Се враќа Липи, пристигнуваат Маскерано, Кјаер и Шамак
Според информациите од Италија враќањето на Марчело Липи на клупата на Јувентус е завршена работа. Имено, по Мундијалот, еден од најдобрите италијански стратези на сите времиња ќе се врати во Јувентус како спортски директор.
Негова десна рака би требало да биде Фабио Канаваро.
Што се однесува до промените во играчкиот кадар се најавува револуција. Јувентус во склад со растечката моќ на ФИАТ очекува повеќе финансии за следните трансфер периоди, а прв фудбалер кој уште во јануари би можел да стигне во Торино е Хавиер Маскерано.
Тој чини околу 25 милиони евра, а Јувентус тие средства би можел да ги обезбеди со продажбата на Сисоко во Барселона. Заминуваат Тијаго, Поулсен, кои не ги исполнија очекувањата.
Од новите играчи следното лето, во игра се уште и Шамак од Бордо кој е многу заинтересиран да пристигне во Торино, Данецот Кјаер од Палермо, како и Стеван Јоветиќ од Фиорентина за кого Јувентус е подготвен да понуди сума од околу 30 милиони евра.
И тоа не е се, се позасилени се шпекулациите за влез на американски капитал во клубот, кој од најголемиот италијански клуб би направил доминантна сила во Европа во следните години.
Oва го најдов на idividi.com.mk незнам колку е веродостојно и вистинито но сепак добро звучи.:wink::salut: