Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
200px-Dracula1st.jpeg
 
Ја читам Исповед од харемот од Бранко Миленковиќ,пишувана според вистинска приказна.Многу добра книга.:helou:
 
Ја читам Исповед од харемот од Бранко Миленковиќ,пишувана според вистинска приказна.Многу добра книга.:helou:


Интересна и многу поучна книга :)


Јас почнав 100 години самотија да ја читам, но ја добив на подарок Breakheart Hill, па ја почнав и таа.
Интересен роман е. Се работи за првата љубов, за разоткривање на мистериите, за пријателството и за загубата на саканиот.
 
„Мери Попинс“, „Ние, врапчињата“, „Пинокио“ и слични такви. :)

За испит ова, литература за деца. :)
 
Демијан од Херман Хесе.
Лесна за читање и разбирање, небаре е роман за дете од 5 одд. а всушност ми е лектира за IV година.
 
'399' - Фредерик Бегбеде

Одлична книга, денес ми е втор ден каде што ја читам и планирам да ја довршам...

Обидувајќи се да го прикаже животот, не со објаснување, туку без шминка, онаков каков што навистина е, овој писател, еден од најкултните на париската книжевна сцена, ни ја раскажува приказната за парискиот монден Октав Паранго.
Октав Паранго, ненадминат првак во креирањето на рекламни слогани, поминува низ лош период во животот. Неговиот талент страда од претерување во консумирање на кокаин, трошење на пари, лесни девојки и непроспиени ноќи. Живеејќи ја современоста докрај, овој млад човек ќе се најде во вртлогот на животот, решавајќи да застане за миг и да се обиде повторно да го најде вистинскиот пат, да ги состави растурените делчиња од неговиот мозаик наречен живот, притоа, на духовит начин согледувајќи го овој, истовремено, трагичен и комичен свет во кој (сме присилени да) живееме.
Ексцесивна критика или документарен пастиш, како и да ја доживеете оваа книга, нема да им одолеете на духовитите забелешки на сметка на светот во кој живееме, затрупан со рекламни спотови што ни ги диктираат животните идеали.
 
Денес ја почнувам ИДИОТ од Достоевски. Машала книга :icon_bigg
 
ustav.jpg
Чекам објаснување зошто е избришан претходниот одговор каде што напишав дека го читам Уставот на РМ. Член 16 од Уставот на РМ:
Се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата
и јавното изразување на мислата.
Се гарантира слободата на говорот, јавниот настап,
јавното информирање и слободното основање на институции
за јавно информирање.
Се гарантира слободниот пристап кон информациите,слободата на примање и пренесување на информации.
Се гарантира правото на одговор во средствата за јавно
информирање.
Се гарантира правото на исправка во средствата за
јавно информирање.
Се гарантира правото на заштита на изворот на информацијата
во средствата за јавно информирање.
Цензурата е забранета.
 
book_the_pilgrimage.jpg


Дневникот на еден волшебник од Пауло Коелјо. Првата книга на Коелјо. Делото почнува со аџилакот - Патот за Сантијаго до моштите на свети Јаков на Пауло како член на РАМ (Регнус Агнус Мунди), придружуван од својот водич, наречен Петрус (наречен така, за Коелјо да го сокрие од јавноста неговото вистинско име).
Во текот на аџилакот, Петрус му покажува некои основни принципи на РАМ, вежби-медитации и го запознова со некои филозофии на Западниот мистицизам.
Во глобала, нешто просечно (според моите сфаќања), со премногу и пренасилено филозофирање, метидации и честопати бесмислени разговори.
 
Портретот на Дориан Греј - Оскар Вајлд

Книгава дефинитивно ја препорачувам. Откога еден сликар ќе го наслика портретот на 17-годишниот Дориан, истиот ќе посака да остане вечно млад. И успева во тоа. На возраст од 40 години изгледа Дориан младолик и сите му завидуваат и му се чудат како успеал да го направи тоа. Оставам на вам да дознаете која цена ја плати Дориан за да ја оствари својата цел.
Во книгава има многу поучни мисли за животот, посебно за уметноста и младоста.
 
Само што се вратив од кај другарка ми и земав една книга со интересен наслов.Се вика "Книга за жената". Мислам дека има многу скриени работи во неа според тоа што го прочитав во крајниот дел.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom