Ај и ја да се надоврзам на муабетот за дуелот
Ма каков порнич, дај уш еден дуел
Забава за сите генерации, сигурен сум дека ваков слоган имаше некоја локална телевизија во државава ни наша розева. Ама вечерва не локалните, туку националните телевизии ни дадоа понуда што едноставно не се одбива. Двајцата претседателски кандидати и премиерот во иста вечер едно по друго на две национални телевизии - рај за око и уво дефинитивно.
Сигурен сум дека вечерва се случиле барем 249 оргазми ширум државава, и кај вмро-вците, и кај сдсм-овците. Ако вечерта по првиот круг причина за слава имаа само во СДСМ, сега и во ВМРО-ДПМНЕ слободно можат да свршаваат. Е не само Емилијан ќе слави победа.
Најпрвин искрени честитки и желби за што поуспешни емисии на водителскиот пар на националната или како што некои обожаваат - државната телевизија. Посебно до машкиот дел од водителскиот пар. Се надевам дека на следниот дуел ќе му донесат и креветче па да може ко човек да си отспие, а не ко вечерва од простум.
Највторин искрени честитки и до двајцата кандидати, ја извадоа суштината на проблемите и да не ги сопреа водителиве тука на лице место ќе ги решеа.
Најтретин посебни честитки за Ѓорета кој конечно му заар`же на Фрчко и му покажа заби. А така, можеби требаше да помине три-четвртини кампања, ама го научија колку толку. Ехеееееј, додека ни стане претседател има се да научи, па на Бакојани ќе и е страв на билборд да го погледне, не пак муабет да направи. На крај ќе испадне тие да менуваат име. Како ами.
Потоа, честитки и до Фрчко за смелоста да се обраќа на „ти“. Така бе брат, покажи дека се знаете сто години, што има врска што претендираш да станеш претседател, треба малку другарство да покажеш пред народов. Не за џабе заедно пауар плеј на Антена сте слушале од ко сте го попрајле радиото.
Ептен големи честитки и пофалби уште еднаш за Ѓорета. Овој му образложува 2 минути како не знаел да го реши името, а Ѓоре смело му враќа - знам, завршен цитат. Овој му вика немаш став, Ѓоре смирено констатира колку тоа Фрчко е изнервиран и фраерски му враќа - имам став, и уште еден завршен цитат. Абе шах-мат. Го реши во два потега.
Друга работа, ако ме чита некој од Еднооки, ај ште ве моља напрајте му го на Фрчко она што му го праевте на времето на Бучко. Само сега наместо „Европа“ дајте да видиме на колку различни начини може да се каже „изолација“.
Вечерва покрај другото научивме и една многу важна лекција, а таа вика дека ако сакаш да си професор на Правен покрај способноста да поправаш радија ти треба и квалификацијата позната кај академската заедница под поимот „буреконосач“. А ја едно време мислев со врски се станувало нешто такво. Ех, Јоване, Јоване, 19 години во заблуда си живеел...
Се на се, добра увертира за уште една
кафе пијанка на Никола и Миленко. Нешто популарно гледам станало обраќање на „ти“ во последно време. Ма јебеш функција, професионалност и јавност, си имаш ти другарски однос со премиерот, како сакаш ќе си го викаш. А и да не го викаш, сам ќе ти дојде, и така на вечер нема лопати за фрлање.
Јебеш и објективност, твоја емисија, ако сакаш и ќе ја опцуеш другата партија, да не ти замери некој случајно.
Се супер, прекрасно, море како прекрасно, дури и по малку волшебно, само едно ме интересира. Како тоа Никола го пушти Ѓоре на мегдан со Фрчко, а тој избега од сукњата на Рада... А баш го бива. Еве мене на пример ме убеди дека само нас не не` чепка светската економска криза. А и дури и жал ми падна за премиеров наш. Тој невин, го натоварија за Свидмилк, а тој само бил таму лента да пресече. Што да прави кога го викаат, а вели, сегде го викале и сегде сечел ленти... А и го љуби камера, штета би било да не се слика.