O
Omer el Faruk
Гостин
Не, Христос проповедеаше само меѓу јудеите, оти така и требаше да биде. На римјаните, им проповедаа Св. Апостоли Петар и Павле, и беа убиени во Рим од царот Нерон.
Аха, значи само на јудеите. Бог си зеде за себе ексклузивно право додека беше на Земјата да им проповеда на Јудеите, прогонуваниот и измачуван народ, а да ги остави диктаторите раат, понастрана. Бог се жртвува за гревовите на човештвото, без збор два да им каже на оние кои го распнаа на крстот.
Во овој случај излегува дека Пилат бил посилен од Бога ( естагфируллах), и дека тој има полно право на Судниот ден да му рече на Бога (Исус според вас) дека нема зошто да го казнува со Пеколот, бидејќи кога бил Исус на земјата, воопшто не им се обратил на Римјаните за да им каже дека е Господ, едноставно се посветил само на ИЗГУБЕНИТЕ ОВЦИ ИСРАИЛОВИ! А тоа е најстрашното нешто: БОЖЈА ДИСКРИМИНАЦИЈА!
Чуден е тој ваш Бог Мики1, навистина чуден. Полн со недостатоци, недоречености и противречности.
Сепак, со надеж дека посериозно ќе подразмислиш за тоа колку држи вода Исус да се нарекува Бог ти се заблагодарувам за одговорот што ми го даде на поставеното прашање.
