Не знам зошто ама книгата како да ми нема некоја којзнае каква содржина.
Ја знам една работа - единствен начин за да стигнеш до пари денес е да успееш да ги излажеш разгалените дечиња да трошат пари на нешто, макар да е тоа и најголемата глупост. Зошто писателката знаела дека девојчињава денес паѓаат на такви финти, им го презентира вампирот, и одма настанува тука масовен култ кон типот, сите паѓаат на неговиот шарм, сите го сакаат, сите сонуваат за него... До кај стигнавме, до вчера сите трчаа по принцот на Пепелашка, сега човекот на нивниот живот е некој вампир именуван како Едвард, кој е ништо повеќе освен фикција. И не ти требаат некои детали, едното исто се врти цело време, приказната е лесна за сфаќање, малку ликови, го тупиш истото цело време и пишуваш негде 300 страни и стануваш бестселер автор!
Што не го читаат денешниве тинејџерки Достоевски? По? Шекспир? Иго? Они отидоа по вампирот!
Кога Мајер, Браун и Коељо станаа писатели, секој може да напише бестселер.