На „штипинг“ во Штип

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Во потрага по чевли од омилениот бренд, од сабота во сабота, за се' повеќе скопјани патот води до Штип.

„Прада", „Луси", „Бата", „Маркс и Спенсер" се дел од светски познатите марки на обувки кои се бараат по рафтовите во штипските продавници, но и директно во фабриките каде што се произведуваат.

Пристапните цени, кои некогаш се и двојно пониски од тие во ексклузивните продавници им наметнаа нов тренд на скопјани.

Лов на вистинскиот број

Нивната саботна шопинг-треска се' почесто си ја нарекуваат - „штипинг".

Потрагата по посакуваниот модел води директно во фабриките каде што се произведуваат чевли кои се исклучиво за европски пазар.

Звукот на машините на кои се изработуваат обувките, воопшто не им пречи на возбудените купувачи, кои на само неколку чекори од нив, во соседниот магацин претураат по кутиите барајки број на обувки кој им одговара.

Една средовечна госпоѓа од Скопје по повеќеминутна потрага, успеа да најде модел на чевли по нејзин вкус, но наиде на неочекуван проблем:

-„Во кутијата едната чевла е број 40, а другата број 37. Нема кој да ми помогне, па сега самата претурам да си најдам чевла што ми треба.“

Задоволството од „штипингот" е обострано - и за гостите и за домаќините. Некои скопјани дури велат дека Штип полека им станува замена за шопинзите во Солун.

Александар Арсовски е раководител на секторот за промет во фабриката за чевли „Баргала". Вели дека нивната идеја успеала - ниските цени на обувките го заживеале целиот град.

-„90% од муштериите доаѓаат од Скопје и од градовите од западна Македонија. Мислиме дека градот го раздвиживме 100%. Сега работат сите - работи текстилот, работат кафеаните, работи чаршијата.“

Тоде Стефановски поседува мала продавница за чевли во центарот на Штип. Се' поголемиот број на викенд туристи го натерале Тоде да го продолжи работното време во продавницата.

-„Имам многу народ од страна, претежно од Велес и од Скопје. Цел ден е раздвижено, порано работев до 3 часот, сега до 6-7 навечер.“

Пастрмајлија

Сепак, сите посетители не се враќаат со нови чевли или со облека по вкус. Но, празните торби не ги разочарува гостите, затоа што сите викендот го завршуваат со вкусна штипска пастрмајлија.

-„Очекував да најдам нешто поефтино, ама не гледам дека цените се пониски“.

БиБиСи: Мислите ли дека доаѓањето во Штип ќе ви биде промашување?

-„А не, ќе јадеме пастрмајлија“.

Полни со впечатоци на крајот од денот гостите заминуваат од Штип, но само до следната сабота до следниот „штипинг“.

----

Во Штип и јас можам да потврдам дека има добра облека од фабриките...скоро сите кошули ми се од „Астибо“.

Ова е убава работа поради тоа што пред се е домашно производство, и наместо да се оди до Солун, Штип може да биде новата дестинација за шопинг или по ново „штипинг“.

Сте биле на „штипинг“?

Ако не сте, отидете. Ако ништо друго барем пастрмајлија ќе си каснете. :smir:
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.688
Поени од реакции
48.889
Jaс не сум бил ама едни од мое маало беа,се вратија со вреќи кошули и одела,кое од кое,за нормална пристапна пара гардероба глава да те фати.
Сеа фората било да си имаш човек во фабриките пошто работниците праеле заврзламии со некои апла ситни неприметни грешки што нормално не проаѓаат на запад а за овде се премија.
Ja од таква гардероба немам некоја потреба,ама кога би затребало не му ја мислам ич :)
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Jaс не сум бил ама едни од мое маало беа,се вратија со вреќи кошули и одела,кое од кое,за нормална пристапна пара гардероба глава да те фати.
Сеа фората било да си имаш човек во фабриките пошто работниците праеле заврзламии со некои апла ситни неприметни грешки што нормално не проаѓаат на запад а за овде се премија.
Ja од таква гардероба немам некоја потреба,ама кога би затребало не му ја мислам ич :)
Абе да, ама проблемот е што не можеш да им докажеш дека скоро цела „роба“ во Македонија е таква. Ретко кој бренд има овластен застапник во Македонија а моделите што ги продаваат се сите со некоја грешка. А се изгор скапи...
 

pcjodamaster

:trololo:
Член од
20 мај 2006
Мислења
4.180
Поени од реакции
127
Облеката и чевлите што ги продаваат се од „втора класа“, а тоа бидејќи им штрчи некое конче, или некаде е згрешено за милиметар.

Овие газдите од запад се големи маанџии, па ги враќаат тие парчиња, а овие нашиве ги продаваат, само пред тоа мора да се извади етикетата од Mexx, Прада и слично за да не летаат тужби.

Овие нашиве ќе ја сошијат кошулата за 5 евра, првата класа ќе оди во камион за Холандија, втората ќе ја продадат за 15 евра и готово. Имаш Мexx фармерки за 30 евра што всушност вредат 300 евра.
 

зунза

Модератор
Член од
27 јануари 2006
Мислења
3.301
Поени од реакции
59
Неее бе!! :vozbud::vozbud:
Ова мора да е јако, прва прилика фаќам пато!! :aplauz:

А уствари, ова за сите продавници важи или за одредени?
Ако е за одредени, одма список тука! :pipi:
 
Член од
21 декември 2008
Мислења
213
Поени од реакции
15
Не знам за чевли, но за облека има многу голем избор по конфекциите. По продавници нема нешто особено, барем не за мажи, а во конфекциите има кошули кои ги произведуваат за Bitsiani, Peter Werth, и др, а наменети се за странски пазар, најчесто UK.
Проверено, голем избор на модерни или класични кошули во "Албатрос". За нова година си купив од таму, а најдов и бројче што стварно ме изненади затоа што ретко наоѓам помали броеви. Цените се 2 или 3 пати пониски. 800 - 1000 денари кошула е стварно евтино.
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Дури сега открија што е фората:)
Јас цел живот носам таква облека.Тие маици, кошули, сите парчиња облека можат да се купат за 100-200 денари.Истите тие, само поминете по продавниците, или пак појдете до Фришоп.Глава ќе ве здоболи кога ќе ги видите цените:)
 
Член од
8 јануари 2009
Мислења
169
Поени од реакции
8
хмм...кај тоа во штип има прада луис бата молам кажете ми да идам да си купам???

оти вака е џабе муабетот
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Јас пред извесно време бев на "штипинг "и се вратив со кесите полни преполни почнувајќи од фармерки, пантолони маици џемпери чизми штикли ...и што уште не .. а да не правиме муабет што станува збор за марки од типот на mexx prada и сл...и сето тоа е наменето за извоз и мал ден од нив останува во фабриката.Затоа и се толку ефтини а и ние имаме ефтина работна сила..затоа всушност ги носат тука да се произведуваат.
Во секој случај ако имате прилика обавезно да одите..и се знае после макотрпен шопинг следи штипска пастрмалиа:wink:
 

Ava

Член од
9 февруари 2009
Мислења
15
Поени од реакции
0
Lele jas kako da ne sum od Stip.Izgleda sum od Mars :vozbud: Lele be luge kaj naogate tolku ubavi raboti jas samo kosuli naogam za zeni so golemi broevi od 45-60 i toa grdi.Dobro i imam najdeno i ubavi robi.Eve vo septemvri si kupiv 2 sto gledam deka enos sega izlegle na moda.Jas mnogu eftino gi kupiv oti mi se prijateli gazdite, a inaku regularnite ceni im bea po 450 evra mislam za vo Germanija.
A obuvki si imam edna fabrika i si sijam po moja zelba za 2-3 dena mi se gotovi.Jas si biram forma na stikli, dizajn,boja i matrijal.I mi se dvizat do 800 den.
A za pastramajlii ima mnogu luge sto ja obozavaat, ama jas ne jadam. Deka lugeto sto jadat ne se od Stip se poznava po toa kako gi jadat.Sovet: Ne gi jadite so pribor za jadenje tuku so raci :pos2: Pozdrav
 
Член од
3 февруари 2007
Мислења
293
Поени од реакции
30
Znaci do site sto ne ste stipjani. Ko ke idete nakaj Stip, tie magacini i fabriki vi se na izlezot od gradot, taka da ne dojdete u centar, pa posle pak da odite nakaj magacinite, pa pak u centar na pastramajlii. I vo sabota rabotat nekade do kaj 2-3 casot. Btw ova ne e reklama, zaso ne gi znam lugeto i gazdata, ali najubavi pastramajlii pravat vo "San Remo"-preporaka od stipjanka :wink:, sum gi probala pastramajliite skoro sekade, tamu se najubavi, i koj ne saka svinska, slobodno neka si apne pileska, fenomenalna e, jas samo takva jadam. "San Remo" vi e kaj Domot na kulturata.
 
Член од
21 декември 2008
Мислења
213
Поени од реакции
15
офф: Мене па ми се допаѓа у Dublin пастрамалијата :)
 

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Сеуште не сум била, а сите ми го фалат. На агенда ми е да одам штом времето се затопли, моторчето под задник и правац накај Исарот. Само не знам дали на враќање ќе ме збере сета во куферчето. :):)
 
Член од
21 декември 2008
Мислења
213
Поени од реакции
15
Сеуште не сум била, а сите ми го фалат. На агенда ми е да одам штом времето се затопли, моторчето под задник и правац накај Исарот. Само не знам дали на враќање ќе ме збере сета во куферчето. :):)
Види вака, за Штип ќе слушнеш и многу добри работи и многу лоши. Секој си има своја верзија, особено за тоа какви се Штипјани... но како и да е, иако нее многу голем град, треба да му се даде шанса да се разгледа :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom