1. Каналот „историја„ не ми е релевантен извор на вистини.
2. Тоа е типичен став од муслиманските вернци: „...Павле проповедал нешто поинакво од Христа...„.
3. Постаро од евангелијата е само Стариот Завет. Првото евангелие, по Матеј , е напишано 3 г по воскресението Христово.
4. Да, Јаков е првиот епископ ерусалимски.
5. Браќата и сестрите Христови навистина не Го именувале Христа со поимот „бог„, оти не ни биле Негови родени браќа и сестри. Но, битното е тоа дека мајка Му, Богородица, точно знаела дека Он, Христос, е Синот Божји. Тоа е повеќе од доволно.
6. Точно, не морам да се согласам со тебе.
Каналот Историја, е само трансмитор, на нешто што се нарекува научна објективност и баратање по историските и светските архиви. Не е проблемот во Историскиот канал, да ми веруваш, проблемот е во Христијанските апологети кои се бунат секогаш, со невидена конфузија го прифаќаат овој факт, а мноштво од нив не ни чуле за ова работа. Во емисија каде истражуваше (ЗАМИСЛИ) црнец, од Ватикан, па се до Москва, Синај, Ерусалим, Истанбул, сите можни црковни авторитети, од Православни, Католици, Протестанти итн... Ниеден од нив не знаеше да одговори на ова прашање како што треба и налага прашањето.
Не е типичен став на муслиманските, а тоа што христијаните се побиваат само со муслиманите е башка работа, а тоа што секој што го користи рациото, и има пенетрирано подлабоко во тие проблематики знае што се случувало и како се случувало.
Постаро од Евангелијата, т.е. Евангелието по Марко, кое е пренесено од устата на Петар, очито пред да потпадне под влијание на Павле и неговите антропоморфни идеи, се списите(ако можам така да ги наречам) на Јаков, кој зборува за првите верници и како тој им раскажувал за учителот, кој воопшто не бил помазен, воопшто не бил трансцендентен туку јасен, разбирлив, складен на сите закони на природата и општеството, дури на крај РОБ на Господ. Според тој кодик, таканаречени Христијани можат да бидат сите оние кои ќе станат Евреи или Јудеи, затоа што Христос го гледал како континуитет на Јудаизмот, а не нова религија, каде ги раскинува сите институцинално-спиритуално-општествено-хиерархиски-теоретски врски со старата религија и основа нова! Јок! Туку, човек, роб, со кого заедно растеле, и од кого се барала интерпретација на тој императивен фундамент на учењето, а тоа не е дека треба да веруваме дека за да се спасиме некаде во некој свет, каде после смртта ќе се засолне нашата душа, туку тука во овој свет, да го олалшаме и да го подобриме квалитетот на овоземниот живот.
Има нешто што не го знаат многумина, а што е супстанцијално! Имено, семејството на Христос, т.е. браќата, односно еден од нив, Јаков, е отвфлен и изолиран во Новиот завет, и многу малку застапен. Јаков, и неговото учење се разликувало од учењето на Павле и Петар. Овој последниот бил под влијание на оној првио, т.е. Павле.
Апостолите кои пропагирале на северниот дел од Медитеранот, се разликувале од оние кои пропагирале на јужниот. Оние на јужниот пропагирале Јудаизам, со нов пророк, учител, спасител, кој како самосвестен човек ни ја пренесува највисоката форма на свест дотогаш видена. ПОД ПОКРОВИТЕЛСТВО НА СТАРАТА РЕЛИГИЈА! Овие северниве, почнале да маневрираат лошо, да лажат, да се камелеонизираат, и да измислуваат глупости, како и како повеќе да влијаат на луѓето политеисти и пагани од тоа време. Цел нов завет, на 70% е застапен Павле. Никаде ги нема на Јаков летописите. Каде се? Денес се прифаќаат од Православната Црква, ама некако не се практикуваат.
Интересна тема! Би сакал да научам повеќе за ова, а ќе научам, и ќе пробам да го пронајдам тоа книжуле, кое очито е многу вредно, а и старо.