Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.247
Поени од реакции
8.159
Работата која во последно време ме нервира во играта на Јувентус е тоа што форсираат некоја игра која е несвојствена за нив, некоја англиска игра со долги топки од Буфон или одбраната директно кон напаѓачите, притоа прескокнувајќи ја средината. Во оваа игра ама ич не се снаоѓаме и како резултат на тоа доаѓаат и ваквите сиви изданија и мечеви во кои едвај создаваме една или две полушанси од некој шут како тој вчера на Диего од слободен удар. Јас откога знам за Јувентус, секогаш средината била важен дел од неговата игра и сме играле преку неа. Вчера тоа воопшто не беше случај и Диего имаше доста мала улога а и она малце што го одигра не беше кој знае што. Мислам дека нема потреба да повторувам колку ме изнервира Чиро кога ја направи измената Диего-Де Чеље. Исто како со Баерн, Диего-Поулсен. Не ми е јасно како може да се подобри играта кога го вади Диего и става некој од овие двајца. Доколку сакал нешто да смени во играта можел да стави некој сличен на Диего, на пример Џовинко или пак на мечот со Баерн, Дел Пиеро. Ајде за мечот со Баерн и да го сфатам некако, можеби сакал да го задржи резултатот 0-0 и сакл да добие на цврстина во одбраната и затоа го ставил Поулсен да и помага на истата. Ама кој ќе го објасни потегот од вчера при резултат 0-2 за противникот? Јас немам објаснување за тоа. Можам само да кажам дека со вакви подпросечни изданија не правиме ништо и дека ако набрзо не се промени нешто од корен во играта, црно ни се пишува.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.323
Поени од реакции
5.998
Јас немам објаснување за тоа. Можам само да кажам дека со вакви подпросечни изданија не правиме ништо и дека ако набрзо не се промени нешто од корен во играта, црно ни се пишува.
Единственото објаснување може да е тоа што Диего најверојатно немаше сили да издржи 90 минути, нешто слично со Зебина, ама и да е така тогаш требаше да влези Џовинко, а не Де Чеље.
 
Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
Абе имам енда многу добра раперска марама од Јуве. Ја носев порано со дресот но сега ми е мал а марамата не ми ја збира на глава поради фризот.

Кој сака да му ја шутнам?

FORZA JUVE !
Од кој град си,да се договориме за марамата .. и кажи колку пари :)
 
Член од
22 април 2008
Мислења
549
Поени од реакции
93
Абе имам енда многу добра раперска марама од Јуве. Ја носев порано со дресот но сега ми е мал а марамата не ми ја збира на глава поради фризот.

Кој сака да му ја шутнам?

FORZA JUVE !
Дај сликај ја и постирај ја тука, да видам дали ке ми се бендиса. Нормално кажи и колку пари и од кај си.
 
Маци-

ragazzo pazzo
Член од
17 април 2007
Мислења
6.184
Поени од реакции
3.513
Нема врска што играме со висои напаѓачи ипак тие се многу подвижни и многу трчаат за да покријат,Амаури и Јакинта,проблемот е што не се игра онаа игра што се очекува,Бјанконеро Веро го кажа тоа што ја сакам да го кажам,вчера приметив дека играме со нафрлени топки и многу често имам приметено дека кога не иде играме така,значи кога имаме играчи како Камора и Диего во тим не смее да се игра таква игра,играчи кои се најкреативни ,мора да се игра по земја со многу пасови и проигрувања,нешто што Чиро го збореше на прес како тоа јуве ќе игра,тоа мене ме загрижува што не се игра таа игра,нападот беше отсечен Амаури и Јакинта не добија многу топки и мора да се смени начинот на игра,мора да играме со доста пасови и проигрувања
 
Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Вчера приметив дека тимот не сака да му ја признае плејмејкерската улога на Диего, значи пас до Диего треба да им биде приоритет кога имаат повеќе опции за подавање, а една од нив е Диего - тој треба да ја добие топката, човекот се откриваше и пак ретко добиваше топка од другарчињата. Мора Чиро да ги седне и да ги научи што значи играње со плејмејкер во тим. Еден куп погрешни подавања и глупи "центаршутеви" на висина на колено и тоа е тоа - 2:0 :toe:
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Како шо ветив вчера сега без емотивните излети на Шинтерашите можам да пишам за мечот.

Од играта не сум задоволен. Мислам дека сите го делиме ова мислење. Средниот ред ни е заспан. Треба на тренинг да земат да играат лажитопка и да вежбаат комбинирање во кој главна улога ќе има Диего. Разбирам дека е слаб со кондиција па неможи да ги издржи сите 90 минути ама барем нека покажи нешто во периодот кога е на терен. Некако во последно време се изгуби, ајде можеби е до повредата па ќе се среди по паузата.
Поулсен - незнам зошто плукате по него вчера барем беше солиден.
Одбраната и небеше толку лоша колку шо средината успеа да биди слаба. Мора да имсе дај на знаење и на Мело и на Поулсен а покрај нив и Киело и Легро да не прават излети напред како шо си имаат обичај да прат.

И за крај нападот. Можи да кажам најболната точка во тимот.

1. Амаури. Прашање за КикоМЦ: Дали сеуште мислиш дека ќе биди исплатлив трансферот. После Шевченко во Челзи ги има најскапите голој. (Шинтерашите на Морати од последните 10 години не ги рачунам- нонсенс )

2. Јакинта и Трезеге па и Амаури. НЕ СЕ ИГРАЧИ КОИ ТРЕБА ДА ИГРААТ ЗАЕДНО. Ова се играчи кои не знаат да се изборат за простор (добро Амаури е мал исклучок). Овие се ЧЕКАЧИ. Им треба некој кој ќе им тури топка на тацна и тие само ќе ја турнат в гол. Трезеге е убиец (штета шо млку не е во форма) ама Амаури и Јакинта се како со изгубен нишан. Било кој од овие играчи има потреба од техничар позади нив. Изгледа диего не е доволен самиот по себе. Повеќе има работа тој во средината и него му треба со некој да можи да комбинира. Ајде пред некое време го плукав Џовинко дека е како изгубен на средина. Еве нека го проба Чиро како напаѓач покрај Јакинта или Трезеге сега барем кога го немаме Алекс.
И за крај лошо е шо имаме 3ца кои сакаат да играат во прв тим а за нив има само 1-2 места. Сите сакаат да се истакнат и сите се тепаат за да фатат првотимски статус шутираат од неизграени позиции, додаваат кога неможат да шутнат и не се обидуаат да напраат некој продор појќе додаваат без везе до другиот во каква и да е позиција.
На крај на сезона без разлика кој колку гола и да дај од нив ако не сакаат да го прифатат фактот дека треба да се седи наклупа и да се мисли за доброто наклубот 1 од нив лета едноставно не се за да играат заедно.
 
Член од
25 јануари 2008
Мислења
1.839
Поени од реакции
68

Не се согласувам дека нападот е најболната точка во тимот, јас повеќе сум загрижен за одбраната, особено кога Канаваро не игра.

А за Џовинко и мене ми текна синоќа и се мислев да го пробаме и во напад, ако веќе и таму не се снајде слободно може да го користиме како дел од трансферот на Кјаер на пример, дечкото царуваше синоќа, мора да признаеме.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.323
Поени од реакции
5.998
1. Амаури. Прашање за КикоМЦ: Дали сеуште мислиш дека ќе биди исплатлив трансферот. После Шевченко во Челзи ги има најскапите голој.
Заклучно со мечот со Болоња, Амаури беше одличен на терен, иако можеби недостасуваа голови од негова страна, но создадаваше шанси, на повеќе пати асистираше, и беше доста корисен за тимот, тоа е факт. Од мечот со Болоња па до натпреварот со Палермо, Амаури освен што не постигнува погодоци, неговата игра на терен не е она што треба да биде, и тоа е исто факт. Секој напаѓач има одреден период од својата кариера во кој им паѓа формата (свеж пример беше Дрогба, од најубиствен голгетер, минатата сезона ја почна играјќи аматерски, и тоа беше се до полусезона).

Факт е дека Амаури нема постигнато гол на официјален натпревар од крајот на Февруари, но добар дел од втората полусезона (скоро поголемиот дел од втората полусезона) лани Амаури беше повреден, и изигра малку натпревари до крајот на сезоната. Амаури беше најдобриот играч на Јуве во текот на пријателските натпревари, даде најмногу голови (го даде израмнувачкиот гол против Интер во ТИМ Купот, и на Милан им даде 2 гола во 45 минути), и јас мислам дека само прашање на време е кога ќе ја врати старата форма. Треба само смирено да ја чека својата шанса, и да се труди што е можно повеќе да влези во форма.
 
G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.759
Поени од реакции
9.810

Oколу болдот.. не знам баш. Амаури беше слаб на мечот со Болоња, како и на мечот со Џенова. Последниве 3 утакмици (не земајќи ја онаа со Баерн каде изигра малце..), Амаури ги игра очајно. Добро ја почна сезонава, ијако без постигнати голови, одличен беше на првите натпревари. Не постигнуваше голови, но сепак, имаше и асистенции, продори, дриблинзи... На моменти не го ни посака среќата (имаше погодено многу пречки и утна многу шанси..), но сепак, факт е дека Амаури моментално не е во форма.

Неговите квалитети се несомнени, меѓутоа вистинско време е да почнат неговите добри партии, бидејќи си ризикува место во стартните 11, со оглед на факткот што Јакинта и Трезеге имаат постигнато веќе по 3 гола...

Добро би било да пробаме со Себа во нападот... Џовинко и Трезеге напред, позади нив Диего и Каморанези, мислам дека ќе живне играта во нападот. Сепак, потребна е и креативност во навалната линија, а со оглед на тоа што Дел Пиеро е повреден, единствениот играч кој може да ја пружи таа креативност во нападот е Џовинко. Вреди Чиро да го проба Себа напред, како партнер на Трезеге евентуално, а зошто да не и Амаури, можеби токму Џовинко му треба во нападот, брз, мал и експлозивен партнер.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.323
Поени од реакции
5.998
Лучијано Моџи изјави дека во Септември 2005 година, тој бил многу блиску до преминување во Милан, после одржаните средби со Берлускони, но одма после тоа се случи Калчополи. Моџи се сложил со тоа да премине во Милан. линк
 
Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.354
Поени од реакции
2.248
Момицки извинете така, ама ми треба нешто хитничко. Датата кога играше Баерн - Јувентус ми треба ??
Никој од Јувентините нема на мсн да ми каже :)
 
G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.759
Поени од реакции
9.810
Интересна информација доаѓа од Тутоспорт... Според нив, Чиро размислува за 4-2-3-1 формација... Ете му ја шансата на Џовинко во тој случај... :) Со Диего покрај него, мислам дека ќе изигра доста добро.

Иначе, Мароне е повикан за младинската репрезентација на Италија. Интересно ќе биде да се види неговиот настап. :) Стандардно, повикан е и Ариаудо..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom