Пријател е оној што знае се за тебе и покрај тоа се уште те почитува

Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
Имам 2 другари, и 2 другарки кои знаат се за мене, значи буквално СЕ, сите мои падови (кои несомнено ги имало) и подеми, и ете ги, секогаш тука за мене, и ме сакаат таков каков што сум, со моите доблести и маани. Не би ги менувал за ништо на светов.
 
devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Пријател е оној што знае се за тебе и покрај тоа сеуште те почитува
како сум пропуштила да одговорам на оваа тема :)

Точно така, за мене пријател е некој во кој имам целосна доверба, во кој не ми е ни трошка страв дека утре ќе ме предаде, пред кој не ми е срам да разговарам за се што ме измачува, кој знае секогаш да биде покрај мене и кога сум среќна и но и кога ми е тешко. Но од друга страна сите овие работи треба и тој да ги осеќа спрема мене за пријателската љубов да биде обострана.

А во однос на тоа дали вистинските пријатели ги избираме по некој критериум или пак тоа е нешто посилно што извира внатре во себе , јас би рекла дека апсолутно тоа е она второто, тоа внатрешно јас кое нема правила и норми според кое се води, кое не им суди на недостатоците, туку секогаш гледа да е на твоја страна . Да слично како мајчиската љубов што ја опиша Black Rose.

Токму поради сите овие причини денес е многу тешко да најдеме вистински пријател, но макар и да имаме барем еден таков, треба да го цениме и чуваме како најголемо богатство. :smir:
 
Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278

За првото болдирано би рекол дека времето како фактор и она што го велиш ти она внатрешното што извира од нас прават еден филтер врз кои ние несвено реагираме и така создаваме или стануваме пријател.
Затоа и денес е тешко да се најде вистински пријател. Многупати еден од овие фактори ќе не изневери. Се случува факторот време да биде премногу жртвуван за да се дојде до пријател, но на крај она внатрешното ќе не предаде во проценката. И обратно, многупати чуствата кон некого ќе бидат ладни, но со текот на времето ќе видиме дека навистина во него сме можеле да веруваме како на вистински пријател. Како и да е тогаш кога ќе го најдеме се сложувам со тебе треба да го чуваме.:smir:
 
Точно! фактор време е исто толку битен фактор како и просторот што сме подготвени да го отстапиме од нашето срце и да му го доделиме на пријателот. Јас тоа "време" би го нарекла простор за адаптација и прилагодување на неговото присуство во нашиот живот, Во едно долго и искрено пријателство нормално дека ќе има периоди на оддалечување и заладување (ако можам да наречам) на односите поради х причини, ќе има и зближување како никогаш со сега, но ако тоа е право пријателство треба секогаш да сме подготвени и во двата случаи покажеме безрезервно разбирање.:wink:
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
Не може пријател да знае се за мене зошто ни јас самата не знам се за мене. Што свесно што не свесно имам пропуштено да го дефинирам и анализирам.
А она што го знаат луѓето за мене и ме имаат прифатено можеби е причина што тие се најблиску до моите размислувања или се со слични постапки и реализации.
Голем фактор во таа взаемна искреност и посветеност во кажувањето на тајни се пријателите со кои имаме заедно растено и со кои ги имаме поделено сите значајни моменти во животот, значи слеаните случувања, непреспаните вечери во делењето на совети, давањето подршка, утеха ... го прават пријателот дел од нас. Доколку не е така не е ни пријател. Доколку нема некој до нас што го чувствуваме како секојдневие и како втора воздишка значи не е вистинскиот.
 
Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Точно! фактор време е исто толку битен фактор како и просторот што сме подготвени да го отстапиме од нашето срце и да му го доделиме на пријателот. Јас тоа "време" би го нарекла простор за адаптација и прилагодување на неговото присуство во нашиот живот, Во едно долго и искрено пријателство нормално дека ќе има периоди на оддалечување и заладување (ако можам да наречам) на односите поради х причини, ќе има и зближување како никогаш со сега, но ако тоа е право пријателство треба секогаш да сме подготвени и во двата случаи покажеме безрезервно разбирање.:wink:
Да! Тој простор за адаптација и прилагодување е простор на постепено „разголување“ на еден спрема друг. И се разбира во тој период настануваат многу процеси и добри и лоши. На крај чуствата ќе бидат пресудни и тие одлучуваат земајќи ги во предвид сите моменти. Така после сето ова, оваа изрека „Пријател е оној што знае се за тебе и покрај тоа сеуште те почитува“ го добива интензитетот и вистинската важност.:smir::wink:
 
jeeeee8

Like dreams
Член од
28 ноември 2008
Мислења
647
Поени од реакции
16
Имам таков пријател сеа за сеа, и се радувам што е така.
А ги знае повеќето работи (не сите зошто за некои работи ни сама не сум сигурна дека ги знам ) за мене, и тоа се работи кои само на него можам да му ги кажам.
Секако тоа е обострано.
Е сеа има некои работи кои не ми допаѓаат кај него(или мои на него), сепак тие не се доволни за да ни ја расипат дружбата:), ама практикуваме да си кажуваме во лице се, се случувало да се испокараме за нешто ама искреноста е лек за се, и клуч на едно пријателство. Секако има периоди кога се одалечуваме одреден период, ама не до толку да се заборавиме,се слушаме на телефон скоро секој ден и си ги кажуваме маките и доживувањата, си се испукуваме еден на друг што би се рекло:) за да ни олесни.
Секогаш бил тука за мене, и јас секогаш сум тука за него, и се надевам на уште многу години вакво пријателство!:)
И сите си живееа среќно и весело !
 
reemteY

Ако...
Член од
27 март 2009
Мислења
426
Поени од реакции
36
До сега ниеден приател не ме изневерил, како што рече јееее8 искреноста е лек за се, се сложувам со тоа бидејќи имам еден приајтел скоро 13 години се дружиме со него и он знае се за мене истотака и јас за него. имам направено киксови, и он исто така :) , секогаш кога ми требаше он беше со мене за било што, поминавме и тешки ситуаци со него, решевме многу проб. заедно. Се надевам дека ке трае нашето друштво. И премногу ме радува тоа.
:)))))))))))))))))
 
Voice of Jericho

Twisted Firestarter
Член од
13 септември 2008
Мислења
301
Поени од реакции
137
Па има доста работи што знаат другариве за мене, и што покрај нив ме почитуваат, затоа и тие ми се најдобри другари зашто едноставно такви се работите и не можат да се променат. Кога ова ќе го дознае твојот другар, тогаш треба да го сметаш за вистински.
 
Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Па токму и затоа се најдобри пријатели ..затоа што те прифаќаат онаков каков што си..без оглед на сите глупости,бељи, незгоди,непромислени работи што ги имаш направено во животот..тие секогаш ќе бидат тука и ќе те подржуваат и почитуваат со сите твои маани и недостатоци.
Не можете ни да претпоставите колку сум пресреќна што имам таква другарка...Ај лове јууууууу..:back:
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772

:wub: Ја тебе поише! Инаку, по темата... Се имам дружено со една личност која луѓето ги ценеше по тоа со колку се мувале, колку алкохол пиеле, дали пушеле цигари...:uvo: И нормално, дека на крај си остана таа личност сама и осамена. Пошто, пази... Ако ти сакаш да го ставиш другарот во некоја твоја призма на однесување, тоа секогаш ќе вроди со контраефект. Не се менуваат луѓето така лесно. Јас луѓето ги ценам според тоа како се однесуваат кон мене. Не сум онаква да потпаѓам под туѓи влијанија и трачеви да го оформуваат моето мислење за некого. Затоа, со моите другарки си зборувам отворено во 4 очи. Тие знаат дека од мене можат да очекуваат се`, бидејќи сум јас непредвидлива и на моменти импулсивна. Никогаш не ми дале ултиматум да се однесувам вака или онака. Заедно созреавме. Така се прави тоа. А за оние кои не успеале да стигнат до мојата сегашност, сигурно постои причина. Сите си имаме интима. И чудно е, како и покрај тоа што знаеме дека имаме тајни кои се неубави, му пререкуваме на некој кој дури и имал храброст да ги сподели со нас. Тоа е само храброст и обична вистина. Штом некој споделил со мене нешто толку големо кое го чувал во себе, значи дека му значам и ја заслужува мојата почит. Ако е другарка-ја заслужува и мојата љубов.:back:
 
delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
имав таква добра другарка и мноу ми недостига,за жал сега сме разделени поради далечината,сега стварно многу ми недостига секогаш знаев можам се и кажам на неа без да ме издаде и дека ако ми треба совет секогаш би ме посоветувала,дури и знаеше да ме искара и секогаш ми викаше- ај не се замарај.Секогаш и кажував,без страв,се ` и убаво и лошо.
Многу ми недостига,а во ова време-невреме тешко да си најдеш некој на кој можеш да му веруваш.
 
Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Имам една таква, дискретно ќе и го погледнам аватарот:pos2:

Секогаш со искреност збориме. И од неа примам критики, од други тешко :smir:
 
VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Ги има! Неможете да кажете не...
Да,ама помисли колку на некого му е тешко да ги најди или подобро некој нема ни да го најде.
Под вистински пријатели барам само некој да ме цени.
Што ќе ми е да ми вика : Те сакам вака така,а да знам дека не ме цени?
Не барам совршенство,барам само почит од другите.
 
Член од
29 април 2009
Мислења
44
Поени од реакции
0
Па незнам најверојатно зависи што очекуваме од нашите другари,кои квалитети треба да ги поседува за да му го додадеме епитетот најдобар или вистински другар.За мене на пример најдобар другар е било кој што зане добро да ме насмее,што знае добар совет да ми даде ако го побарам(не сакам некој памет да ми соли ако не го прашав за мислење)и некој кој би ме утешил во моменти на слабост.Е сега дали има такви? Па има се наоѓа по некој за на кафе и трач муабети ама сепак најдобри пријателки гледам во моите сестри:back:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom