Пријател е оној што знае се за тебе и покрај тоа се уште те почитува

T

theTinule

Гостин
Не сум сигурна дали има или нема...Викаат дека вистински другари се тие што ќе ти помогнат во неволја...хм...нема такви кога ќе подразмислам малку повеќе.

Имам една единствена другарка пред која немам тајни, со која ниеднаш си немаме повишено тон, која ме почитува без разлика што правам и како се изразувам. Истото го правам и јас за неа..верувам дека нема тајни пред мене, дека не преќутува ништо и дека се што не и се допаѓа кај мене ми го плеснува у фаца. Мене не ми смета тоа што е избувлива, и срамежлива и мнооогу чуствителна(иако знае да се брани). Кога е срамежлива јас искачам у пресрет и ја смирувам, а па кога ја знам да се опуштам многу во зборење она искача и мења тема. Кога е избувлива ја смирувам, кога е чуствителна тука сум за неа во секое време. Исто и јас..кога ми е тешко вртам телефон и ја викам да дојде, плачам врискам се што ми е на душа кажувам и на неа не и е тешко да ме слуша.

Никогаш нема да најдам слична на нејзе..и сигурна сум дека не постои таква уште една...

Што се однесува до другите тако звани BFF сите ми јадат бурек позади грб. Не се замарам. Не се вредни да се нервирам за нив туку само треба да се мачам да глумам дека ми се допаѓаат и дека сме BFFs или што и да е...Иако сме постојано во контаткт не е тоа истото со другото девојче...мислам дека се дволични и лицемерни..со мене само тепаат време...многу често се чувствувам искористена од нивна страна...никогаш не би ми паднало на памет да е дружам со некој од корист...не ми е ни во свесте ни во потсвеста...незнам како на нив им е...
 
Член од
21 јули 2009
Мислења
37
Поени од реакции
2
Постојат али многу се ретки.
Вистински пријател според мене е некој во кој ќе можеш да имаш доверба, на кој ќе можеш да му се исповедаш без да се секираш дека ќе те оговара низ село :pos2::pos2::pos2:. Некој кој ќе ти ја кажува вистината безразлика колку и да боли.. Што нема да ти прави лице. Некој што ќе ти помогне да си дојдеш дома кога си пијан, и ќе збори со мајка ти на тел за да те извади од каша. :pos2:............

Тие што ме поштуваат, јас нив дупло.А тие што не кој ги ебе, не вреди да се нервираш за некој што не заслужува.
 
Член од
2 април 2009
Мислења
1.405
Поени од реакции
177
Сум викала дека постојат,а ќе викам и понатаму.Верувам во вистински пријателства и знам дека до мене имам вистински другарки.
Секогаш,во секое време од денот,додека сум среќна,додека сум тажна,додека ми треба некој за да ме утеши,насмее,извади од некоја ситуација или било,било што можам да се обратам кај нив.Четири најдобри другарки сме,благодарение на нив сум ваква каква што сум денес.Благодарение на нив верувам во вистинско другарство.
Немаме тајни една пред друга,делиме се’,си помагаме кога тоа е потребно,по цели денови сме заедно без разлика дали на мсн или надвор и пак не ни здодеало една од друга.
Нормално сега,никој не е совршен,секоја од нас знае да згреши,но не и се вади тоа од нос,туку се толерира се додека не се премине границата.:) До преминување никогаш не дошло,затоа што се поправаме на време.
Се на се’,денес вака како Тина не би можела да си го замислам животот без нив и мислам дека никогаш нема да најдам нивни достојни заменички.Ве сакам.:back:
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Пријател не е оној кој ти помогнал. пријател ти е оној кому сакаш да му помогнеш.
 
T

TaMчЕ

Гостин
Имам неколку вистински пријатели...кои можат да се избројат само на едната рака!
али доволни ми се!тука се кога ми требаат!и кога сум среќна и кога сум тажна они си се тука и знам дека секогаш ќе бидат!
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Имам 2 вистински другари.Знаат се за мене но и покрај тоа ме пошитуват.Но морам да кажам ретко се наоѓаат толку искрени и добри другари....
 

брицо

liverpool
Член од
22 мај 2009
Мислења
567
Поени од реакции
2
па имам еден другар со кого сме заедно од 3 години и како брат ми е се му кажувам и тој мене иако имало и расправии помегу нас ама се се решавало добро и засега се функционира добро
 
Член од
23 јули 2009
Мислења
217
Поени од реакции
8
Имам 5 другарки на кои можам да се потпрам во секое време, да им кажам што ме мачи, да ми дадат некој совет и да ми помогнат кога ми е најпотребно.Со нив сум од мојата 7 год а сега имам 18 така да цел живот сме заедно и знаеме кој како диши, едноставно тоа е една нераскинлива врска која не поврзува и секогаш не одржува заедно.
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Имам 5 другарки на кои можам да се потпрам во секое време, да им кажам што ме мачи, да ми дадат некој совет и да ми помогнат кога ми е најпотребно.Со нив сум од мојата 7 год а сега имам 18 така да цел живот сме заедно и знаеме кој како диши, едноставно тоа е една нераскинлива врска која не поврзува и секогаш не одржува заедно.
јејејеј јас те сакам тебе...
те почитувам и те ценам најмногу на свет...:smir::smir::smir:
 
М

Мрак

Гостин
И јас секогаш велам дека немам вистински пријател. Без навреда кон пријателите, не е толку до нив колку што е до мене. Никогаш комплетно не им верувам на луѓето, секогаш сомнеж постои. Секогаш сама:)

Да, мислам дека пријател ти е оној кој знае се за тебе и покрај тоа те сака, почитува и прифаќа. Пријател кој те знае во твојата најлоша верзија, но и најдобра. Кој ги знае и добрите и лошите работи кај тебе и сепак те сака. Тоа е пријател кој и во добро и во зло би ти помогнал..
Денес повеќето луѓе при запознавање со некго ги откриваат само добрите страни, вешто криејќи ги лошите за да остават поубава слика во очите на другиот. И многу често луѓе кои се знаат 1 месец се најдобри пријатели, иако не се свесни за лошата страна кај другиот. Затоа овие пријателства најчесто завршуваат по неколку месеци, луѓето се опуштаат, се отвораат, ги запознаваат сите свои карактеристики .. тоа не е чвекот со кој ти се дружеше, затоа што тој беше совршен, а овој има мани итн .. Има некои силни пријателства кои ја поминуваат успешно таа фаза, е тие се вистински пријатели :helou:
 

CF.REAL MADRID

ЦЕВКА
Член од
9 септември 2009
Мислења
335
Поени од реакции
9
Еве да се пожалам и на оваа тема.....Бевме тројца другари со едниот од нив се скарав,он у друга земја е таму учи и живее..И сеа они двајцата се задружија малце повеќе...Преку летото заедно и на одмор беа..А овој другиов шо не се скарав не ни ме погледнуваше ни па се јави..Дојде време и овој си замина за странство,а овој другиов остана...И замижав се направив како ништо да не е а не требаше и отидов ја го побарав.И си почна се најнормално како шо било меѓу нас двајца..И сеа пред некој ден овој од странство дојде и гледам тукашниов само бара некои изговори да биде со него......Совет
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.891
^ Истепај го :icon_lol:

Од цело мое друштво имам само двајца ДОБРИ другари,кога сум со нив е поинаку,знаат се за мене,му ги кажувам моите проблеми кога можат ми помагаат,знаат се за мене итн....Битно е дека ме поштоваат и тие мене ми ги кажуваат своите тајни и проблеми.... Не се како некои кога им кажуваш некој твој проблем ти велат дека им е жал,а всушност се радуваат што имаш проблеми во животот.
 
Член од
14 август 2010
Мислења
5.508
Поени од реакции
5.821
Имам многу пријателки и пријатели ама вистински немам, зашто сите се тука кога ќе им треба нешто од мене, а кога ја ќе побарам услуга од нив ги нема. Вистинското пријателство е најретка птица на земјата и среќен е оној кој го има и знае да го чува.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.376
Поени од реакции
4.918
Nekad davno u vremena kad ljudi su cenili i kade je bilo covecki vrednosti, e tad je postojalo i vistinski prijateli...во овој свет на сјебан систем на вредности, кога никој не разликува што е добро а што е лошо не верувам дека постојат такви пријатели.Постојат пријатели од интерес и сте најдобри со нив се додека имате исти интереси, а после тоа пак назад кон секојдневните другарства.:smir:
 
V

vlako088

Гостин
Тешко, добрите и вистински другари се познаваат на маката кога ми е добро и имам пари може секој да ми биде другар но кога сум во невоља никаде ги нема.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom