Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Јас верувам дека сите му се обраќаме на еден Бог, креатор на универзумот, на животот, само секој го толкува на различен начин...сите патишта водат кон истата цел Бог, или како јас милувам да го нарекувам Креатор...се додека се прави разлика помеѓу една и билокоја друга работа "there will be blood my friend". Сите ние сме капки од еден ист океан, само премногу сме суетни за да го согледаме тоа.
Грубо гледано ОК.
Но, не сум баш сигурен дека може да се стигне до Господ, а тој пат да не води преку неговата земна инкарнација.
Господ е Троединиот Господ Бог, Еден Бог во три ипостаси/три личности: Отец, Кој е беспочетен, Синот, преку Исуса Христа (Господ Исус Христос), Кој е роден од Отецот пред сите векови, и Духот Свет, Кој излегува од Отецот.
Христос Му се молел на Својот Отец, не на Сам Себе.
БРАОС! И јас би додал уште нешто, коа еден следбеник на Исус го прашал:„О Учителу добар, што треба се да правам за да имам вечен живот?“ Овој (Исус) му дал примедба,„Зошто ме велиш за добар, кога добар е само БОГ!“.Мики! викаш еден бог во три личности, значи единствениот бог се појавува во три личности. Па како може единствениот бог да се појави во едно негово лице(Исус) и истовремено да му се моли на другото негово лице-отецот. Абе ајде те молам немој вака. Иса а.с. (Исус) и на колена му се молел на Господ а ти кажуваш...
Велиш (Аллах да ми прости што го цитирам ова) синот е роден од отецот пред сите векови, па добро тогаш да те прашам зошто Господ на сите божји пратеници кои дошле пред Иса а.с. (Исус) на овој свет не им го кажал тоа? еве ти неколку од десетте божји заповеди на Муса а.с. (Мојсеј)
2 „Јас Сум Господ, твој Бог, Кој те изведе од Египетската Земја, од куќата на ропството. 3 Не ќе имаш никакви други богови покрај Мене.
4 Не ќе си правиш врезан лик, ниту некаква слика на она што е горе во небото, или долу на земјата, или во водата под земја.
5 Не ќе им се поклонуваш ниту ќе им служиш, зашто Јас, Господ, твојот Бог, Сум ревнив Бог. Ја посетувам неправдата на татковците - на оние кои Ме мразат - на децата до третото и четвртото поколение,
6 а покажувам милости на илјадници, кои Ме љубат и ги пазат Моите заповеди.
7 Не ќе го изговараш напразно името на Господа, твојот Бог, зашто Господ не ќе го остави неказнет оној кој го зема напразно Неговото име.
Зошто Господ тука постојано се спомнува како единство-една личност, зошто не кажува дека тој се појавува во три личности, зошто на Муса а.с. (Мојсеј) не му кажува дека постои тројство, зошто не му кажува на сите божји пратеници? дали според тебе криел?
Иса а.с. (Исус) бил како сите божји пратеници и луѓе, јадел, пиел, чуствувал жед, глад, болка, тага, страв, одел по потреба ( вршел нужда, мокрел, ) ги имал сите човечки органи па дури и половите органи, бил тепан како и многу божји пратеници и крварел и умрел од крварење до смрт. Според ова секој знае дека тој е божји пратеник а не бог.
Кога бил прашан дали е божји син тој одговорил: „ти така велиш“, можел едноставно да, но не рекол.
БРАОС! И јас би додал уште нешто, коа еден следбеник на Исус го прашал:„О Учителу добар, што треба се да правам за да имам вечен живот?“ Овој (Исус) му дал примедба,„Зошто ме велиш за добар, кога добар е само БОГ!“.
Да бил бог Исус не би му дал примедба за едно обично ословување, но Исус знаел дека тоа е погрешно и затоа на тоа ословување дал Примедба! Ова го пишува во самата Библија!
На сите прашања, давам точен одговор, ако ми е познат одговорот. И тоа го чинам веќе 2 г., со 5000 постови. А тоа што не правиш разлика меѓу категориите „знам„ и „верувам„ тоа не е мој проблем.