионити пат да ги гледам екстендет верзиите на филмовите, па земав прво по милионити пат, да ги прочитам книгите (со подршка од Толкинов Речник, Атлас на Средната Земја и други).
Сеа сум до крајот на првата книга.
 
Дневникот на Сузан за Николас - Џејмс Патерсон

Ја купив на саем, слушнав добри критики, и зедов да ја прочитам. Почетоко навестува многу добра книга, и ме бендиса начино на раскажување.
 
Политички говори од Јозеф Паул Гебелс.

Овој избор од говори (1939-1943) го открива Гебелс како неуморен агитатор и како творец на митовите на германската нација, чијашто работа го направила предмет за восхит и љубов кај своите сонародници, а центар за напад и клевети од страна на непријателите. Предмет на Гебелсовите критики се англиската плутократија, Евреите, болшевизмот, Версајскиот договор и др.
Внимателниот читател лесно ќе ја забележи моќта на методите што ги применувал во пропагандата и во ширењето на нацистичката идеологија. Исто така, тој ќе може да направи споредба на тие методи со современиот пристап во политичката пропаганда и во современото новинарство.


П.С. Во изданиево е сместен и убедливо најдобриот (решавачки) говор на Гебелс и воопшто на еден нацистички политичар: Говорот за тоталната војна од 18 февруари 1943.

Ве прашувам, сакате ли тотална војна? Ако е потребно, сакате ли војна пототална и порадикална од се што досега сме можеле да замислиме?

За оние кои ги интересира политичкото и историското, оваа книга е задолжителна!
 
Хамлет од Шекспир, по вторпат!

Нема потреба да објаснувам содржина, сите знаеме за што се зборува.
 
"Стаклената книга на уништувачите на соништа" од Гордон Далкист. Првиот дел од трилогијата. Фина е, има малку и кратки дијалози, на моменти е нејасна и има долги описи. Али интересна е, мистериозна.

Книгата се состои од неколку поглавја, сите пишувани од различен point of view на неколку последователни настани.

Првото поглавје раскажува за една млада госпоѓица чие момче ја раскинало свршувачката. Кога таа го гледа на улица, почнува да го следи и доаѓа до една куќа во која има маскембал, и се случува нешто чудно...
 
Денеска ја купив Одлука-Николас Спаркс па сеа и се стрвам :pos2:
 
"Стаклената книга на уништувачите на соништа" од Гордон Далкист. Првиот дел од трилогијата. Фина е, има малку и кратки дијалози, на моменти е нејасна и има долги описи. Али интересна е, мистериозна.

Се нанервирав. После читање на 400 страници, дознав дека треба да прочитам уште два пати по толку за да го дознаам крајот. Епа како да не. Да беше поинтересна книгава ок, али на секои 50 страници се дешава по еден интересен настан, а не се чита брзо, а дома имам уште 10 книги кои чекаат да ги прочитам, па оваа не доаѓа предвид. Ако некој има време, нека чита. Btw книгава завршува кога еден од ликовите бега од тие кои го бркаат со намера да го убијат и баш кога мисли дека му нема спас, открива нешто како дупка, се спушта во неа, и толку. Крај. :tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom