Последен гледан филм со кратка рецензија

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Identity
B00008EY9G.01.LZZZZZZZ.jpg

Како сум пропуштил овакво нешто до сеа...ногу добар филм не знам да напишам рецензија за филмо освен да го глеате (сигурно веке 99% сте го гледале)ама ако го глеате ке ви биде најдобра рецензија...

Keeper
a50fgux7lrf207ng3rlt.jpg

И после добрио филм од погоре седна овоа срањето да го глеам Стивен Сегал шема исфрлат го од полицијата и еден ногу близок пријател го вика да биде обезбедување на керка му оти сакат да ја киднапират и тепање до несвест он сам против 19 души и сите у кома ...алоооооооооооо
 
In Tranzit (2008), каде меѓу другите настапува и Џон Малкович. Воглавно тоа и ми беше мотив да го гледам.

Очекував нешто добро и заради самата приказна (транзитен камп за германски воени заробеници 1946, Ленинград). Но според она што го очекував и она што го видов...едвај дочекав да заврши. Филм полн со дупки и недоречености, љубовни приказни (кампот како бордел) помеѓу нацисти и русинки кои трпеле глад и чии фамилии биле уништени од истите нацисти, приказна без некоја приказна и крај без некој крај...накратко (иако не се лоши критиките на Имдб) не би му го препорачал никому. Посебно што говорат некој расипан англиски со блесав акцент и изговор што и ме изиритира уште во првата сцена.

Се надевам следниот што ќе го гледам со Малкович (Disgrace 2008) нема да ме разочара.
 
Blood: The Last Vampire.


Уште еден филм со вампири, филм за борбата на доброто против злото, човечкото против демонското. Дејствието на филмот е сместено некаде околу шеесеттите или седумдесеттите години на минатиот век во Јапонија. Саја е хибрид на вампир и човек кој се бори против демонската страна.....
Има доста добри ефекти во филмов и цртан со слична тематика кој не ми е гледан.
 
paranormal-activity-movie-poster1.jpg



Далеку е филмот од најстрашен на сите времиња. Од психолошка гледна точка е навистина одличен направен, онака снимен со обична камера за брачен пар кој додека спијат доживуваат некои паранормални настани, и жената тотално скренува па на крајот доаѓа и до убиство. Сепак единствена страшна сцена ми беше кога ја извлече тоа паранормалното од креветот и ја влечеше по паркетот и кога ја затвори наеднаш вратата, друго ништо немаше страшно. Сепак да го гледаш во кино, во темница во затворен простор и на голем екран можеби би било друго чувството :vozbud:

6,5/10 :baeh:
 
The Hangover
the-hangover.jpg

Денес изгледав 2 комедии од кои на едната сум се пресмеал, ама тоа не е оваа. Филмот е класична холувадска комедија, а приказната е стварно интересна, но нема онака случки на кои се смееш и по 5 дена откако си го изгледал филмот. Најинтересно во филмот беа сликите на самиот крај. Луди се овие со руфинолот!
You spin my head right round right round, when you go down when you go down down!

Meet the Spartans
meet-spartans-poster.jpg


Е ова е дефинитивно филмот од кој ме заболе стомак од смеење. Направив сикс-пак на стомак. Филмот инаку е пародија на филмот 300(300 Спартанци), но е најдобра комедија што ја имам изгледано до сега! Еве ќе издвојам 2-3 цитати, инаку од е филм кој мора да го погледне секој љубител на добрата комедија!

Leonidas: Adjust your sword boy, it's digging into my back.
Sonio: But I'm not wearing my sword.
Leonidas: [pause] Carry on then.
Queen Margo: Come back with your shield or on it.
Leonidas: If I come back on it, I want you to move on.
Queen Margo: I would never do such thing!
Leonidas: Well, hell, if you died, I'd play the field! To be honest, I always wanted to do a fat chick.
 


Meet the Spartans
meet-spartans-poster.jpg


Е ова е дефинитивно филмот од кој ме заболе стомак од смеење. Направив сикс-пак на стомак. Филмот инаку е пародија на филмот 300(300 Спартанци), но е најдобра комедија што ја имам изгледано до сега! Еве ќе издвојам 2-3 цитати, инаку од е филм кој мора да го погледне секој љубител на добрата комедија!




Де4ко ти мора да си одлепил скроз.
Овој филм е комедија толку толку што и Јувентус регуларно освојуваше титули на времето.

Бар не ги лажи луѓето да го гледаат ова срање од филм, во кои има заебанции со прдење, геј шали, Бритни Спирс ќелава и други веќе излитени заебанции.
Дај бе да не стануваме како луѓето во киното на Idiocracy. :(


П.с. Бонус рецензија бидејќи одамна не сум пишал овде.

Bruno
bruno-movie-poster-500x740.jpg

Баш сакам да видам што правела америчката публика во кино додека им висел 90 инчен КУР (без цензура, нема што да се срамиме) на платното. Или уште боље, 300 инчен КУР ако отишле да го гледаат во IMAX кино.

Замислете си 90% од овој филм како сцената во Борат - кога се тепаше со неговиот дебел пријател и овој му дае reverse facesitting. Многу сакаат да се направат паметни и пишуваат рецензии со наслов "брилијантна сатира", али Коен стана како наш Зоки од Скриена Камера, една фора во цел ебан филм.
Иако, во 10% филмот беше смешен, односно во две сцени. Бар едната пуштете си ја на Youtube, кога ги прашува родителите што се би направиле за детето да им биде во неговата замислена реклама. Навистина priceless.

Али се друго, cut.
Ај глејте го ако имате гз, а не како форумџиите Џими и Њот, пwашливи :/
 
Де4ко ти мора да си одлепил скроз.
Овој филм е комедија толку толку што и Јувентус регуларно освојуваше титули на времето.

Бар не ги лажи луѓето да го гледаат ова срање од филм, во кои има заебанции со прдење, геј шали, Бритни Спирс ќелава и други веќе излитени заебанции.
Дај бе да не стануваме како луѓето во киното на Idiocracy. :(



:/

Е добро друже, немаме сите иста смисла за хумор. Ако за тебе Бруно е хумор тогаш за мене Титаник е sci-fi. Јас си пишувам како го доживеав филмот, а го доживеав баш како што го опишав, едночасовно смеење! И многу подобро да се смеам на ова отколку на Наполеон Динамит или на Шрек!
 
Значи кој нема МАКС ТВ одма да става, секој ден се‘ повеќе им се восхитувам на прекрасната понуда а посебно филмската која се‘ повеќе се збогатува. Иако не е баш евтино 80ден филм без ддв, со сестра ми го изнајмивме анимираниот „ТHE TALE OF DESPERAUX“ и тоа синхронизирано на македонски јазик. Се воодушевив од толку прекрасното аудио т.е звукот на гласовите, се‘ уште им се клањам на прекрасните гласови и прецизноста што ја има МАКС ТВ, а сега наскоро ќе воведат и игри во понудата. МОРА ДА ГО ИМАТЕ!

За филмот:
Преинтересно лесно филмче, ги обожавам анимираните филмови од Холивуд. Лани филмот не доби номинација за Оскар, но океј со таква конкуренција не успеа, но сепак преубаво филмче за едно глувче кое е поинакво од својот род.

Taledesperaux.jpg


______________

Исто го гледав и овој филм со Камерон Дијаз и Абигаил Бреслин. Преубава драма, навистина трогателно колку може да биде суров животот. Абигаил Бреслин дефинитивно ме воодушевува со секоја своја наредна улога.

Можам да замислам колку била добра книгата кога филмот е преубав.

my-sisters-keeper-290.jpg

 
Julie and Julia
julie-and-julia-poster-1.jpg


По долго чекање, конечно го гледав филмот, кој е снимен по книга. Филмот паралелно ги следи животите на Џулија Чајлд, позната готвачка од пред четириесетина години, и Џули Пауел, диспечерка која решава во рок од 365 дена да приготви 524 рецепти од книгата на Џулија, Mastering the Art of French Cooking, а истовремено пишува блог за нејзината работа. Филмот изобилува со голем број смешни сцени, на кои од срце се насмеав.

Мерил Стрип брилијантно ја има изиграно и оваа улога, како и секогаш успева 100% да се внесе во улогата и да ја доведе до перфекција. Искрено се надевам дека оваа година ако ја номинираат, оскарот нема да и избега.

Прекрасно одглуми и Ејми Адамс, една од најталентираните нови актерки

Моја оцена 9/10
 
album-tenacious-d-in-the-pick-of-destiny.jpg


Мјузикал со Џек Блек повторно поврзано со рок музиката и неговата пасија да стане рок ѕвезда.
За разлика од School of rock овој не ми се допадна.
Целта веројатно била да се исглупираме колку што можеме повеќе за да ги насмееме луѓето, иако мора да се признае дека имаше смешни моменти кои за жал беа малце.
Мене лично не ми се допадна баш баш.
5/10:toe:
 
The Haunting In Connecticut

haunting_in_connecticut.jpg


Филмот е базиран на вистинска случка... Фамилија со 2 деца, од кој едното боледува од Рак, и мора да се носи почесто на доктор...Фамилијата живее подалеку од местото каде што се наоѓа болницата за лечење на нивното дете, па принудени се да изнајмат куќа во градот блиску до болницата. Куќата што ќе ја изнајмат пред неколку децении била место каде што сопственикот со помош на друго дете ги откопуваат мртвтите од гробовите, ги носат во подрумот на куќата каде што и ги отстрануват очните капаци и ковчезите ги полнаат со вреќи песок, а телата на мртвите ги ставаат во зидовите на куќата...Кога фамилијата се преселува во куќата Мат(детето што боледува од рак) се сместува во подрумот, и секогаш навечер има визии што се случувало во куќата, додека неговите не му веруваат мислаат дека халуцинира, духовите на останатите тела во куќата се бесни затоа што тоа и се случило.... итн....

Оцена 9/10

 
AMERICAN-VIRGIN_DVD_2D.jpg


Со братучед ми немаше шо да гледаме па овој му беше слегнат и го пуштивме.

Филмот е за девојка која оди во црква со својот татко и дава завет дека до 1 брачна ноќ ќе нема секс.Оди на колеџ каде што цимерка и е најоткачената девојка на колеџот. Во колеџот ке дојде Роб Шнајдер(заборавив како се вика во филмот:kesa:) и ке снимаат емисија GO GO CHICKS. Мислејќи дека на цедето е гола,американската девица тргнува во потрага по цедето заедно со нејзината цимерка која ке и прави фрки додека го бараат Цдто.
 
Moon (2009)

Moon.jpg


Побарав но неможам да го најдам корисникот што го препорача филмов да му се заблагодарам... :)

Значи филмов е навистина одличен и со прилично оригинална идеа, научна фантастика - и како што можете и да погодите - дејството се случува на месечината, од каде што современиот свет црпи електрична енергија.

Толку - повеке не кажувам за да ви биде поинтересен филмов. :) Го препорачувам.

Поздрав :helou:
 
Деновиве изгледав неколку филмови, нема да пишувам некои големи рецензии, затоа на кратко само:

Ronin, одличен филм, исто и актерска екипа, функционирањето на тимот на вистински начин, Bushido style, начинот на кој функционирале самураите кога биле протерани за време кога Јапонија преминувала во феудализам.

15 minutes, приказна за двајца инспектори кои бркаат двајца психопати кои сите нивни жртви ги снимаат на видео камера.

Public Enemies, филм за John Dillinger, најфамозниот ограбувач на банки свих времена.

Up, баш ме насмеа, интересен анимиран филм, добри карактери, али лош завршеток.

Paranormal Activity, го гледав со 6 другари и не го осетив баш нај нај, повеќе се смеевме, глупости.

Robot Chicken Star Wars, пародија на Star Wars филмовите, направен со дозвола на Lucas arts, каде и самиот George Lucas се појавува :)

Сепак, Whatever works го препорачувам пред сите овие, тешко е да се опише овој филм, такво ремек дело одамна немам гледано.

Се чека да излезе The man who stare at goats :vozbud:
 
Paranormal activity
paranormal-activity-movie-poster1.jpg


Нем што да пишувам критика, за филмот. Видов неколку мислењ на темава за истиот, ама јас се пронајдов во ова:​

Далеку е филмот од најстрашен на сите времиња. Од психолошка гледна точка е навистина одличен направен, онака снимен со обична камера за брачен пар кој додека спијат доживуваат некои паранормални настани, и жената тотално скренува па на крајот доаѓа и до убиство. Сепак единствена страшна сцена ми беше кога ја извлече тоа паранормалното од креветот и ја влечеше по паркетот и кога ја затвори наеднаш вратата, друго ништо немаше страшно. Сепак да го гледаш во кино, во темница во затворен простор и на голем екран можеби би било друго чувството :vozbud:

6,5/10 :baeh:
:back:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom