Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.341
Поени од реакции
2.235
Очигледно ке биде тешка утакмица,Фиорентина е во пеколна форма,тепаше еден Ливерпул со феноменална игра,денеска само срека го спаси Лацио од пораз,и тоа убедлив пораз...и според мене Фиорентина игра најубав фудбал сега за сега во Италија.:smir:

Па ништо чудно и Јуве да изгуби или нерешено да извади...:smir:
Да бе, и Киево игра добар фудбал еве тепа во гости на Каљари, ништо чудно и Јуве да го тепат.

Се таа ке ја правиме ние, сите Јуве ке го тепат, од сега Фиорентина можат да си го запишат поразот од Јуве, и тоа каков. :)
 
|И.И|

говно интерашко
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.572
Поени од реакции
6.701
Не сакам да се карам а камоли да навредам некого , вчера интер не беше убедлив.Но денес јуве беа очајни, бидете срекни што не изгубивте повеке.Не провоцирам туку само сум реален. :pipi:
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.607
Не требаше 3 напаѓачи требаше Јакинта аут - Трезеге ин, па така подобро ке беше вака многу повеке играчи привлечуваат внатре и по густо е нема шанса за гол.
Јас мислам дека и во тој случај немаше да се постигни посакуваниот ефект. Ништо ново (во тактички план) немаше да има ако влезеше Трезеге на местото на Јакинта/Амаури. Џовинко требаше да влезе на местото на Јакинта/Амаури, бидејќи очигледно беше дека не успеваа нафрлените топки кон Јакинта и Амаури така да требаше да се испроба Џовинко на позицијата втор напаѓач. Со самото тоа Јуве ќе имаше покреативен напад, и мислам дека ќе беше поопасен.

Мислам дека Чиро треба да го става Џовинко како втор напаѓач во отсуството на Дел Пиеро, и мислам дека на таа позиција ќе биде многу покорисен отколку како плеј.
 
Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Факт е дека тандемот Амаури - Јакинта едноставно НЕ може да функционира, тотално некомпатибилни и не знаат да соработуваат. Најдобриот напаѓачки тандем што го имаме е Трезеге - Дел Пиеро, најдобро се читаат и најдобро соработуваат, ама ете Алекс месец и пол у аут! Друго, мора да сфати Чире дека кога губи не смее да помисли да го извади својот најдобар и најкреативен играч и да стави 3 стапови од кои ни еден не знае да игра со топка (освен Амаури, ама добро ја знаеме неговата форма во последно време). Диего беше денес изваден од "тактички" причини поради тоа што имал маркер. Па добро што сака да порача со тоа, дека Диего може да биде сопрен со еден обичен маркер?! Многу глупо и непромислено...
Имаат две недели ладење, па валља ќе се опраат.
До тогаш - FORZA JUVE!
 
Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.237
Поени од реакции
8.135
Јас мислам дека и во тој случај немаше да се постигни посакуваниот ефект. Ништо ново (во тактички план) немаше да има ако влезеше Трезеге на местото на Јакинта/Амаури. Џовинко требаше да влезе на местото на Јакинта/Амаури, бидејќи очигледно беше дека не успеваа нафрлените топки кон Јакинта и Амаури така да требаше да се испроба Џовинко на позицијата втор напаѓач. Со самото тоа Јуве ќе имаше покреативен напад, и мислам дека ќе беше поопасен.
Можеби на почетокот на сезоната не се приметуваше толку, ама како одминува времето се повеќе до израз доаѓа немоќта на нашиот напад затоа што играме со двајца високи напаѓачи. Не сакав да кобам ама цело време мислев дека треба да купиме низок, продорен напаѓач кој би ги пробивал противничките одбрани и би создавал шанси за другиот висок напаѓач (Амаури, Јакинта, Трезеге).Требаше да се купи некој сличен на Дел Пиеро, кој е во поодминати години и веќе не може да го даде посакуваниот придонес за тимот. Се мислеше дека Џовинко ќе може да го наследи големиот Алекс ама тој се покажа недостоен за еден предизвик од таков вод. Мое мислење е дека тешко ќе се најде наследник на Дел Пиеро во блиска иднина, ама ако најдеме некој со приближни квалитети на неговите, ние сме на коњ.
 
Џовинко сезонава сеуште не заиграл на позицијата на Алекс, кога би го пробал како класичен напаѓач може и би покажал што знае. Факт е дека како плеј не може да игра чисто од физички причини - премногу е слаб.

Како и да е подобро сега да кикснуваме него на крај. Сега има и можност за корекција на тимот во Јануар, сеуште ништо не е загубено.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.607
ама како одминува времето се повеќе до израз доаѓа немоќта на нашиот напад затоа што играме со двајца високи напаѓачи.
Токму така. Реално, тоа се забележува на изминатите натпревари. Многу е покреативен нападот кога има еден напаѓач налик на Дел Пиеро во тандем со Амаури/Јакинта/Трезеге кои горе-долу се со слични карактеристики. Мислам дека вреди Чиро да проба да го уфрли Џовинко како втор напаѓач, и во отсуство на Дел Пиеро мислам дека има простор за тоа. За Џовинко сум сигурен дека ќе се покажи во многу подобро светло како втор напаѓач отколку како плејмејкер, а на Јуве му е и тоа како потребно да биде покреативен во градењето на нападот.

A зошто да не се проба и Чиро Имобиле од Примавера тимот на Јувентус. На повеќе наврати во пријателските натпревари добиваше шанса и навистина покажа одлични партии.

Џовани Коболи Џиљи според Фудбал Италија, се спрема да даде оставка од местото Претседател на Јувентус, а на негово место ќе биде назначен Жан Клод Блан наредниот Понеделник. Таа оставка немала врска со вчерашниот пораз од Палермо. Бидејќи, Жан Клод Блан ќе ја заземе функцијата на Џиљи, ќе се бара замена за Блан на функцијата што ја извршуваше досега, и се надевам дека Бордот ќе донесе правилна одлука за тоа.

Инаку, Тутоспорт јавува дека Јуве подолго време ги следи игрите на
Матиас Агуирегарај, инаку познат во Јужна Америка како новиот Кафу и новиот Занети.
 
Член од
20 септември 2009
Мислења
31
Поени од реакции
0
ako nekoj mozhe da mi objasni kakva smisol ima izmenata diego-de ceglie i izmenata camo-trezeguet?!?! imav povisoko mislenje za ciro ama me razochara!! kako mozhe da se sozdade shansa bez klasichen plejmejker vo igra?!?! opciata giovinco in iaquinta out i trezeguet in amauri out che beshe mnogu podobra...pa diego i camo mozhea da sozdadat nekakva shansa so pomoshta na grosso od drugata strana...navistina sum razocharan ne deka zagubivme tuku voopshto ne bevme vo igra...sekoja chest na palermo ni odrzha lekcija kako se igra moderen fudball..vo sluchajov ciro mozhe mnogu da nauchi od zenga...snoshti me razocharaaa....
 
Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.341
Поени од реакции
2.235
Можеби на почетокот на сезоната не се приметуваше толку, ама како одминува времето се повеќе до израз доаѓа немоќта на нашиот напад затоа што играме со двајца високи напаѓачи. Не сакав да кобам ама цело време мислев дека треба да купиме низок, продорен напаѓач кој би ги пробивал противничките одбрани и би создавал шанси за другиот висок напаѓач (Амаури, Јакинта, Трезеге).Требаше да се купи некој сличен на Дел Пиеро, кој е во поодминати години и веќе не може да го даде посакуваниот придонес за тимот. Се мислеше дека Џовинко ќе може да го наследи големиот Алекс ама тој се покажа недостоен за еден предизвик од таков вод. Мое мислење е дека тешко ќе се најде наследник на Дел Пиеро во блиска иднина, ама ако најдеме некој со приближни квалитети на неговите, ние сме на коњ.
Оти почна лошо и Џовинко нема појма. Браво, убаво размислувате.
Абе сететесе лани кога беше напаѓач што ги правеше, дај не зезајте.Треба да се игра Џовинко како напаѓач па да видиме тогаш како ке се функционира според мене барем малку да потфрлеше Амаури да покаже нешто ке беше многу јак нападот Џовинко-Амаури, и тоа каков, позади нив Диего и треба да бидеме и тоа како опасни, по десната страна Каморанези (ако не го мрзи), и тогаш треба да се запни, ке видиме ке оздавеат сите и ке бидат 100% фит, и тогаш ако не оди, незнам што друго треба.
 
kobnik

Гнетач
Член од
14 јуни 2007
Мислења
211
Поени од реакции
37
леле..... че пцујам и то на велико!!!
ако можи некој да ми кажи кој состав беше онај сношти оти оти навистина не можев да ги препознаам...па она беше резил и брука...послабо издание на јуве немам видено од....НЕМАМ ВИДЕНО!! како можи да очекуваме било што со онаква посрана игра... одбраната - една шака изгубени, средината - ко во саботата на свадба да биле... еден асолен центаршут да се немало туку сите згрешени и тоа со КИЛОМЕТРИ... и следствено на се ова, нападот - промашај...не ми е јасно шо прават на тренинзи.. багминтон да не играаат??!?!?
Имавме 0-2 негатива на полувреме и си викам еве вистински тест за јуве да покажи карактер и ко видов второто полувреме како се одвива...:nesvest: за џабе вртевме околу 16терец ко пес пред касапница, кога вистинските шанси и во вториот дел ги имаше палермо:toe:. имавме еден непостоечки слободен удар кој за малку ќе го даевме и толку!! па премалку е за претензиите што си ги зацрта јуве во оваа сезона. и какви беа оние смешни измени.. диего и мауро излегуваат а влегуваат де чеље и давид:tapp: и сеа да го прашам јас чиро кој мислеше дека ќе креира игра ко ги извади двајцата најдобри креатори што ги имавме на теренот????!!!! мело??? поулсен???? тие малку ако можеа да размислуваат ќе се обесеа на првата бандера... да му ебам жените!!!диего и мауро само што ќе влечеа по еден-двајца на нив ќе се направеше простор за брзо дете ко што е себастијан... за мене најлогична измена беше мело или поулсен аут а себа ин...
се надевам само дека од овие неуспеси во последно време ќе се научи нешто за во иднина... она од сношти не смее да се повтори... разочарувањата се својствен дел од фудбалот но во јуве одсекогаш биле толку ретки и затоа малку и пвеќе критикувам....
поздрв брајча и останете јувентини засекогаш!!!!
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Абе имам енда многу добра раперска марама од Јуве. Ја носев порано со дресот но сега ми е мал а марамата не ми ја збира на глава поради фризот.

Кој сака да му ја шутнам?

FORZA JUVE !
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
Абе имам енда многу добра раперска марама од Јуве. Ја носев порано со дресот но сега ми е мал а марамата не ми ја збира на глава поради фризот.

Кој сака да му ја шутнам?

FORZA JUVE !
хаха јас па имам еден дрес на Јувентус уште на Сони спонзорот штета што нема име да беше на пр од Чиро :vozbud:.Сите чудно ме гледаат со дресот ѕверски е уште го носам.Али време е да си купам нов !!!
 
Член од
7 август 2009
Мислења
286
Поени од реакции
10
е
Не ја гледав утакмицата али кога дознав дека сме изгубиле 2-0 многу се изнервирав.Ако сме изгубиле од Палермо значи лошо сме изиграле само да не станеме новиот Милан.Уште поише се нервирам што се палат интерашиве и миланезиве на порази на јуве они поарни да не се п*чка им мајчина нивна.Ќе се види на крај на сезона толку имам да кажам.Кога ли ќе се уиграат како на почеток а Чиро премногу почна да го мења составот нека избере стандарден малце и да СИСОКО да играна наредна утакмица доста му е одмор.
Нема да станете новиот Милан, не се секирај, вашите газди даваат по 50 милиони у траснфер период, за разлика од газдите на Милан. :smir:
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
е
Нема да станете новиот Милан, не се секирај, вашите газди даваат по 50 милиони у траснфер период, за разлика од газдите на Милан. :smir:
Токму затоа ќе завршиме пред вас неможете да играте со старците цела сезона :smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom