Изборни резултати од Претседателски избори 2009 (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување

За кого ке гласате на следните претседателски избори?

  • Ѓорѓи Иванов (ВМРО-ДПМНЕ)

    Гласови: 313 39,0%
  • Љубомир Фрчковски (СДСМ)

    Гласови: 126 15,7%
  • Нано Ружин (ЛДП)

    Гласови: 23 2,9%
  • Mируше Хоџа (ДПА)

    Гласови: 1 0,1%
  • Љубе Бошковски (независен кандидат)

    Гласови: 141 17,6%
  • Имер Селмани (Нова Демократија)

    Гласови: 68 8,5%
  • Нема да гласам (или сеуште неопределен)

    Гласови: 74 9,2%
  • Агрон Буџаку (ДУИ)

    Гласови: 3 0,4%
  • Ќе го поништам ливчето, никој не ми се допаѓа.

    Гласови: 53 6,6%

  • Вкупно гласачи
    802
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Alo 192

имам симпатија
Член од
7 октомври 2008
Мислења
353
Поени од реакции
11
Алооо каков доказ бе сакаш па и ти ? Дај бе нели те срам па тебе да лаеш до толку ? Што не ти е јасно ? Дека од Куманово од пред комитет не тргнуваат автобуси полни со вработени во фирми на локалната власт ? Треба да почнам од утре да сликам ?
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Алооо каков доказ бе сакаш па и ти ? Дај бе нели те срам па тебе да лаеш до толку ? Што не ти е јасно ? Дека од Куманово од пред комитет не тргнуваат автобуси полни со вработени во фирми на локалната власт ? Треба да почнам од утре да сликам ?
кога он ќе рече дека вмро донеле автобуси не треба доказ ... кога некој ќе рече сдсм донеле тој доказ бара :pos2::pos2:
а јавно по секој град било да е сдсм било да е вмро автобуси на ангро се носат секаде :pos2: и сите знаеме ....
досега не го научивте ли камиказава колку е провиден и досаден плукач ...
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=C0270F670277AC4085AFB2A4C09358CD

Фрчкоски прво сметал дека нема компромис за името, па бил за двојна формула, потоа за Република Македонија (Скопје), за на крај да мисли дека државата треба да ни се вика Република Северна Македонија


Дали ставовите и позициите на СДСМ и нивниот кандидат за претседател Љубомир Фрчкоски имаат некаков рок на траење? Зошто, последните ставови на Фрчковски и СДСМ за името во 90% се поклопуваат со ставовите на грчката преговарачка страна?
Дали се свесни каква охрабрувачка порака испратија до грчката преговарачка страна, со нивниот последен став по однос на проблемот со името на Република Македонија? Овие неколку прашања ВМРО-ДПМНЕ му ги постави на Фрчкоски, кој според нив, постојано го менува својот став за името, за на крај да има идентичен став со грчката преговарачка страна. ВМРО-ДПМНЕ заклучи дека веќе не постои прашањето дали Фрчкоски е платен за ова од јужниот сосед, туку колку е платен.
- Очигледно е дека веќе не е дали постои, туку колку тежи овојпат куферчето на Фрчковски, за решавање на спорот за името? - посочија од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие својот став го поткрепија со цитати од Фрчкоски, презентирани хронолошки. Велат тоа се дијаметрално спротивни ставови кои се однесуваат за прашањето за името, а се искажани и застапувани од Фрчковски. Тој прво сметал дека нема компромис, па бил за двојна формула, за подоцна да му биде интересен предлогот Република Македонија (Скопје). Овој став не траел долго. Последниот бил дека државата треба да се преименува во Република Северна Македонија.

Првиот цитат кој позицијата го презентираше е искажан на 5.9.2006 година. Тогаш Фрчкоски кажал: "За името нема место за компромис. Проблемот околу името е што немаме што да дадеме, тоа ни е. Едно име имаме... Разговорите во Њујорк се привремени. Ние немаме обврска да постигнеме спогодба, туку само да учествуваме во разговорите".

За еден месец од тогаш, на 16 октомври истата година, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ, Утрински Весник пренел изјава на кандидатот на САСМ. во која се вели: "Љубомир Фрчкоски, порача вчера на Владата дека ќе биде среќен ако таа му каже на Метју Нимиц дека двојната формула е последен предлог од Македонија и дека е време преговорите во Њујорк да завршат.
По само петнаесетина месеци Фрчковски го сменил својот став. На 18 март минатата година за Канал 5 тој и Малески изјавиле дека се согласуваат дека вреди да се размислува за предлогот Република Македонија (Скопје).
- Овој предлог бил актуелен уште во 1993 година, начелно бил прифатен во македонскиот парламент, но го одбила грчката страна. Тој предлог треба да се држи во фокусот, тој веќе е апсолвиран предлог така што политичките елити би се лишиле од чувството дека прават нешто ново и дека одговорноста е само на нив - рекол професорот.

Пред помалку од еден месец Фрчкоски имал поинаков став. ВМРО-ДПМНЕ изнесе негов а изјава дадена за весникот Време во која Фрчкоски посочил дека доколку ни се дадат гаранции за идентитетот, Македонија без размислување треба да го прифати предлогот "Република Северна Македонијаа.
- МКГ отсекогаш имала пријателски позиции кон Македонија и искрено сака да ја извлече од сегашната позиција. Затоа апелирам до Владата да го прифати предлогот на оваа организација - изјавил Фрчкоски.


браво за ставот на дебармаалскиот самонаречен „мангуп“ со улична школа :pos2::pos2:
е ова е Став :pos2::pos2:
 
G

grande-juve

Гостин
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=C0270F670277AC4085AFB2A4C09358CD

доколку ни се дадат гаранции за идентитетот, Македонија без размислување треба да го прифати предлогот "Република Северна Македонијаа.
алоооо, како може некој да ти гарантира идентитет, и како тоа името не е поврзано со идентитетот
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Фрчкоски прво сметал дека нема компромис за името, па бил за двојна формула, потоа за Република Македонија (Скопје), за на крај да мисли дека државата треба да ни се вика Република Северна Македонија

браво за ставот на дебармаалскиот самонаречен „мангуп“ со улична школа :pos2::pos2:е ова е Став :pos2::pos2:
Aбе гони ги у п.м.
Глеај го па овој Иванов што' пред осум месеци има тропнато за истиот тој предлог (Република Македонија (Скопје)):

"Имаме избалансиран предлог, кој е компромис со кој се задоволуваат и македонските и грчките барања. Со него нема ниту победници ниту поразени страни. Во нашиот устав не се задира и сега е потребна само политичка мудрост со која, без еуфорија, процесот ќе се доведе до крај - оцени вчера политикологот Ѓорѓи Иванов"

И после, демек цврсти ставови имал :tapp:
Кого лаже бе он, нас или самиот себе ?
алоооо, како може некој да ти гарантира идентитет, и како тоа името не е поврзано со идентитетот
Е ај де. Објасни му го ова на ^ Ѓоле Иванов, најсериозниот претендент за претседателската функција :tapp:

Абе работат ова грчиштата мајку им.
Сите кандидати ни ги поткупиле.
Пара е у питање пријателе, не е заебанција.
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
И на ВМРО и на СДС им паднал рејтингот...

1.Ѓорѓе Иванов (25.4%)
2.Љубомир Фркоски (12.7%)
3.Имер Селмани (12.6%)
4.Љубе Бошкоски (7.4%)
5.Агрон Буџаку (4.8%)
6.Нано Ружин (2.2%)
7.Мируше Хоџа (1.6%)
Очигледно борбата за II круг ќе биде интересна...
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
И на ВМРО и на СДС им паднал рејтингот...

Очигледно борбата за II круг ќе биде интересна...
помеѓу Иванов и Селмани ....
Иванов Претседател ... Селмани Подпретседател ...
мој тип ..
 

Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
Ве покануваме да присуствувате на централниот митинг на Вмро Дпмне кој ќе се одржи на плоштадот во Скопје денеска (недела) со почеток во 19:00....со почит УМС на Вмро Дпмне
:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Маме му ебем, зш мене никогаш не ми се јавувет да ме анкетирет? :cry:

И бај да веј... има некој информација колку автобуси доаѓаат накај Скопје во моментов за вечерва? :vozbud:

======================================================================================

ИВАНОВ ИЗРАЗИ ЖАЛЕЊЕ

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов денеска изрази жалење поради последната своја изјава со која предизвика големи полемики во јавноста, а од повеќе страни и учесници на изборите беше изразено сомневање дека врз регуларноста на изборниот процес е фрлена дамка. "Жалам поради изјавата, уште повеќе жалам што таа е протолкувана на тој начин, и што предизвика непријатности, иако мојата намера не беше таква. Јас сум за фер односи и секогаш сум сакал да помогнам на колеги, во таа функција и беше мојата изјава. Не треба таа да биде толкувана на таков начин, зашто во неа и не се содржи таква намера, ниту пак јас кога било сум влијаел врз политичката определба на моите студенти, напроти", изјави Иванов на Плоштадот Македонија во Скопје, каде попладнево се вршат подготовки за централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ што ќе се одржи вечерва. Иванов по претседателскиот појадок што се одржа во Тетово изјави дека на претседателскиот кандидат Нано Ружин му помогнале неговите студенти за да ги собере потребните 10.000 потписи за кандидатурата. Притоа Иванов нагласи дека реагира на изјавата на Ружин со која тој го осуди поради тоа што на митингот во Могила "на гневните млекопроизводители им фрлил клетви до седмо колено". Ружин таквата изјава на Иванов ја оцени како "најголема дамка фрлена врз изборниот процес" и оцени дека "за жал, сеуште има универзитетски професори кои се обидуваат да влијаат врз политичката слобода и определеба на студентите". Изјавата на Иванов предизвика многу реакции, а меѓу другите, противкандидатот Љубомир Фрчкоски го повика Иванов да се повлече од изборите "зашто ја злоупотребил позицијата на професор" и упати писмо до ректорот на Скопскиот универзитет да преземе мерки против професорот Иванов.

извор

Иванов дефинитивно не знајт шо зборвит...
И секогаш другите му се криви, демек погрешно го сфаќале... па како да те сфатат човече кога зборуваш дека си агитирал кај студентите да се потпишуваат зад кандидатурата на Ружин... :uvo:

И дај кога веќе почна да објаснува нека биде јасен... вика сакал со изјавата да потенцира дека им помагал на колегите, а истовремено и не влијаел кај студентите...

Шо би рекол Дарио... Се смејам за да не заплачам...
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Со изјавата за Ружин која ја гледав со мои очи, а не ја читав или слушав прераскажана, Иванов ми заличе на Фрчко и муабетот за поправање на радија. Не ми се верува какви автоголови почна да си дава, а во моите очи се помалку ми доликува на солиден Претседателски материјал. Проблемот е што такви ги има речиси Ич меѓу кандидатите годинава...

А вечер ќе има огномети а? Да знам, да се спремам за радување на тераса :)
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.562
Поени од реакции
281
Ве покануваме да присуствувате на централниот митинг на Вмро Дпмне кој ќе се одржи на плоштадот во Скопје денеска (недела) со почеток во 19:00....со почит УМС на Вмро Дпмне
:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
Добро бе вие секој ден централни митинзи одржувате или?Јас колку шо знам еден се прај и крај,изгледа таму во ДПМНЕ секој ден велигден е.

А вечер ќе има огномети а? Да знам, да се спремам за радување на тераса :)
Митингот на ДПМНЕ ќе го отвори естрадната уметничка Боки 13ка а гостите ќе ги забавува патриотката Елена Ристеска а митингот ќе го благослови попот Живко од Прилеп :pos2: додека пак за пируети,петарди и огномет главен организатор е Гордана Јанкулоска.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Митингот на ДПМНЕ ќе го отвори естрадната уметничка Боки 13ка а гостите ќе ги забавува патриотката Елена Ристеска а митингот ќе го благослови попот Живко од Прилеп :pos2: додека пак за пируети,петарди и огномет главен организатор е Гордана Јанкулоска.
Го избегна по-реално-горливиот дел од муабетот и се впушти во понатамошно депласирање на огнометот. Стандард :)

И кога сме веќе кај прославата и одговорните, кога има ДУИ митинг во Скопје? Да знам рутер во скривницава да ставам пошо стандардно „ватрено“ е? :)

Ајде Месаја, повели :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom