катастрофа. мизерија. невидено.
кога играчите од кои најмногу се очекува, нема ништо да прикажат, односно ќе разочараат, па и уште кога тренерот нема да ги промени истите на време, единствениот начин да не загубиш е да играш против некои уште полоши од тебе...а баерн не се такви.
дел пиеро - без никаква сила влезе во натпреварот.
диего - дезориентират, 80% од топките ги загуби или им ги даде на противниците...
мело - незаинтересиран за случувањата на натпреварот...
не можат каморанези, маркизио и канаваро да трчат секаде каде што е топката затоа што другите ништо не играат...едноставно, не можат.
што да се направи...уште вечерва да се исконтактира Гус Хидинк! Ако е заинтересиран, би можел да направи чудо од Јувентус, и да ја спаси сезоната. Зошто баш тој? Затоа што мислам дека е тренер кој што нема да го чека Диего, или некој од другите ѕвезди 70 минути да се разигра, туку ќе го извади уште во прво полувреме, ако треба.
и уште една подолгорочна измена што треба да се направи...да се види што по ѓаволите се случува со повредите...не е можно 3 сезони ниту еднаш да немаш целосно здрава екипа...тоа никаде не се случува!:kesa: