http://www.vecer.com.mk/?ItemID=C0270F670277AC4085AFB2A4C09358CD
Фрчкоски прво сметал дека нема компромис за името, па бил за двојна формула, потоа за Република Македонија (Скопје), за на крај да мисли дека државата треба да ни се вика Република Северна Македонија
Дали ставовите и позициите на СДСМ и нивниот кандидат за претседател Љубомир Фрчкоски имаат некаков рок на траење? Зошто, последните ставови на Фрчковски и СДСМ за името во 90% се поклопуваат со ставовите на грчката преговарачка страна?
Дали се свесни каква охрабрувачка порака испратија до грчката преговарачка страна, со нивниот последен став по однос на проблемот со името на Република Македонија? Овие неколку прашања ВМРО-ДПМНЕ му ги постави на Фрчкоски, кој според нив,
постојано го менува својот став за името, за на крај да има идентичен став со грчката преговарачка страна. ВМРО-ДПМНЕ заклучи дека веќе не постои прашањето дали Фрчкоски е платен за ова од јужниот сосед, туку колку е платен.
- Очигледно е дека веќе не е дали постои, туку колку тежи овојпат куферчето на Фрчковски, за решавање на спорот за името? - посочија од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие својот став го поткрепија со
цитати од Фрчкоски, презентирани хронолошки. Велат тоа се дијаметрално спротивни ставови кои се однесуваат за прашањето за името, а се искажани и застапувани од Фрчковски.
Тој прво сметал дека нема компромис, па бил за двојна формула, за подоцна да му биде интересен предлогот Република Македонија (Скопје). Овој став не траел долго.
Последниот бил дека државата треба да се преименува во Република Северна Македонија.
Првиот цитат кој позицијата го презентираше е искажан на
5.9.2006 година. Тогаш Фрчкоски кажал: "За името нема место за компромис. Проблемот околу името е што немаме што да дадеме, тоа ни е. Едно име имаме... Разговорите во Њујорк се привремени.
Ние немаме обврска да постигнеме спогодба, туку само да учествуваме во разговорите".
За еден месец од тогаш,
на 16 октомври истата година, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ, Утрински Весник пренел изјава на кандидатот на САСМ. во која се вели: "
Љубомир Фрчкоски, порача вчера на Владата дека ќе биде среќен ако таа му каже на Метју Нимиц дека двојната формула е последен предлог од Македонија и дека е време преговорите во Њујорк да завршат.
По само петнаесетина месеци Фрчковски го сменил својот став.
На 18 март минатата година за Канал 5 тој и Малески изјавиле дека се согласуваат дека вреди да се размислува за предлогот Република Македонија (Скопје).
- Овој предлог бил актуелен уште во 1993 година, начелно бил прифатен во македонскиот парламент, но го одбила грчката страна. Тој предлог треба да се држи во фокусот, тој веќе е апсолвиран предлог така што политичките елити би се лишиле од чувството дека прават нешто ново и дека одговорноста е само на нив - рекол професорот.
Пред помалку од еден месец Фрчкоски имал поинаков став. ВМРО-ДПМНЕ изнесе негов а изјава дадена за весникот Време во која Фрчкоски посочил дека
доколку ни се дадат гаранции за идентитетот, Македонија без размислување треба да го прифати предлогот "Република Северна Македонијаа.
- МКГ отсекогаш имала пријателски позиции кон Македонија и искрено сака да ја извлече од сегашната позиција. Затоа апелирам до Владата да го прифати предлогот на оваа организација - изјавил Фрчкоски.
браво за ставот на дебармаалскиот самонаречен „мангуп“ со улична школа :pos2::pos2:
е ова е Став :pos2::pos2: