Прашања за Христијанството I

Статус
Затворена за нови мислења.

sinatra

Френки
Член од
25 септември 2009
Мислења
186
Поени од реакции
3
Претпоставувам, кога теоријава за мултиверзум ќе почне да се предава у школо и неа ќе ја прилагодите на Библијата. Бесрамно.
Аха, можеш за ова да сањаш. Ниту некад ќе се учи, ниту Библијата ќе се прилагодува на неа.

Тоа ти е чиста метафизичка хипотеза.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Аха, можеш за ова да сањаш. Ниту некад ќе се учи, ниту Библијата ќе се прилагодува на неа.

Тоа ти е чиста метафизичка хипотеза.
Ако ти разбираш што е метафизика... не се петљај со работи што не ги конташ. Треба поише од пасус да прочиташ... Пак ќе се посрамиш. ...иди боље протестирај таму пред православна, пред католичка негде...
 

sinatra

Френки
Член од
25 септември 2009
Мислења
186
Поени од реакции
3
Ако ти разбираш што е метафизика... не се петљај со работи што не ги конташ. Треба поише од пасус да прочиташ... Пак ќе се посрамиш. ...иди боље протестирај таму пред православна, пред католичка негде...
Па ти да не разбираш случајно? Не знаев дека у четврто одделение се учи тоа.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Цитат:

„..Не бе друже не е бласфемично, туку баш напротив прифатено, а можам да кажам и потскриено од страна на првата црква.
Не е Бласфемично, дури гледав емисија на HISTORY channel, интересна ствар... Ова денешна форма на Библијата е само интерпретација на Павел и Петре, кои очито не се слагале со Јаков. Во таа книга, која исто така е авторитет за православните црковни отци(така барем видов на емисија), исто така има големо, преголемо, значење во светот на христијанството, за кое сметам дека умешно се крие и не се зборува.

Пример ме запрепасти тоа, што тоа е постаро дури и од Евангелијата, а никаде не го споменува Исус како Бог, туку како слуга, како "ЧОВЕКОТ КОЈ МУ РОБУВАШЕ НА БОГА", и дека тој кодик е кодикот на првата црква во Ерусалим каде Епископ бил Јаков, и истите тие, биле напишани од раката на Јаков и неговите следбеници.

Јака тема, ме заинтересира, реков ај вас оплакнатите да ве прашам шо мислите. Како тоа, пример, членот од семејството каде што растел Христос, никаде на ниедно место, не го нарекува Бог? Ја мислам Павел многу работи ги изместил во таканареченото Христијанство. А ? Ќе се сложиш со мене или не ? Море не е битно... :)...„

1. Каналот „историја„ не ми е релевантен извор на вистини.
2. Тоа е типичен став од муслиманските вернци: „...Павле проповедал нешто поинакво од Христа...„.
3. Постаро од евангелијата е само Стариот Завет. Првото евангелие, по Матеј , е напишано 3 г по воскресението Христово.
4. Да, Јаков е првиот епископ ерусалимски.
5. Браќата и сестрите Христови навистина не Го именувале Христа со поимот „бог„, оти не ни биле Негови родени браќа и сестри. Но, битното е тоа дека мајка Му, Богородица, точно знаела дека Он, Христос, е Синот Божји. Тоа е повеќе од доволно.
6. Точно, не морам да се согласам со тебе.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Цитат:


3. Постаро од евангелијата е само Стариот Завет. Првото евангелие, по Матеј , е напишано 3 г по воскресението Христово.
Која година воскресна Исус?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
33-тата (36-тата).
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
1. Каналот „историја„ не ми е релевантен извор на вистини.
2. Тоа е типичен став од муслиманските вернци: „...Павле проповедал нешто поинакво од Христа...„.
3. Постаро од евангелијата е само Стариот Завет. Првото евангелие, по Матеј , е напишано 3 г по воскресението Христово.
4. Да, Јаков е првиот епископ ерусалимски.
5. Браќата и сестрите Христови навистина не Го именувале Христа со поимот „бог„, оти не ни биле Негови родени браќа и сестри. Но, битното е тоа дека мајка Му, Богородица, точно знаела дека Он, Христос, е Синот Божји. Тоа е повеќе од доволно.
6. Точно, не морам да се согласам со тебе.
Каналот Историја, е само трансмитор, на нешто што се нарекува научна објективност и баратање по историските и светските архиви. Не е проблемот во Историскиот канал, да ми веруваш, проблемот е во Христијанските апологети кои се бунат секогаш, со невидена конфузија го прифаќаат овој факт, а мноштво од нив не ни чуле за ова работа. Во емисија каде истражуваше (ЗАМИСЛИ) црнец, од Ватикан, па се до Москва, Синај, Ерусалим, Истанбул, сите можни црковни авторитети, од Православни, Католици, Протестанти итн... Ниеден од нив не знаеше да одговори на ова прашање како што треба и налага прашањето.
Не е типичен став на муслиманските, а тоа што христијаните се побиваат само со муслиманите е башка работа, а тоа што секој што го користи рациото, и има пенетрирано подлабоко во тие проблематики знае што се случувало и како се случувало.
Постаро од Евангелијата, т.е. Евангелието по Марко, кое е пренесено од устата на Петар, очито пред да потпадне под влијание на Павле и неговите антропоморфни идеи, се списите(ако можам така да ги наречам) на Јаков, кој зборува за првите верници и како тој им раскажувал за учителот, кој воопшто не бил помазен, воопшто не бил трансцендентен туку јасен, разбирлив, складен на сите закони на природата и општеството, дури на крај РОБ на Господ. Според тој кодик, таканаречени Христијани можат да бидат сите оние кои ќе станат Евреи или Јудеи, затоа што Христос го гледал како континуитет на Јудаизмот, а не нова религија, каде ги раскинува сите институцинално-спиритуално-општествено-хиерархиски-теоретски врски со старата религија и основа нова! Јок! Туку, човек, роб, со кого заедно растеле, и од кого се барала интерпретација на тој императивен фундамент на учењето, а тоа не е дека треба да веруваме дека за да се спасиме некаде во некој свет, каде после смртта ќе се засолне нашата душа, туку тука во овој свет, да го олалшаме и да го подобриме квалитетот на овоземниот живот.
Има нешто што не го знаат многумина, а што е супстанцијално! Имено, семејството на Христос, т.е. браќата, односно еден од нив, Јаков, е отвфлен и изолиран во Новиот завет, и многу малку застапен. Јаков, и неговото учење се разликувало од учењето на Павле и Петар. Овој последниот бил под влијание на оној првио, т.е. Павле.
Апостолите кои пропагирале на северниот дел од Медитеранот, се разликувале од оние кои пропагирале на јужниот. Оние на јужниот пропагирале Јудаизам, со нов пророк, учител, спасител, кој како самосвестен човек ни ја пренесува највисоката форма на свест дотогаш видена. ПОД ПОКРОВИТЕЛСТВО НА СТАРАТА РЕЛИГИЈА! Овие северниве, почнале да маневрираат лошо, да лажат, да се камелеонизираат, и да измислуваат глупости, како и како повеќе да влијаат на луѓето политеисти и пагани од тоа време. Цел нов завет, на 70% е застапен Павле. Никаде ги нема на Јаков летописите. Каде се? Денес се прифаќаат од Православната Црква, ама некако не се практикуваат.

Интересна тема! Би сакал да научам повеќе за ова, а ќе научам, и ќе пробам да го пронајдам тоа книжуле, кое очито е многу вредно, а и старо.
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
Пикасо сакаш да кажеш дека Исус не бил христијанин ниту муслиман :pos2: како што викаат туку само ја продолжувал неговата изворна религија(јудаизмот) ?

Ја знам емисијата ептен е добра само штета што ептен мал дел имам фатено од неа. Ако знаеш како е името за да ја барам на торент.
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Пикасо сакаш да кажеш дека Исус не бил христијанин ниту муслиман :pos2: како што викаат туку само ја продолжувал неговата изворна религија(јудаизмот) ?

Ја знам емисијата ептен е добра само штета што ептен мал дел имам фатено од неа. Ако знаеш како е името за да ја барам на торент.
Сакам да кажам дека луѓе како тебе, не треба да ги читаат моите постови!
Слободно, игнор ми, оти не се разбираме, а и тешко дека ќе се разбереме. Вакви постови, не сакам да ме цитираат и споменуваат.

Барај, кај сакаш, што сакаш.
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Не гледам ни дата одредена во Библијата....
Како се одреди точно која дата Исус воскреснал??
Пасхата паѓа на 14 Нисан според еврејскиот календар..Исус е распнат на 13..прочитај внимателно..ќе најдеш
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom