Мој текст оригинално објавен
овде
Ѓоре, пуштај ни тумач!
- Мамо, мамо, з`ш овие злобниве чичковци никогаш не ме сфаќаат и секогаш ми ги искривуваат изјавите...
- Можда з`ш не знајш шо зборвиш бе синко... Дај среди ги мислите, изборј до 42 па после кажи.
- Ама јас не реков така, ама јас не мислев така, ама јас...
Ама ти човече стварно треба да се пазиш што тоа зборуваш пред микрофони...
Во четвртокот на појадок
викаш - „Ги замолив сите мои студенти да му помогнат, бидејќи човекот е сепак поранешен амбасадор, политичар, и на што ќе личеше тоа да не ги собере потписите, да го исмејуваат“.
Се крева фама, новинари
вртат телефони по факултети,
распрашуваат декани за етичка страна, за агитирање, за злоупотребување на функција, партии собираат новинари, прават прес конференции, обвинуваат, креваат галама...
И на крај доаѓа Ѓоре и
вика - пу, пу, не важи, не реков така, овие новинариве и партииве погрешно ме сфатија...
Е како да те сфатиме човече... викаш дека си им рекол на студентите да се потпишаат кај кандидатурата на Ружин (агитација и злоупотреба на функција) бидејќи ќе било срамота да не ги собере потписите, па да не го исмејуваат.
Сега денес
викаш : Жалам поради изјавата, уште повеќе жалам што таа е протолкувана на тој начин, и што предизвика непријатности, иако мојата намера не беше таква. Јас сум за фер односи и секогаш сум сакал да помогнам на колеги, во таа функција и беше мојата изјава. Не треба таа да биде толкувана на таков начин, зашто во неа и не се содржи таква намера, ниту пак јас кога било сум влијаел врз политичката определба на моите студенти, напроти", изјави Иванов на Плоштадот Македонија во Скопје, каде попладнево се вршат подготовки за централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ што ќе се одржи вечерва. (копирано од Телма)
Ај да изанализираме, да не испадне пак погрешно сме те разбрале...
Значи викаш дека изјавата е протолкувана на погрешен начин... Дај кажи како да ја толкуваме или прати по еден толкувач во сите редакции па да им покаже на новинарите како да толкуваат твои изјави.
Викаш си сакал да им помагаш на колегите, но на никаков начин не си влијаел врз политичката определба на твоите студенти... Епа како си му помогнал на Ружин ако не си влијаел... или не си му помогнал, или навистина си влијаел, или...??? Дај човече стварно прати ни тумачи, бидејќи дефинитивно не можеме да те сфатиме...
И после толкав пост и анализа јас пак на крај појма немам шо навистина се случило и кој тоа лаже, дали Ѓоре од четвртокот, или Ѓоре од денес, или Ѓоре од утре...
Ај ќе почекаме уште сат време, па може на митингот ќе си каже што навистина сакал да каже, таман ќе има луѓе од цела Македонија па ќе го сфатат. Се надевам автобусите веќе стигнале, се паркирале и циркусот може да почне.
И п.с. з`ш бе луѓе го викате Ѓоле... скратено од Ѓорге мене барем логично ми е да е Ѓоре, а не Ѓоле... еееееееееее вишеееееееееееееее...