Веќе кога ја свртевте темава накај образование, да кажам и јас нешто. Очигледно е дека само кај нас во Македонија образованието толку смрди, што сите трчаат кон главниот град во потрага по добро образование. Можеби е клише да се наведе “остатокот од светот“ како пример за споредба, ама стварно, во поголемиот дел од државите има таканаречени студентски градови, каде 80% од населението се студенти, дојдени од сите краеви на дотичната држава, и на никого не му е гајле кој од каде е. И да, таму излегувања “во град“ какви што нашиве студенти практикуваат три до четири пати неделно, се случуваат три до четири пати во месецот, од причина што луѓето знаат за што отишле таму, првенствено за да учат. Сигурно дека цела Франција не учи во Париз или цела Англија во Лондон.
Така да, ако се земе предвид ова, остануваат две причини за проблемот “цела Македонија на Кирил и Методиј“, односно
а)примитивно образование во остатокот од Македонија
б)терање шеми.
Така да, ако мислите дека некого тука го здоболе чив дедо што изградил, грешите. Проблемот е во тоа што ни самите студенти не знаат од која од горенаведените причини се дојдени во Скопје. Ако заокружат а), тогаш целата анти-провинцијалска дружина е слободна да се огради од понатамошна дискусија, и проблемот да го бара на друго место. А ако заокружат б), мада не верувам некој тоа јавно да го направи, онда го заслужуваат целото локал-патриотистичко плукање на светот.