Сите слабо, освен Киелини и Зебина(пред да се умори). Легротаље кога против себе има играч од типот на Миколи (брз, експлозивен) едноставно се губи во време и простор.
Се надевам дека оваа лоша серија ќе ја завршат веќе на наредниот натпревар против Фиорентина, но мора да се концентрираат, зошто Фиорентина е во пеколна форма. Денеска имаше одличен натпревар против Лацио и само среќата го спаси Лацио да не биде поразен, така да Јуве го очекува доста тежок натпревар. Диего што излезе најверојатно е од причина што не е подготвен за цел натпревар, а Каморанези ако останеше во игра многу веројатно е дека Јуве ќе го завршеше натпреварот со Палермо со 10 фудбалери на теренот. Грешката во измените на Чиро е само тоа што наместо Трезеге тој требаше да го стави Џовинко во игра, бидејќи напад составен од Трезе, Амаури и Јакинта не може да функционира многу добро покрај дефанзивно ориентирана средина со Поулсен, Мело и Де Чеље.
Сега Јуве има пауза од 2 недели поради репрезентативни обврски на играчите, и има доволно време да се консолидираат силите. За две недели во тимот ќе се вратат многу важни фудбалери за тимот (Сисоко и Канаваро) и мислам дека тогаш нема да се допуштаат лесно топки во 16тикот на Јуве.
Јуве помина доста тешки гостувања. Рома, Лацио, Џенова па и Палермо се оквалификува како тешко гостување за големите екипи, така да очекувам дека со победа над Фиорентина Јуве ќе се врати на старите патеки. Сезонава е на почеток, но не треба да се допуштаат бодови.