Уште еден чевларски капацитет во Штип “Ева Мар Ева“ ќе гради во Карбинци!
Вчера е удрен камен темелникот на новиот објект на чевларската компанија Ева Мар Ева, сопственост на Ева Марјанова. Во новиот објект, кој ќе се гради во новата општина Карбинци, присуствуваше и партнерот на Ева Мар Ева од Италија, Марчело Пеши.
Новиот објект на Ева Мар Ева ќе зафаќа две илјади квадратни метри корисна површина. Ќе бидат вработени сто работници, а инвестицијата изнесува 700 илјади евра. Се очекува новиот ојект да биде завршен до крајот на месец мај идната година. Ева Мар Ева има објект и во Штип, во населбата Македонка, каде се вработени околу 160 лица.
Ева Мар Ева е едно од најуспешните претпријатија во Штип, каде стриктно се почитува работното време и се работи пет дена во неделата. Вработените имаат највисоки лични доходи во оваа дејност во Македонија.
Инаку. локалните власти во Карбинци најавија дека ова нема да биде и првиот капацитет во оваа општина,туку се очекува дека поволностите што се даваат ќе овозможат влегување и на други странски инвестиции, односно изградба на уште три фабрики во идната година.
К. Манев
Слични статии: