Одговорот е едноставен: тековниот светоглед, кој е наметнат како единствен и референтен, заснован е на историскиот материјализам и еволуционизам, така да секоја научна будалаштина, за да биде пошироко прифатена, треба да се вклопи во тој и таков светоглед, кој не признава постоење на Бог и на духовност. Да бидам појасен: еволуционистичката вера, за да биде убедлива и самодокажлива, ни вели дека животот настанал „спонтано„, да не речам-случајно, а ова богатство од живи битија, се објаснува со бесконечно долгиот еволутивен процес, на кој, ако му додадеме огромна бројка од години, и би можел да даде ваков огромен број од разнолики живи битија (тековна проценка е: 2 милиони растенија и 4 милиони животинки). Така, априорното поставување огромен број години, кои со никаква метода не се докажани, само ни ги затапува совеста и умот, за кои таква огромна бројка од години и време, е неприфатлива. Тековно, постојат и геолошки проценки, кои велат дека Земјата, па и Вселенета, немаат потреба од катаљони години за да бидат создадени, туку дека за тоа создвање, доволни се неколку минути!