Имам таков пријател сеа за сеа, и се радувам што е така.
А ги знае повеќето работи (не сите зошто за некои работи ни сама не сум сигурна дека ги знам ) за мене, и тоа се работи кои само на него можам да му ги кажам.
Секако тоа е обострано.
Е сеа има некои работи кои не ми допаѓаат кај него(или мои на него), сепак тие не се доволни за да ни ја расипат дружбата
, ама практикуваме да си кажуваме во лице се, се случувало да се испокараме за нешто ама искреноста е лек за се, и клуч на едно пријателство. Секако има периоди кога се одалечуваме одреден период, ама не до толку да се заборавиме,се слушаме на телефон скоро секој ден и си ги кажуваме маките и доживувањата, си се испукуваме еден на друг што би се рекло
за да ни олесни.
Секогаш бил тука за мене, и јас секогаш сум тука за него, и се надевам на уште многу години вакво пријателство!
И сите си живееа среќно и весело !