Изборни резултати од Претседателски избори 2009 (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување

За кого ке гласате на следните претседателски избори?

  • Ѓорѓи Иванов (ВМРО-ДПМНЕ)

    Гласови: 313 39,0%
  • Љубомир Фрчковски (СДСМ)

    Гласови: 126 15,7%
  • Нано Ружин (ЛДП)

    Гласови: 23 2,9%
  • Mируше Хоџа (ДПА)

    Гласови: 1 0,1%
  • Љубе Бошковски (независен кандидат)

    Гласови: 141 17,6%
  • Имер Селмани (Нова Демократија)

    Гласови: 68 8,5%
  • Нема да гласам (или сеуште неопределен)

    Гласови: 74 9,2%
  • Агрон Буџаку (ДУИ)

    Гласови: 3 0,4%
  • Ќе го поништам ливчето, никој не ми се допаѓа.

    Гласови: 53 6,6%

  • Вкупно гласачи
    802
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.562
Поени од реакции
281
Го избегна по-реално-горливиот дел од муабетот и се впушти во понатамошно депласирање на огнометот. Стандард :)
Абе јас колку шо знам за 11 Октомври огномет се фрла и за Нова Година инаку кога?Или ова секојдневие кај Грујовистите стана,дури и по месни почнаа да се распукуваат не пак на централни митинзи.

И кога сме веќе кај прославата и одговорните, кога има ДУИ митинг во Скопје? Да знам рутер во скривницава да ставам пошо стандардно „ватрено“ е? :)
Слушнав ДУИ ќе го почни митингот од Кале со рафали и зољи,потоа следува спектакл гранадирање на касарни на АРМ и распукување по население.Топ!
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Слушнав ДУИ ќе го почни митингот од Кале со рафали и зољи,потоа следува спектакл гранадирање на касарни на АРМ и распукување по население.Топ!
Точно така. А потоа командантот на Пронато Мисијата во Македонија Мендух Тачи ќе ја објави слободната територија.

Ако се задоволи, може да се продолжи дискусијата за изборите која гледам да ја избегнувам колку можам...и едвај чекам да завршат...
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Со изјавата за Ружин која ја гледав со мои очи, а не ја читав или слушав прераскажана, Иванов ми заличе на Фрчко и муабетот за поправање на радија. Не ми се верува какви автоголови почна да си дава, а во моите очи се помалку ми доликува на солиден Претседателски материјал. Проблемот е што такви ги има речиси Ич меѓу кандидатите годинава...
Абе јас им дадов конкретен предлог кој гласи:
Иванов во карантин до завршетокот на изборите.
Ама они мислат дека се зафркавам :)
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Абе јас им дадов конкретен предлог кој гласи:
Иванов во карантин до завршетокот на изборите.
Ама они мислат дека се зафркавам :)
Фрче, ти ли си бе? :))))

Реален, ништо не се случува случајно, дури и со деца како властодршците. Има нека тајна веза и агенда...се си мислам дека Мурто и Курто ќе се договорат асално деновиве и ќе бидеме порелаксирани. Или ќе се доскараат ептен, и битката ќе биде Кој да ги изгуби претседателските...колку и да изгледа нереално, сепак е можно сценарио :)
 
G

grande-juve

Гостин
Со изјавата за Ружин која ја гледав со мои очи, а не ја читав или слушав прераскажана, Иванов ми заличе на Фрчко и муабетот за поправање на радија. Не ми се верува какви автоголови почна да си дава, а во моите очи се помалку ми доликува на солиден Претседателски материјал. Проблемот е што такви ги има речиси Ич меѓу кандидатите годинава...
Иванов за тоа што го изјави за ружин се извини, а зошто никој не го коментира Ружин кој лаже кога вика дека Иванов ги колнел млекарите, Иванов само цитираше народна поговорка, а одма после тоа пола медиуми и кандидати го нападнаа дека клеветел, ама и тоа ви е за џабе.

Иванов претседател, Груевски и Селмани заедно во влада - тоа е дрим тимот за Македонија
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Мој текст оригинално објавен овде

Ѓоре, пуштај ни тумач!


- Мамо, мамо, з`ш овие злобниве чичковци никогаш не ме сфаќаат и секогаш ми ги искривуваат изјавите...

- Можда з`ш не знајш шо зборвиш бе синко... Дај среди ги мислите, изборј до 42 па после кажи.

- Ама јас не реков така, ама јас не мислев така, ама јас...
Ама ти човече стварно треба да се пазиш што тоа зборуваш пред микрофони...

Во четвртокот на појадок викаш - „Ги замолив сите мои студенти да му помогнат, бидејќи човекот е сепак поранешен амбасадор, политичар, и на што ќе личеше тоа да не ги собере потписите, да го исмејуваат“.

Се крева фама, новинари вртат телефони по факултети, распрашуваат декани за етичка страна, за агитирање, за злоупотребување на функција, партии собираат новинари, прават прес конференции, обвинуваат, креваат галама...

И на крај доаѓа Ѓоре и вика - пу, пу, не важи, не реков така, овие новинариве и партииве погрешно ме сфатија...

Е како да те сфатиме човече... викаш дека си им рекол на студентите да се потпишаат кај кандидатурата на Ружин (агитација и злоупотреба на функција) бидејќи ќе било срамота да не ги собере потписите, па да не го исмејуваат.

Сега денес викаш : Жалам поради изјавата, уште повеќе жалам што таа е протолкувана на тој начин, и што предизвика непријатности, иако мојата намера не беше таква. Јас сум за фер односи и секогаш сум сакал да помогнам на колеги, во таа функција и беше мојата изјава. Не треба таа да биде толкувана на таков начин, зашто во неа и не се содржи таква намера, ниту пак јас кога било сум влијаел врз политичката определба на моите студенти, напроти", изјави Иванов на Плоштадот Македонија во Скопје, каде попладнево се вршат подготовки за централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ што ќе се одржи вечерва. (копирано од Телма)

Ај да изанализираме, да не испадне пак погрешно сме те разбрале...
Значи викаш дека изјавата е протолкувана на погрешен начин... Дај кажи како да ја толкуваме или прати по еден толкувач во сите редакции па да им покаже на новинарите како да толкуваат твои изјави.

Викаш си сакал да им помагаш на колегите, но на никаков начин не си влијаел врз политичката определба на твоите студенти... Епа како си му помогнал на Ружин ако не си влијаел... или не си му помогнал, или навистина си влијаел, или...??? Дај човече стварно прати ни тумачи, бидејќи дефинитивно не можеме да те сфатиме...

И после толкав пост и анализа јас пак на крај појма немам шо навистина се случило и кој тоа лаже, дали Ѓоре од четвртокот, или Ѓоре од денес, или Ѓоре од утре...

Ај ќе почекаме уште сат време, па може на митингот ќе си каже што навистина сакал да каже, таман ќе има луѓе од цела Македонија па ќе го сфатат. Се надевам автобусите веќе стигнале, се паркирале и циркусот може да почне.

И п.с. з`ш бе луѓе го викате Ѓоле... скратено од Ѓорге мене барем логично ми е да е Ѓоре, а не Ѓоле... еееееееееее вишеееееееееееееее...
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Иванов за тоа што го изјави за ружин се извини, а зошто никој не го коментира Ружин кој лаже кога вика дека Иванов ги колнел млекарите, Иванов само цитираше народна поговорка, а одма после тоа пола медиуми и кандидати го нападнаа дека клеветел, ама и тоа ви е за џабе.

Иванов претседател, Груевски и Селмани заедно во влада - тоа е дрим тимот за Македонија
Јас Ружин не го коментирам бидејќи не му ја сфаќам сериозно кандидатурата. Ми личи на надреалистички сликар повеќе отколку на претседател. А за колнењето на млекарите или на некој друг...човече, да кажеш на бина дека до седмо колено клетва ќе има некој, е во најмала рака совршено објаснување зошто не сметаат за земја од четвртиот свет, иако ние гордо се ложиме на сториите за нашето клучно дејство во развојот на светот - не гледајќи подалеку од носот во моментов.

Дрим тимот за Македонија не постои. Постои дрим тим за лично збогатување на одредени политичари и групи. Досега, ова е докажано. Од утре, ќе видиме.
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Ме интересира кој во моментот ги прави истражувањата и анкетите во Институтот за демократија ? Сигурно Блажо од Југ1.....братот на Ѓорѓе.
Кој знае, можеби чоекот ја увидел важноста на функцијата главен анкетар на пастирот, па се спрема за иден претседател.......после Ѓорѓе, разбира се.
Фрче, ти ли си бе? :))))
Не бе, стварно:toe: Јас мислам дека ако продолжи вака како што почнал, до почетокот на вториот круг, рејтингот ќе му падне најмалку за 7/8 проценти т.е. 17/18%, што ќе значи дека ќе биде или во рамноправна, или во подредена положба со останатиот..? противкандидат.
Затоа ДПМНЕ-овци, под хитно Ѓоле у карантин.
Реален, ништо не се случува случајно, дури и со деца како властодршците. Има нека тајна веза и агенда...се си мислам дека Мурто и Курто ќе се договорат асално деновиве и ќе бидеме порелаксирани. Или ќе се доскараат ептен, и битката ќе биде Кој да ги изгуби претседателските...колку и да изгледа нереално, сепак е можно сценарио :)
Интересно размислување...
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
На улицата под тераса штотуку ми помина тамче со вемеровци кои со знамиња во рацете сложно пееја Послушајте патриоти...

Аххххх, љубов партиска непреболена... :pipi:
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.536
Поени од реакции
2.222
Митингот на ДПМНЕ ќе го отвори естрадната уметничка Боки 13ка а гостите ќе ги забавува патриотката Елена Ристеска а митингот ќе го благослови попот Живко од Прилеп :pos2: додека пак за пируети,петарди и огномет главен организатор е Гордана Јанкулоска.
може главниот говор Фифи ќе го држи:vozbud:

Добра им е идеава на ВМРО, иако мислам дека никогаш нема да бидам член на ниедна партија, ниту пак би гласал за некого, гледајќи од страна ВМРО изгледаат поангажирани и по организирани, затоа сметам дека ќе победи Ѓорѓе на овие избори:)
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
ста запнале за Ѓорге колнел ...

е ова е тоа вистинското ... :)
и ја подршка давам на клетвиве за предавниците кои и да се :)

и ова не е лошо .... уникатно
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Прееска на Телма Вести имаше претседателски портрет за Фрчко.
Човекот е легенда. Оффф. :pos:
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom