Прашања за Христијанството I

  • Креатор на темата Креатор на темата marcus
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Што е работата ? Каде се останатите постови ? Зошто сме вратени на 14.01.2010 ?
Ќе има ли некакво објаснување ? Затоа ли немаше шанси неколку дена да се влезе на форумов ?

ЦЕНЗУРА ЛИ Е ОВА ?
 
Што религија е Црквата на Христос??? Протестанти? Секти или нешто сосема трето?
 
Да ама каква ? Може некој нешто поопширно да каже? Што обреди прават итнт ?

Биди поконкретен, вака не те разбирам. Кажи точно што те интересира, па ако знам нешто ќе пишам. Прашањето ти е многу воопштено и веројатно одговорот на вакво прашање би требало да биде барем неколку страници, што е практично невозможно тука.
 
Што религија е Црквата на Христос??? Протестанти? Секти или нешто сосема трето?

Колку Христоси има?
Колку Цркви создаде Христос преку Духот Свет?
 
Ве молам конкретно одговорете на ова без ширење и замени на тезите па кога ќе завршиме ќе продолжиме и со другите.

имав одговорено ама еве повторно

значи да не им сметаме на другите во дискусија за ова прашање

отворив специјална тема

" дали секоја власт е од бога дадена според куранот и библијата "

повели ќе продискутираме за оваа тема колку сакаш .
 
Биди поконкретен, вака не те разбирам. Кажи точно што те интересира, па ако знам нешто ќе пишам. Прашањето ти е многу воопштено и веројатно одговорот на вакво прашање би требало да биде барем неколку страници, што е практично невозможно тука.

Па од името знам дека веруваат во Исус...сега не ми е јасно која им е света книга(библијата?),нивни светци,кога за прв пат е појавена во Македонија(пошто сигурен сум дека ја има)? и нешто плус ако знаеш а битно да се каже...
 
Прашањево не ми е општо за христијанството туку за одредена симболика.

Пред некој ден,т.е. минатиот вторник од манастирот Трескавец во близина на Прилеп (прекрасно место,нешто што е MUST SEE! за секој што стапнал на Македонско тло) си купив бројаница за на рака.Само што ја ставив на рака одма ми текна дека иам чуено муабети дека не требало сам да си ја купиш туку требало некој да ти ја подари.Појдов да го прашам монахот Калист за муабетов од луѓе дека не чинело демек сам да си ја купиш.Неговиот одговор беше краток и јасен: Нема шо да се замараш,со здравје да си ја носиш! Пошто брзав за да си одам,а и не сакав да го малтретирам да го прашувам што е значењето во врска со тоа дека не треба сам да си ја купиш па ме интересира некој тука доколку е запознаен со таа симболика да објасни малце понадолго.Фала :smir:
 
Подобро објаснување од она кое ти го дал монахот-здравје!

Така, со здравје да ја носиш, но не да ја носиш за да те видат другите, туку и да ја користиш. Имено, бројаницата е плетена од монаси/монахињи, кои, како што е редот, треба да ја сплетат така, што во текот од плетењето на секој јазел, ја изговараат Исусовата молитва: „...Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилувај ме мене грешниот/грешната...„.

Така и ти користи ја бројаницата, заедно со Исусовата молитва.

Не е битно дали бројаницата ти е подарок или самиот си ја купил-битна е нејзината корисност како реквизит, во твојот молитвен живот.
 
Така прават во индија, само што таму ја кажуваат мантрата ОМ НАМАХ ШИВАЈА(јас сум едно со бог) или некои други....некој од некого копираааааа...:nesum:
 
Така прават во индија, само што таму ја кажуваат мантрата ОМ НАМАХ ШИВАЈА(јас сум едно со бог) или некои други....некој од некого копираааааа...:nesum:

У Индија прават многу работи кои ги правиме и ние тука.
Во случајов, не станува збор за копирање, а и тоа е најмалку битно.

Знеш што е копирање? Они употребуваа бибер како зачин, па и ние почнавме кога ги видовме (друга приказна е што пред тоа биберот го немаше тука). Кинезите правеа порцелан, а ние ги ископиравме.

Меѓутоа, кога до исти заклучоци ќе се дојде независно, не можеш да кажеш дека станува збор за копирање.
 
Точно, не е важно кој кого копирал, важно е целта да биде единствена, со Љубов до Сесоздателот!
 
Така прават во индија, само што таму ја кажуваат мантрата ОМ НАМАХ ШИВАЈА(јас сум едно со бог) или некои други....некој од некого копираааааа...:nesum:

Тоа што го прават Индијците, или овие, или оние, а е слично со православниот начин на исповедање на христијанството и на Христа Бога, не допуштај да те замае: битно е на Кого Му се обраќа еден православен верник, а на кого му се обраќа еден хиндус: сличноста на молитвеното однесување може да те наведе на заклучок дека небаре сите Му се обраќаме на ист Бог, што би бил погрешен заклучок.

Патем кажано, злото ја наоѓа својата потпора во доброто па не е случајно што хиндусите „глумат„ верници, обраќајќи им се на нивните богови-идоли, слично на другите верници, кои Бог изричито ги забранува во Неговата втора Заповед.
 
Тоа што го прават Индијците, или овие, или оние, а е слично со православниот начин на исповедање на христијанството и на Христа Бога, не допуштај да те замае: битно е на Кого Му се обраќа еден православен верник, а на кого му се обраќа еден хиндус: сличноста на молитвеното однесување може да те наведе на заклучок дека небаре сите Му се обраќаме на ист Бог, што би бил погрешен заклучок.

Јас верувам дека сите му се обраќаме на еден Бог, креатор на универзумот, на животот, само секој го толкува на различен начин...сите патишта водат кон истата цел Бог, или како јас милувам да го нарекувам Креатор...се додека се прави разлика помеѓу една и билокоја друга работа "oh yeah, there will be blood my friend". Сите ние сме капки од еден ист океан, само премногу сме суетни за да го согледаме тоа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom