tomislayer
Елегантно дебел =)
- Член од
- 18 ноември 2008
- Мислења
- 1.482
- Поени од реакции
- 82
Ги има! Неможете да кажете не...
Не! Не мислев да откриваме тајни, туку малку да ја анализираме мислата која во себе содржи голема вистина. Пред се мислам што е тоа толку силно што би те поврзално кон некого за да го имаш за пријател и покрај тоа што знаеш дека тој има многу недостатоци и маани кои не ти одговараат. Тука пред се мислам на особини што ги поседува, а кои се косат со твоето убедување. А сепак од друга страна пак нешто те влече и ти продолжуваш да го почитуваш како добар пријател. Дали воопшто можеме да кажеме дека ние самите имаме еден критериум за нормирање на тоа што сакаме кај човекот што ни е пријател или има нешто посилно од тоа па ние и покрај таквите недоследности пријателот го почитуваме со сите негови маани и доблести.веројатно мислиш на нешто што другите не го знаат за нас?
ако го пишеме тоа тука, сите ќе го знаат, така не е интересно.
Повеќе ја сакам онаа на Jim Morrison:Пријател е оној што знае се за тебе и покрај тоа сеуште те почитува
Елберт Хубард
Почитувани мислам дека оваа мисла многу кажува. Би сакал да продискутираме заедно околу ова. Што е она што Вашиот пријател го знае за Вас, а сепак Ве почитува и понатаму како пријател.
Што е она што ги држи пријателите заедно?Не! Не мислев да откриваме тајни, туку малку да ја анализираме мислата која во себе содржи голема вистина. Пред се мислам што е тоа толку силно што би те поврзално кон некого за да го имаш за пријател и покрај тоа што знаеш дека тој има многу недостатоци и маани кои не ти одговараат. Тука пред се мислам на особини што ги поседува, а кои се косат со твоето убедување. А сепак од друга страна пак нешто те влече и ти продолжуваш да го почитуваш како добар пријател. Дали воопшто можеме да кажеме дека ние самите имаме еден критериум за нормирање на тоа што сакаме кај човекот што ни е пријател или има нешто посилно од тоа па ние и покрај таквите недоследности пријателот го почитуваме со сите негови маани и доблести.
Така е! Многу убава аналза направи и ја погоди темата. Мислата на Џим Морисон е истата, кажана поопширно, но суштината и на двете мисли е токму она што ти го кажа во твојата анализа и ќе си дозволам да те цитирам „Нешто слично на мајчината љубов. Мајката секогаш ќе го сака детето и во нејзините очи ќе биде најдобро, без разлика на неговите постапки“. :back:Повеќе ја сакам онаа на Jim Morrison:
"A true friend is someone who lets you have total freedom to be yourself - and especially to feel. Or, not feel. Whatever you happen to be feeling at the moment is fine with them. That's what real love amounts to - letting a person be what he really is".
Не се преправаш она што не си за да изгледаш подобро во очите на пријателот, не мораш да бидеш лажно љубезен со него кога се чувствуваш непријатно, стравот од било кој облик потполно отсуствува и токму тоа е она што ти дава потполна слобода да бидеш свој. Знаеш дека без разлика што и да направиш или кажеш, пријателот ќе биде покрај тебе и ќе те подржува, па дури и тогаш кога твоите постапки се косат со неговите принципи.
Што е она што ги држи пријателите заедно?
Пред с`е, навиката. Навикнат си на таа личност и нејзиното присуство во твојот живот, заедничките разговори, на нејзината смеа, начинот на кој пафта со рацете додека зборува, на нејзиното молчење додека јаде, кое страшно те нервира, но кога сите овие нешта отсуствуваат ужасно ти недостигаат.
Слободата да бидеш она што си. Односот кој сте го изградиле со текот на годините и нештата кои сте ги проживеале заедно. Меѓусебната љубов и поврзаност. Способноста да се расположите еден со друг, кога никој останат не може. Кога забораваш да леташ, пријателите се оние кои се тука да те подигнат.
Нешто слично на мајчината љубов. Мајката секогаш ќе го сака детето и во нејзините очи ќе биде најдобро, без разлика на неговите постапки.