Секоја врска започнува меѓу двајца кои не се сакаат.
Пред да започне врската може само да си се допаѓаат и да има мала заљубеност но не и љубов.
Добро освен ај ако некој го знаеш долго време и ти е пријател и потоа сознаеш дека чуствуваш повеќе од пријателска љубов кон него.
Но за да постои љубов потребни се двајца.
Така да за да засакаш некој треба според мене да бидеш некој период со него во врска. Да се засака вистински, не само површно. Сакање на личноста со сите негови позитивни и негативни мани.
Јас би можела да бидам со некој во врска којшто не го сакам, но само одреден период додека не разгрешам дали личноста ја засакувам или не.
А да сум во долга врска со некој кој не го сакам не можам. Сакам двострана љубов.
А реално постојат огромен број личности кои се во врска со лица, а кои не ги сакаат. Но има други причини убав е, фраер е, има пари, те шета, се ти исполнува, те сака премногу ...