Ок, вие карајте се за партии, додека на сред плоштад, млади луѓе негираат Македонштина и подржуваат Грци.
Пошо тоа не е загрижувачко. И пошо од нив нема да испадне по некој иден политичар, кој ваквата не-македонштина ќе ја промовира на посериозно ниво.
Сеуште ми се нејасни мотивите на "радикалната левица во Македонија". Инспирација или солидаризација?
Не спорам за некои факти кои стојат во муабетот на Офчар. Пеки, што е право, право е. Делимично, не баш се. Нејсе, целта на протестот во Скопје е со цел: рушење на системот на Груевски по примерот на обидите во Атина, или поддршка за "радикалната левица" во Грција, по идеолошка варијанта без оглед на интернационалните релации, историја и можна иднина? Поточно, сликата се гледа од 200 метри далечина, од 20 центиметри или без сочива од било каде?
И мене ми труби една труба, нон стоп,
тонови погрешни и груби,
но ме заболе патлак за мирот во светот,
кога светот го боли патлак за мене.
Секој својот.
А, Ада, ако дојде до иктиза, нема проблем... Еден ден на улица ќе направиме вистинска анархија како вистинкси Македонци низ историјата, и меѓу себе ќе се потепаме додека еден не победи - ако треба. И после, нека прави кој што сака со земјата, откако ќе извојува победа. Ако дојде до иктиза, једног лепог Дана....бидејќи нон стоп гледам фасцинации за студентите 68-ма година, шо е супер, онака, филмски. И супер херојски делува, ние, студенти на улица, ќе делиме правда, ќе бараме еднаквост.
Ама не со утнат протест во утнато време.
И не со скриен мотив за стекнување со политичка моќ, иако декларативно поинаку стојат работите.
Го поддржувам протестот .
Како прво се родив како човек,како Македонец случајно.
Што не протестираш за немирите на блиски исток бе? За гладните во Африка донирај храна. Ако па најпрво се роди ко цицач, а не ко човек, протестирај за тепањето делфини.
Размислува ли некој повеќе од моменталниот шмекерски филм на улична правда, во однос на импликациите? Поточно, како човек, зад какви ставови застануваш? Е, Бранимире, Бранимире...