Соседите се вооружуваат како за нова балканска војна!

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Tema fantastica. Пеки, нек се муабети, интересно е. И се согласувам делумно со фми, делумно...
Неисе, избришав 46 мислења. Не муабетете без везе и со провокации. Кој знае техники на војување, стратегии, компарации со примери од историја, употреба на модерни технологии, воени сојузи и реакција, импликации и проглас во светот, реакции....нека пишува.

Кој е за шала, нек оди на друг подфорум.
 
theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Македонија ја засилува одбраната со додатни 17,2 милиони евра, што значи дека вкупната потрошувачка за одбраната е 136,7 милиони евра за 2009 година.

Цел текст (мал е)

За одбраната в година 17 милиони евра повеќе
Меѓу приоритетите во трошењето на парите на одбраната се обезбедување борбени системи компатибилни со стандардите на НАТО

Министерството за одбрана в година ќе располага со136,7 милиони евра, 17,2 милиони повеќе од годинашниот буџет, кој беше скусен со последниот ребаланс.Меѓу приоритетите во трошењето на парите на одбраната се обезбедување борбени системи компатибилни со стандардите на НАТО, нов софтвер за Министерството за одбрана, опремување на единиците одредени за операции надвор од Македонија и подобрување на стандардите и на здравствените услуги на припадниците на АРМ.

Делот за војската е речиси 100 милиони евра, 15 милиони повеќе од годинава. АРМ добива околу 4 милиони евра повеќе за модернизација од годинава, кога со ребаланс и' беа намалени парите од таа ставка. Војската ќе има 15,5 милиони евра за подновување на опремата и околу 2,5 милиона за обука.

АРМ ќе добие околу еден милион евра помалку за мисиите во странство од годинава. За следната година за таа намена се предвидени 3,5 милиони евра.Повеќе од 10 милиони евра ќе бидат наменети за активностите за владината програма за интеграција во НАТО. Со ребалансот на годинашниот буџет, одбраната за оваа намена имаше на располагање само четири милиони евра.

Министерството за внатрешни работи, пак, в година ќе има буџет од 174,6 милиони евра. Пет милиони се наменети за мебел, возила и за опрема на полицијата, повеќе од 9 милиона се за реформи, а Управата за безбедност и контраразузнавање има околу 8,2 милиони за опрема, мебел и за возила.
Извор(Дневник)

Еве и нашата влада изгледа го чита форумот. :D
 
Член од
11 јуни 2008
Мислења
18
Поени од реакции
1
Во секој случај ако има тука војна знам за сигурно дека русите пак ќе си седат со скрстени раце и ќе чекаат на тоа НАТО да си го потроши малку од малку арсеналот, па на крајот да дадат некој завршен збор (не мора да значи воено учество).
Тоа со србите ич не им чинеше, рекоа дека ќе застанат зад нив во случај на конфликт на србите со Алијансата а многу малку направија, барем директно учество од нивна страна немаше. Можеби продале некои САМ-ки за поевтини пари на србите да ги поддржат ама и тоа не се знае.
Мал feedback од минатото: Сталин исто така го поддржува белградскиот протест против Германија и станува сојузник со Југославија, но единствено од причина да го разлути Хитлер (Гитлер на руски хаха, името им е многу јако) и да ја нападне Југославија. Значи, Сталин купува време за реорганизацијата на армијата после чистките.
Значи во нашево фиктивно претпоставување на војна Гејлада v.s Македонија Русија ја замислувам како неутрална држава по ова прашање, која прво својот двор ќе си го гледа па на крајот оној на комшиите.
 
TMPO

Obraz
Член од
31 октомври 2007
Мислења
1.728
Поени од реакции
26
Македонија ја засилува одбраната со додатни 17,2 милиони евра, што значи дека вкупната потрошувачка за одбраната е 136,7 милиони евра за 2009 година.

Цел текст (мал е)

Извор(Дневник)

Еве и нашата влада изгледа го чита форумот. :D
:pos2::pos2::pos2:
Mnogu be, toa e kolku za pasteti za edna godina. Bas se smesni.
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Еве неколку техники за војување

.
Накратко тие ги делат техниките на три видови:
1. техники на очевидност
2. техники за кои се потребни дополнителни информации за да бидат препознаени
3. техники кои можат да станат очигледни откако ќе се испитаат голем број на излезни информации (output)
Јас ќе се задржам овде само на првите, зашто со нив секојдневно се среќаваме и најлесно можеме да ги препознаеме. За другите треба да си професионалец. Па одиме:

Повикување на авторитет

Повикувањата на авторитети цитираат истакнати jавни фигури за да поддржат одредена идеја, аргумент, или делување.

Тврдења

Тврдењата се позитивни изјави презентирани како факти. Тие имплицираат ,дека тоа што е изјавено е очевиден факт и нема потреба од понатамошно докажување. Тврдењата можат, но не мора да бидат вистинити.

Принцип на стадо и неизбежна победа

Ваквите изјави имаат за цел да jа убедат публиката да преземе одредена акција коjа „ Сите други веќе jа преземаат“ т.е. „Да и се придружи на толпата“. Оваа техника jа засилува човековата природна потреба да се биде од страната на победникот. Исто така, оваа техника се користи за да jа убеди публиката , дека програмата е експресија на незапирливо масовно движење и дека е во нивен интерес да и се придружат. „Неизбежната победа“ ги повикува оние кои што се уште не се дел од толпата, да се придружат на оние кои се на патот кон сигурна победа. Додека пак оние што веќе, или половично се наоѓаат таму се охрабруваат, дека останувањето на тоj курс е најдобрата можна акција.

Постигнување не согласување

Оваа техника се користи за да се натера публиката на несогласување со одредена акција или идеја, по пат на сугерирање, дека таа идеја е популарна каj омразените, презрените и групите од кои што таа публика се плаши. Според тоа, доколку групата што поддржувала одреден политички смер е доведена до верување дека несакани, превртливи, или неморални луѓе го поддржуваат истиот, членовите од групата може да одлучат да jа сменат позицијата.

Блескави генерализации

Претставуваат интензивно емоционални и трогателни зборови. Тие се толку блиску асоцирани со високо вреднувани концепти и верувања што со себе носат убедување без никаква придружна информациjа или расудување. Тие апелираат на такви емоции како љубов кон татковината, домот, желбата за мир, слобода, слава, почести и сл. Тие бараат одобрување без испитување на разумот. Иако зборовите и фразите се неjасни, двосмислени и им сугерираат различни нешта на различни луѓе, нивната конотациjа е секогаш поволна: „Концептите и програмите на пропагаторите се секогаш добри, посакувани, виртуозни“.
Генерализациите можат да jа зголемат или намалат ефективноста со промена на условите. Поради тоа тие мора да бидат одговарачки на тековните услови. Фразите кои што разбудуваат приjатни асоциjации во одреден период, може да предизвикуваат неприjатни и непосакуваниконотации во друг временски период, особено доколку нивната референтна рамка се промени.
Особините на оваа пропагандна техника се:
Двосмисленост. – Генерализациите се намерно двосмислени за публиката да може да изведува свои заклучоци. Намерата е да се повлиjае врз публиката со користење на недефинирани фрази, без анализирање на нивната валидност и без обиди за детерминирање на нивната разумност или примена.

Рационализациjа. –Индивидуалци или групи може да користат погодни генерализации за да рационализираат спорни делувања или верувања. За да ги оправдаат таквите акции или верувања, често се користат двосмислени, но приjатни фрази.

Упростување.- Поволните генерализации се користат за да произаведат прости одговори на комплексните социjални, политички, економски, или воени проблеми.

.
Oбичен човек

Овој пристап се обидува да jа убеди публиката дека позицијата на пропагаторот го рефлектира вообичаеното мислење на луѓето. Тоj е дизајниран за да jа добие довербата на публиката по пат на комуницирање на нејзин вообичаен начин и стил. Пропагаторите користат секојдневен јазик, однесување и облека (очи во очи и во аудиовизуелните комуникации) во обидите да jа идентификуваат својата точка на гледање со онаа на просечниот човек. На овој начин пропагаторот може да jа добие довербата од личностите кои се навредуваат од, или се недоверливи кон непознат интелектуален говор, зборови, или однесувања.
Публиката може да се убеди да ги идентификува своите интереси со оние на пропагаторот со:

Презентирање на војниците како обични луѓе - Пропагаторот сака да направи непријателот да се почувствува како да се бори против војници кои се „Чесни, обични луѓе“, многу слични на него; ова се користи и за контра теми кои го обојуваат противникот како „Крволочен“ убиец.

Презентирање на цивилите како обични луѓе. - Овој инструмент исто може да помогне да се убеди непријателот дека спротивставената нација не е составена од арогантни, неморални, измамнички, агресивни, кавгаџиски луѓе, туку од луѓе како и нив самите, коишто сакаат да живеат во мир.

Хуманизирање на лидерите - Оваа техника отсликува почовечки портрет на сопствените и пријателските воени и цивилни лидери. Ги хуманизира така што публиката гледа на нив како слични човечки суштества, или порадо, како љубезни, мудри, татковски фигури.

Категории на техниката обичен народ:
Наречjе или сленг. Ова е современиот јазик на специфичен регион или специфична група на луѓе, коj е вообичаено зборуван или пишуван и вклучува песни, идиоми и шеги. Тековниот сленг на специфичната целна публика мора да се користи за поуспешно спроведување на пропагандата.
Дијалект. Дијалектот претставува отстапување во изговорот граматиката и вокабуларот од нормите на одреден регион или нација. Kога се користи дијалект, потребна е перфектност од страна на пропагаторот. Најдобро е оваа техника да се остави на оние кои што го говорат дијалектот, бидејќи оние кои израснале со тоj дијалект се најдобри негови корисници во пропагандните обраќања.
Грешки. Правилниот изговор, jасните изјави и предавањата оставаат впечаток на вештачка ситуација. За да се остави впечаток на спонтаност се користи намерно двоумење помеѓу фразите, заплеткување, или погрешно изговарање на зборовите. Доколку не се претера се добива ефект на искреност. Грешки во пишан материјал можат да се прават само кога такви се вообичаени за членовите од групата коjа го чита материјалот. Генерално, грешките би требало да бидат ограничени на обичен говор.
Домашни зборови. Овие се една форма на „Доблесни зборови“, кои се користат во секојдневниот живот на просечниот човек. Тоа се познати зборови како „Дом“, „Семејство“, „Деца“, „Соседство“, или други културни еквиваленти. Тие евоцираат поволен емоционален одговор и помагаат да се пренесат симпатиите на публиката врз пропагаторот. Задомените зборови нашироко се користени, за да предизвикаат носталгија. Но, мора да се внимава, таквите пораки кои се адресирани на непријателските трупи, да не се случи да го имаат истиот ефект и врз пријателските сили. Доколку на пропагандата или на пропагаторот му недостасува неутралност, може да се предизвика назадување или од во празно. Публиката може да се навреди сфаќајќи ги како обиди за исмевање на нивниот јазик, обичаи, или на нив самите.
Трансфер

Ова е техника на проектирање позитивни или негативни квалитети (пофалби или осуди) од еден (ентитет, објект, личност, вредност, индивидуа, група, организација, нација и сл.) на друг, со цел вториот да се направи по прифатлив или да се оцрни. Оваа техника генерално се користи за префрлање на вината од едната страна на конфликтот на друга. Трансферот предизвикува емоционален одговор, коj стимулира идентификување на целта со препознатливи авторитети.

Најмало од сите зла

Ова е техника коjа дава на знаење дека преземената акција можеби не е посакувана, но дека секоја друга алтернатива би довела до далеку по несакани последици. Оваа техника генерално се користи за да jа објасни потребата од жртви или пак да ги оправда на изглед непријатните акции кои jа лутат целната публика или ги намалуваат личните слободи. Често користено во оваа техника е проектирањето на вината за непријатните и рестриктивни услови на непријателот

Етикетирање (обраќање со погрдни имиња)

Оваа техника се обидува да ги зголеми предрасудите каj публиката со етикетирање на објектот на пропагандната кампања како нешто од што целната публика се плаши, се гади, го мрази или го смета за несакано.

Типови на етикетирање:
Директно етикетирање се користи кога публиката е сочувствителна или неутрална. Тоа е прост, директен напад на опонентот или опозиционата идеја.
Индиректното пак етикетирање, се користи кога директното би предизвикало антагонизам каj публиката. Тоа е вид на напад коj се наоѓа помеѓу директно етикетирање и инсинуација. Овде се најкарактеристични сарказмот и исмевањето.
Во етикетирањето се користат карикатури, илустрации и монтажни фотографии, и често се со фатален ефект.
Несакани својства на етикетирањето: Во својата екстремна форма, етикетирањето може да индицира дека пропагаторот изгубил чувство за пропорција или е неспособен да конструира позитивна кампања.

Покажување со прст кон непријателот

Ова е форма на упростување во коjа комплексна ситуација е редуцирана до точка каде што „Непријателот“ недвосмислено е идентификуван. На пример, претседателот на државата Х е присилен да декларира вонредна состојба, со цел да го заштити мирољубивиот народ на својата држава од бруталната, неиспровоцирана агресија на лидерите од државата Y.
 
N

n/a

Гостин
Јас знам ај да не кажам многу,али доста за стратегија,начин и можности за војување.
Соодветно знам дека во вакво опкружување,инвестирањето во тешко вооружување и воздухопловство во Македонија е фрлање пари низ ветерот.
Нема да стигнат ни два пати да пукнат со нив и можниот противник веќе ќе ги земе,зароби... ГРАТИС.
Неможна е стратегија за градење на позиционен фронт во денешни услови во Македонија.

Македонија мора да гради стратегија за полугерилска или исцело герилска војна и тежиштето на обуката и опремувањето да го префрли кон поединецот и неговиот морал.
Во исто време мора да се направи мрежа од командни структури и постови кои што однапред ќе бидат опремени и спремни за една таква герилска војна.
Сакам да кажам дека решението на загадката `Одбрана на Македонија` лежи во Т.О.

Сите други дискусии овде што ги прочитав се у ранг на добро фантазирање или играње на игрица на компјутер.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
376
Поени од реакции
27
Јас мислам дека треба да се врати служењето воен рок-доколку нема доволно пари нека биде на помал период или како едномесечен курс.Не мора да се припремаат за командоси-но основното мора да се знае-како да очекуваме герилска војна кога младите генерации(што би ја воделе таа војна во иднина)немаат пушка во рака фатено?Некои не знаат шаржер да сменат-недај боже чаура да им заглави:kesa:
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
2.201
Поени од реакции
86
Јас знам ај да не кажам многу,али доста за стратегија,начин и можности за војување.
Соодветно знам дека во вакво опкружување,инвестирањето во тешко вооружување и воздухоплоство во Македонија е фрлање пари низ ветерот.
Нема да стигнат ни два пати да пукнат со нив и можниот противник веќе ќе ги земе,зароби... ГРАТИС.
Неможна е стратегија за градење на позиционен фронт во денешни услови во Македонија.

Македонија мора да гради стратегија за полугерилска или исцело герилска војна и тежиштето на обуката и опремувањето да го префрли кон поединецот и неговиот морал.
Во исто време мора да се направи мрежа од командни структури и постови кои што однапред ќе бидат опремени и спремни за една таква герилска војна.
Сакам да кажам дека решението на загадката `Одбрана на Македонија` лежи во Т.О.

Сите други дискусии овде што ги прочитав се у ранг на добро фантазирање или играње на игрица на компјутер.
Ај прочитај уште еднаш.И види што сум напишал.И ке видиш оти е прецизно напишано она што ти накратко си го напишал.АКо не во урбаните средини каде би ја водел ти таа герилска тактика?И од каде знаеш дека такви постови и мрежа не постои?Не можеш да ја опишуваш или анализираш македонската воена доктрина ако не си запознаен со неа.Плус за успешна герила треба и соодветна логистика повторно.Арно ама ако непријателот ти се инсталира онаму кај намислил после џабе е герилата.Убаво си опишал она околу опремувањето ама околу стратегијата.Па ке повторам ОГРОМНА ГРЕШКА правите сите со преценувањето на можностите на Атина.Да разговаравме за напад од УСА или евентуално Русија молим.Герилата и 15 години војна ке речев се можеби доволни и тоа ептен дискутабилно ама Атина бре.....

Јас мислам дека треба да се врати служењето воен рок-доколку нема доволно пари нека биде на помал период или како едномесечен курс.Не мора да се припремаат за командоси-но основното мора да се знае-како да очекуваме герилска војна кога младите генерации(што би ја воделе таа војна во иднина)немаат пушка во рака фатено?Некои не знаат шаржер да сменат-недај боже чаура да им заглави:kesa:
Ќе се решава со активна резерва.Нешто слично со концептот на Националната гарда во САД.
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
2.201
Поени од реакции
86
Во кратко...Ке постои резервна компонента (со одредени примања) која во случај на заминување во странство на некој дел од АРМ(да речеме баталјон) се активира и ја заменува истата единица,со истите примања и плати како и професионалната војска.Но останува можноста по потреба и овие резервни војници да заминат во мисија.Значи некако му доаѓа професионална војска во резерва.
Поздрав
 
Член од
21 август 2008
Мислења
376
Поени од реакции
27
Абе во ред тоа ама герилска војна не може да водат само професионалните војници(пред се затоа што би биле во мал број)-во таква војна треба да учествува и дел од населението:salut:
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
2.201
Поени од реакции
86
Абе во ред тоа ама герилска војна не може да водат само професионалните војници(пред се затоа што би биле во мал број)-во таква војна треба да учествува и дел од населението...
Па затоа е професионалната војска.Таа ке овозможи време да се мобилизира дополнителниот состав.За се си има подготвени планови.И не се секирај ниту една од соседниве земји не е толку способна за такво брзо напредување.Да било толку лесно војувањето.Оној што се наоѓа во дефанзива секогаш е во предност.Инаку со сите оние кои отслужиле воен рок и 15тината генерации АРМ има доволно време значи период од неколку години каде резерва има доволно дур не се заврши комплетно трансформацијата на одбраната.Инаку не заборавајте ги ни 20000 полицајци.Во случај на агресија тие веднаш подпаѓаат под здружената команда.
 
Член од
29 септември 2007
Мислења
245
Поени од реакции
17
Кој може нека предлага на оние кои решаваат за набавка на одредени количини на РПГ-29.

500$-лансер, 300$-ракета

за 3-4 милиони ке имаме моќ да одолееме на било која тенковска сила од балканот

Потоа кој му стиска нека дојде копнено
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
2.201
Поени од реакции
86
Сите РПГ се опасни :helou:.Но точно одлично би било да го имаме во арсеналот.И една количина Корнет.Но пред се убаво би било да го има ова
 
Kajgana Shop

На врв Bottom