Прашања за Христијанството I

  • Креатор на темата Креатор на темата marcus
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
1. Во времето кога Пилат бил воен управник со Ерусалим, неговите војници биле неспоредливо помалкубројни од евреите, некаде 10:1 во корист на јудејците.
3. Јудеите, поточно, јудејското свештество ги подбуцна јудеите на бинт против Христа, од нивна завист-оти се роди Царот Јудејски и Учителот, а на јудејските свештенци тоа им се причини како закана за нивниот комодитет, иако самите свештеници знаеја дека Он (Месијата) ќе се роди меѓу нив-меѓу јудејците и тоа ќе се роди во Витлеем, токму онака како што е проречено и она како што свештениците му одговорија на царот Ирод.
1. Каков што е случајот и со секоја друга окупирана територија во историјата на човештвото - 10:1
3. Загреота тоа евреите - знаеле дека им дошол чоекот да ги спаси засекогаш, а они, суетно (дека им било криво, нели) го распнале на крст. Ко што викаш погоре, сосем било јасно дека конечно дошол тој што го чекале цел живот (Царот, Учителот, Месијата), ама, ете, пуста завист, го издале за друг цар - римски. (пошто овој сигурно боље ќе ги третира)

Колку ти е откачена оваа 3-кава, Мики... лом.

Среќна нова година. Озбилно.
 
Благодарам за честитката за Новата година (озбилно-сериозно...).

Што се „тиче „„тројката„, и тоа е точно: лицемерието од јудејските свештеници оди дотаму, што тие не само што не Го прифатија Христа Месијата, иако точно знаеја дека Он ќе се роди меѓу нив, туку на Пилата му велеа дека тие (јудеите) го признаваат за Цар саде римскиот Император, иако со тоа „признавање„ на својата потчинетост, кажаа лага-јудеите се премногу тврдоглав народ за да може туку-така да признае туѓа окупација, дотолку повеќе што истите тие јудеи, Го замислуваа Месијата како класичен земски Цар, кој ќе дојде, ќе седне на престолот и ќе почно војна против окупационите римски легии.
 
Викаш, се разочарале од господа што им пратил мекушец, па се свртеле накај силниот цар, а? Глупо ова многу, а?
 
Не си ме разбрал, ама то ти е...
 
1.
Дали ја има безсуетноста во комунизмот и кај комунистите можевме да видиме во пракса долги години на многу места, тоа е само уште еден обид на лукавиот да ги заблуди луѓето правејќи демек на оваа земја нешто што не е дадено за неа. Оттука станува јасно дека се работи за паушален заклучок базиран на малку извртени претпоставки.

ДАЈ ЧОВЕЧЕ НЕ ЛАЖИ НАРОД !


Ефесјани: 4:17 Ова го велам и сведочам во Господа, да не живеете веќе како што одат народите во СУЕТАТА НА СВОЈОТ УМ ,

2 Цареви: 17:15 Ги презираа Неговите закони и Заветот што го склучи со нивните татковци, и Неговите опомени што им ги упатуваше. Се стремеа кон суетата, па и самите станаа суетни, следејќи ги народите околу себе, иако Господ им заповеда да не прават како нив.

1 Коринтјани: 2:16 зашто: „Кој го познава Господовиот ум, за да го поучи?” А ние го имаме Христовиот УМ.

1 Петрово: 1:18 знаејќи дека не сте откупени со распадливи нешта, со сребро или со злато, ОД СВОЈОТ СУЕТЕН ЖИВОТ што ви е предаден од вашите татковци,

Дела Ап.: 2:44 А сите кои поверуваа беа заедно и сè им беше општо.
4:4 А мнозина од оние, кои го чуја словото, поверуваа, така што бројот на мажите се зголеми до пет илјади.
4:32 А множеството на оние, кои поверуваа, имаше едно срце и една душа, и никој не велеше дека нешто од неговиот имот е негово, туку сè им беше општо.

34 И никој меѓу нив не беше во скудност, зашто сите, кои имаа ниви и куќи, ги продаваа, а цената на продаденото ја донесуваа и ја ставаа пред нозете на апостолите.

35 И секому му се даваше колку кому му беше потребно.

АЈ ЧИТАЈ ПО МАКЕДОНСКИ ПА ТОА Е КОМУНИСТИЧКО АНАРХИСТИЧКА ИДЕОЛОГИЈА

Исаија: 14:12 Како падна од небото Деницо (Бивш Светлоносецу Ѓаволу Сатано), сине Зорин? Како ли си симнат на земјата ти, УГНЕТУВАЧУ НА НАРОДИТЕ?

Е ТОА ШТО ТИ СО ТВОЈАТА РЕЛИГИЈА СЕ ПРЕПОЗНАВАТЕ КАЈ БИВШИОТ СВЕТЛОНОСЕЦ

ТОА СИ Е ВАШ ПРОБЛЕМ

Инаку ние живеевме во Самоуправно општество многу слично на тоа што е опишано во библијата

библијата никаде не велича криминалци приватизери белосветски пробисвети и пропалици и шиткачи на вечни животи ветришта магли и виулици

НЕЕ ПАУШАЛЕН ЗАКЛУЧОК

пс имам отворени теми ако не те мрзи може таму да се пресметаме по овие прашања

-- дали верувањата на Исус се исти со верувањата на Ислам православие католицизам протестантизам

-- христовите убијци

-- Исус Христос ПРОТИВ Капиталистите и нивните поддржувачи

итн

ПОВЕЛИ ДАЈ КОНТРААРГУМЕНТИ А СО ПРОСЕРАВАЊА ЛЕПЕЊА ЕТИКЕТИ ...ЛУКАВИОТ И СЛИЧНИ СРАЊА НИШТО НЕ СЕ ПОСТИГНУВА .

2. Откаде вие е болдираниот заклучок? Можеби некои не знаеле, можеби некои и сега не знаат но илјадници години многумина знаат.

ајде де така ли е ?

имам отворени теми :

-- Дали Исламот православието католицизмот протетантизмот се монотеистички религии

( досега никому од овие религии и вери не успеа да докаже дека се монотеистички туку цело време бегаат се кријат може ти ќе си доволно храбар да им ја одбраниш честа .)

ПОВЕЛИ НА ТЕМАТА

имаш и тема :

Исласко Христјанско БЕЗЗАКОНИЕ --АНАРХИЈА

(ПОВЕЛИ И ТАМУ ДАСЕ ПРЕСМЕТАМЕ АКО СИ СИГУРЕН ВО СЕБЕ )

има и тема

Исламско христијанско безбожништво

(ПОВЕЛИ И ТАМУ ДАСЕ ПРЕСМЕТАМЕ АКО СИ СИГУРЕН ВО СЕБЕ )

.
.
или .........."мајка бежанија никад није плакала "..........ќе се криеш само на оваа тема ...за христијанството

КАКО СЕ ПРАКТИКУВА МОНОТЕИЗАМ ?
ВО ИСЛАМ ПРАВОСЛАВИЕ КАТОЛИЦИЗАМ ПРОТЕСТАНТИЗАМ ?

КАКО ПРАКТИКУВААТ МОНОТЕИЗАМ КОН ЕДЕН БОГ КОЈ Е БОГ НА МИРОТ АКО ВЕЌЕ ГО ЗНААТ

А НЕ ЗНААТ НИТУ БИЛО КОГА ЗНАЕЛЕ !

ЈАС ИМ КАЖАВ ..........ПРЕПИШАВ ДЕ :

Римјаните: 15:33 А Бог на мирот да биде со сите вас, Амин!
16:20 А Бог на мирот

Евреите: 13:20 А Бог на мирот, Кој преку крвта на вечниот завет Го изведе од мртвите Великиот Пастир на овците, нашиот Господ Исус,

ЕТЕ БОГ НА МИРОТ = БЕЗКОНФЛИКТНИТЕ МЕЃУЧОВЕЧКИ ОДНОСИ ГО ВОСКРЕСНАЛ ИСУС

.
.
ПОВЕЛИ НА ТЕМИТЕ !

3. Не е добар заклучокот дека бил против властите и капиталистите. Цитатот е точен но таму Тој не кажува дека е против нив на оваа земја туку само го констатира тоа што го прават властите. Инаку напротив, им советува да се почитуваат и земните власти, тоа може да го видите од:
Римјаните 13. 1-2, Матеј 22.17-21, 1 Петрово 2. 13-15, 17-18

не бе ептен многу се сакале !

300 години христијанството било забрането христијани автоматски ликвидирани со

обвинение : ДРЖАВНИ НЕПРИЈАТЕЛИ ! ( НПРИЈАТЕЛИ НА ДРЖАВНИОТ ПРЕФЕКТ )

е после лудакот Константин ја префарбал старата римска државна религија од која настанале православие и католицизам апосле и протестантизмот

Исус ја рушел државата :

Матеј: 6:24 ”Никој не може да им служи на два господара; зашто или едниот ќе го мрази, а другиот ќе го љуби; или ќе му биде приврзан на едниот, а другиот ќе го презира. Не можете да им служите на Бога и на мамона.”

Лука: 16:13 Ниеден слуга не може да им служи на два господара; зашто, или едниот ќе го мрази, а другиот ќе го љуби; или ќе се приврзе кон едниот, а другиот ќе го презира. Не можете да Му служите на Бога и на мамона!”

Мамон = бог на парите или или неможе и пари и верување .

..................ХРИСТОВИТЕ УБИЈЦИ .........................

Новиот Завет воопшто некрие кој биле најзаинетресирани групи на луѓе кој отворено се залагале за ликвидација на Христ .

Притоа ги класифицира во пет главни групи :

1 )..........ВЛАСТОЉУПЦИТЕ....................

ИРОД ГИ УБИЛ СИТЕ ДЕЦА ОД ВИТЛЕЕМ оти пророштвото било дека таму ќе роди идниот Крал на Израел

Евангелие по Матеј 2 – ред 16 .......Тогаш Ирод кога виде дека е измамен од мудреците , се разгневи многу , ПА НАРЕДИ И ГИ ЗАКЛА ,во Витлеем и во целата негова околина СИТЕ МАШКИ ДЕЦА од две години и помали според времето што точно го дозна од мудреците .
( значи Ирод кого римјаните го поставиле за крал имал и воружена сила да си спроведе своја волја која не се косела со Римски интереси )

Евангелие по Матеј: 20-ред 25 А Исус ги повика и рече: „Знаете дека Владетелите на народите господарат.......

Римјаните 13 - ред 3 ...Зашто Владетелите не се страв за добро дело, туку за зло.

Ефешаните 6 - ред 12 Зашто нашата борба не е против крвта и телото, туку ПРОТИВ НАЧАЛСТВАТА , ПРОТИВ ВЛАСТИТЕ , ПРОТИВ СВЕТСКИТЕ ВЛАДЕТЕЛИ ..................

1 Коринќаните 2 - ред 6 Па сепак, ја говориме мудроста меѓу совршените; но не мудроста на овој свет ни на Владетелите на овој свет, кои се минливи

1 Коринќаните 2 – ред 8 која не ја запознал НИЕДЕН од Владетелите на светов, зашто ако ја беа познале, немаше да Го УБИЈАТ Господа на славата (докажаноста Божја )


Галатите 5 – ред 1 Христос нè ослободи за слободата. Според тоа, стојте цврсто и НЕ ПОТЧИНУВАЈТЕ му се пак на ропскиот јарем.

Евангелие по Лука 23 – ред 12......Во истиот ден Пилат и Ирод се спријателија , зошто порано беа непријатели ...( имале заеднички непријател ..Христ )


2) ...............КАПИТАЛИСТИТЕ...................... ..

Евангелие по Лука 19 – ред 47 И поучуваше секој ден во Храмот. А свештеничките главатари, книжниците и НАРОДНИТЕ ПРВЕНЦИ ( богаташи – капиталисти ) гледаа да Го УБИЈАТ .

Евангелие по Матеј 20 - ред 25 А Исус ги повика и рече: „Знаете дека владетелите на народите господарат над нив и дека ГОЛЕМЦИТЕ ( капиталистите ) ги УГНЕТУВААТ – ИСКОРИСТУВААТ ЕКСПЛОАТИРААТ ..

Евангелие по Марко 10 – ред 24 ...А учениците се зачудија од Неговите зборови. Но Исус пак проговори и им рече: „Чеда, колку е тешко да влезат во Божјото Царство, ОНИЕ КОЈ СЕ НАДЕВААТ НА БОГАТСТВО!


Евангелие по Лука 18 – ред 24... А кога Исус го виде таков, рече: „Колку тешко ќе влезат во Божјото Царство, ОНИЕ КОЈ ИМААТ БОГАТСТВО .

Ред 25 ...Полесно и не камилата да мине низ иглени уши отколку на БОГАТАШ КАПИТАЛИСТ да влезе во Божјото Царство ............( НУЛА ..ЗИРО ПОИНТ ....НИТУ ЕДЕН )

Евангелие по Матеј 6 – ред 19 ...Не СОБИРАЈТЕ СИ БОГАТСТВА НА ЗЕМЈАТА , каде што молецот и рѓата ги уништуват, и каде што крадци поткопуваат и крадат;

Послание на Јаков 2 – ред 6....Не се ли БОГАТИТЕ – КАПИТАЛИСТИТЕ тие што ве УГНЕТУВААТ – ИСКОРИСТУВААТ - ЕКСПЛОАТИРААТ и ве влечат по судови .

Дела апостолски 4 – ред 32 .........А народот кој ПОВЕРУВА имаше едно срце и една душа и НИКОЈ не велеше дека нешто од неговиот ИМОТ Е негово , туку се им беше ЗАЕДНИЧКО (самоуправна општествена сопственост )

3) ......РЕЛИГИОЗНИТЕ ЕЛИТИ..............................

Евангелие по Лука 22 - ред 2 Свештеничките главатари и книжниците -(толкувачите на стариот завет кој им гарантирале на Евреите вечен живот со Суетниот Мојсеев закон) размислуваа како да Го УБИЈАТ ; но се плашеа од народот.

Евангелие по Марко 8 – ред 31 И почна да ги учи дека Човечкиот Син треба да пострада многу и да биде отфрлен од Старешините, Првосвештениците и Книжниците; дека ќе Го УБИЈАТ и дека по три дни ќе воскресне.

Евангелие по Марко 14 – ред 1 ....Два дена пред Пасхата и до празникот на Бесквасните лебови. И главните свештеници и книжниците бараа како да Го фатат на измама и да Го УБИЈАТ

Евангелие по Марко 14 – ред 55 А првосвештениците и целиот Синедрион бараа сведоштво против Исуса, за да Го УБИЈАТ , но не најдоа.


Евреите 7 – ред 12..........Имено кога се менува Законот ( Мојсеевиот Суетен Закон бил ЗАМЕНЕТ со нов ЗАкон на Слободата – БезСуетноста ..Јаков 1 – ред 25 ) непходно се менува и Свештенството . ( ама не религиозно туку нови антирелигиозни водачи- свештенство..идеалисти )

Евангелие по Лука 16 – ред 16 ....Мојсеевиот закон и пророците БЕА ( минато свршено време ) до Јован Крстител .....- вели Исус уствари званично го УКИНУВА Мојсеевиот закон и го менува со совршена Христова Комунистичко Анархистичка Безсуетна Идеологија .

4 ) .........ПОЛИТИЧКО РЕЛИГИСКИ ПРОФИТЕРИ ...............

Овие кокетирале и со Високо Свештенство и со Владетелите .....биле некоја мешавина религиозно политичка што партја што религија (секта поточно )

Им се додворувале на сите и биле меѓу најгрлатите и големи хушкачи да се ликвидира Христ . Ѓоамити многу побожни и религиозни а доста од нив биле и пагани а си ќарувале и политички поени се мотале со власта но биле против фарисеите .
Биле познати како ИРОДИЕВЦИ

Евангелие по Јован 7 – ред 1 ........Потоа Исус одеше по Галилеја , бидејќи не сакаше да оди низ Јудеја , зошто Евреите го бараа за да Го уништат .

Евангелие по Марко 3 – ред 6 ....А фарисеите кога излегоа , веднаш се советуваа со ИРОДИЕВЦИТЕ против него , за да го УНИШТАТ

Евангелие по Марко 12 – ред 13 Тогаш испратија некои од фарисеите и иродовците, за да Го фатат во збор.
Ре 14 .....Треба ли да му се дава ДАнок на цезарот или не ? Да даваме или да не даваме ?

Евангелие по Матеј 22 – ред 16 ...И Му ги испратија своите ученици, заедно со Иродиевците, за да Му речат: „Учителе, знаеме дека си вистински и дека во вистина ги учиш луѓето на Божјиот пат, и не ти е грижа од никого, зашто не гледаш на лицето на луѓето.
Ред 17 ..дали е според законот а му се дава ДАНОК на цезарот

Иако непријатели сепак околу ликвидацијата на Христ брзо се договориле .

Ништо чудно Оти Христ бил и против нив . Ќарувале политички поени на религиска основа .

5 ) ...... РЕЛИГИСКИ БИЗНИС ПРОФИТЕРИ .................

Евангелие по Матеј 21 – ред 12 .......Тогаш Исус влезе во Храмот и ги истера сите што купуваа и ПРОДАВАА во Храмот па им ги преврте масите на менувачите на пари и тезгите на продавачите на гулаби ...па им рече ...вие го направивте разбојничко дувло .

Дела на апостолите 19 – ред 24 , 25 , 26 , 27

Имено еден човек по име Димитар ФИЛИГРАНИСТ изработуваше сребрени Артемидини светилишта и на занаетчиите им донесуваше значителна печалба , откако ги собра нив и работниците со слични знаети ( сликари , вајари , резбари итн )им рече : Мажи вие знаете дека нашата благосостојба доаѓа од оваа работа , а гледате и слушате дека дека овој Павле не само во ефес туку речиси во цела Азија убеди и одврати големо множество луѓе велејќи им дека богови нацртани – изделкани - направени со раце не се богови Впрочем не постои опасност само нашиов занает да биде презрен туку и храмот на големата божица Артемида ќе се смета за ништожен и ќе му се наштети на величието на онаакоја ја почитува СЕТА Азија

Ред 28 ..кога го чуја тоа полни со гнев врескаа....................

.
.
итн
 
Христијаните не ја наследуваат својата вера од родителите при раѓањето, туку ја стекнуваат подоцна откако ќе се запознаат со неа. Ние веруваме дека човекот се раѓа "табула раса" и без никаква вера. Дури откако тој/таа ќе запознае одредени убедувања или пак самиот ќе ги стекне (од искуството и перцепцијата на околината), тој самиот одлучува дали и во што ќе верува.
Верата е лично убедување и не е наследлива категорија. Националноста се наследува, но не и верата.

Проблемот и конфузијата што се јавува тука е поради општо познатиот факт дека православните ја наследуваат верата од своите родители. Но тоа нема врска со христијанството, туку само со православието. Проблемот е тоа што кај православието националноста и верата православна се толку испреплетени и слеани што честопати тие се мешаат една со друга. Па оттаму произлегуваат и лапсузите од типот: "Православен атеист". :) Простојат еден куп атеисти на балканов што ако ги прашате дали се православни тие ќе ви одговорат дека се. Еден пријател така ми одговори и јас го прашав: "Како може да си православен кога ти воопшто и не веруваш дека Исус воскреснал". А тој ми одговори: "Епа не сум албанец па да сум муслиман, затоа сум православен."

Мислам дека после ова се ти е јасно :)

Значи според тебе човекот има право на избор дали и в кого ке верува.. Па зошто тогаш православните родители кога ќе се роди некое дете тие го крштеваат на година, две додека ништо не разбира и нема свои ставови, зарем не треба тоа да одлучи дали го сака тој чин или не?
 
не бе ептен многу се сакале !

300 години христијанството било забрането христијани автоматски ликвидирани со

обвинение : ДРЖАВНИ НЕПРИЈАТЕЛИ ! ( НПРИЈАТЕЛИ НА ДРЖАВНИОТ ПРЕФЕКТ )

е после лудакот Константин ја префарбал старата римска државна религија од која настанале православие и католицизам апосле и протестантизмот

Исус ја рушел државата :

Матеј: 6:24 ”Никој не може да им служи на два господара; зашто или едниот ќе го мрази, а другиот ќе го љуби; или ќе му биде приврзан на едниот, а другиот ќе го презира. Не можете да им служите на Бога и на мамона.”

Лука: 16:13 Ниеден слуга не може да им служи на два господара; зашто, или едниот ќе го мрази, а другиот ќе го љуби; или ќе се приврзе кон едниот, а другиот ќе го презира. Не можете да Му служите на Бога и на мамона!”

Мамон = бог на парите или или неможе и пари и верување .


итн

Јас не се пресметувам со никого, само разменувам аргументи и мислења па потоа секој има право да заклучува сам. Инаку жалам што поради немање време во овој период не можам да ги видам сите тие теми кои ги споменувате но во наредниве месеци ќе најдеме некогаш, ама ако аргументите ви се од овој тип тешко дека некого сте убедиле, поверојатно е дека сте ги избркале.
Да скратам, да се задржиме на мислењата кои ги дискутираме но ќе ве молам едно по едно зашто инаку е предолго.
Да почнеме најлесно од третото (не се секирајте, ќе се навратиме и на другите понатаму).
Вие велите за Спасителот дека бил, цитирам „в ) против властите и капиталистите “ и „Исус ја рушел државата
Никаде, ама баш никаде никаде во вашите цитати од Библијата нема потврда за тоа. Имено, цитирате:

Матеј: 6:24 ”Никој не може да им служи на два господара; зашто или едниот ќе го мрази, а другиот ќе го љуби; или ќе му биде приврзан на едниот, а другиот ќе го презира. Не можете да им служите на Бога и на мамона.”

Лука: 16:13 Ниеден слуга не може да им служи на два господара; зашто, или едниот ќе го мрази, а другиот ќе го љуби; или ќе се приврзе кон едниот, а другиот ќе го презира. Не можете да Му служите на Бога и на мамона!”


Ако ја читате Библијата во целина ќе дознаете дека Божјо е царството небесно и Исус апелирал да не се грижиме многу за земното и за богатството. Ако ја прочитате целата глава тоа станува појасно, едноставно ни вели да се грижиме за небесното, исто во Матеј 6:

19 ”Не собирајте си богатства на земјата, каде што молецот и рѓата ги уништуват, и каде што крадци поткопуваат и крадат;
20 туку собирајте си богатства во небото, каде што ни молец, ниту ‘рѓа ги уништува, и каде што крадци не поткопуваат и крадат;
21 зашто каде е твоето богатство, таму ќе биде и твоето срце.”

и во таа смисла да не робуваме (да не ги сакаме, да не им служиме) на парите и богатствата (т.е. на Мамона) на земјата. Никаде не вели да се напаѓа и руши земната власт како што вие велите. Не вели дека е добра, но не ја руши никаде.

Од друга страна комплетно ги игнорирате следните експлицитни изјави на Спасителот и потоа апостолите за почитување и на земните власти:

Матеј 22:
21 Му рекоа: „На царот!” Тогаш им рече: „Подајте му го царевото на царот, а Божјото на Бога!”

1 Петрово 2:
13 Заради Господа покорувајте и се на секоја човечка власт: било на цар, како врховник,
14 било на управителите, како негови пратеници, за да ги казнуваат злосторниците, а да ги пофалуваат оние, кои прават добро!


Римјаните 13:
1 Секоја душа да им се покорува на претпоставените власти, зашто нема власт, а да не е од Бога; и колку и да се властите, од Бога се поставени.
2 Затоа оној, кој и се противи на власта, и се противи на Божјата наредба; а кои и се противат, ќе ја примат својата осуда.

Другото што го кажувате околу ова е промена на тезата, јас реков дека Спасителот не стимулирал бунт против властите, не дека властите го сакале.

Ве молам конкретно одговорете на ова без ширење и замени на тезите па кога ќе завршиме ќе продолжиме и со другите.
 
Значи според тебе човекот има право на избор дали и в кого ке верува.. Па зошто тогаш православните родители кога ќе се роди некое дете тие го крштеваат на година, две додека ништо не разбира и нема свои ставови, зарем не треба тоа да одлучи дали го сака тој чин или не?
Абе што е важно дали човекот е крштеван или не?Менува ли тоа нешто?Подоцна детето ако се произнесе како атеист ќе му пречи ли крштевањето?
Кршетавањето само ти прија неможе да ти штети.
 
Практиката на крштевање на децата уште додека се мали е поради можноста од (не дај Боже) прерана смрт. Затоа и по кршетавањето на мали деца, родителите на првата наредна литургија ги носат на причестување. Но кога тоа мало дете ќе порасне доволно за да има свест и разум, самото ќе си го направи изборот за тоа дали ќе го живее своето крштение. Доколку реши својот живот да го живее во духот на христијанството, да го предаде во рацете на Господ Исус Христос, тогаш своето детско крштение го обновува (заживува) преку светата тајна ИСПОВЕД и светата тајна ЕВХАРИСТИЈА (причест).АМИН !
 
Секој треба сам да си избере дали ќе верува и во што. Препотентно е и лицемерно да одлучуваш во име на други.
 
Практиката на крштевање на децата уште додека се мали е поради можноста од (не дај Боже) прерана смрт. Затоа и по кршетавањето на мали деца, родителите на првата наредна литургија ги носат на причестување. Но кога тоа мало дете ќе порасне доволно за да има свест и разум, самото ќе си го направи изборот за тоа дали ќе го живее своето крштение. Доколку реши својот живот да го живее во духот на христијанството, да го предаде во рацете на Господ Исус Христос, тогаш своето детско крштение го обновува (заживува) преку светата тајна ИСПОВЕД и светата тајна ЕВХАРИСТИЈА (причест).АМИН !

Разбира се!
Така е, така нека биде! Амин!

Секој треба сам да си избере дали ќе верува и во што. Препотентно е и лицемерно да одлучуваш во име на други.

А што можат бебето или детето од 3 год. да одлучат за самите себе? Зарем бебето може да даде своја точна проценка на која вера ќе и припадне? А за што служи кумот при крштевањето?

Ама ај, и за ова веќе е дискутирано, па кој сака-нека прими, кој неќе-нека му биде по верата негова.
 
Колку интересни приказни ... Догмааааа
 
Не треба да се дозволи избор! Бидејќи постојат многу искушенија, покрстувањето како бебе помага појак да биде штитот божји за одолевање на тие искушенија, а за спас на бесмртната душа, бидејќи од грев сме зачнати, мораме да се исчистиме, а не дополнително да потпаѓаме во други гревови!
Што подоцна се чека, поголеми искушенијата, послаби се одбраните и поголеми се шансите за да подлегнат и ја загубат својата душа и спаснеието и да бидат одреднеи за в пеколот, на вечна мука дури и по страшниот суд.
 
Оу мај год ... вие озбилни сте ?
 
Се разбира, како може во тоа да се сомневаш? Освен ако не си и ти оа оние грешните beyond redemption?!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom